Пошто оваа тема е попосетена, да го пастирам мислењето од другата тема и тука.
Прашање до поискусните и барање за совет. Може ли некој да ме советува што да сменам во начинот на исхрана, кардио или режимот на вежбање....
Почнав со режим на исхрана, бодибилдинг и кардио на 11.01.2016, со телесна тежина од 108 кг. Уште некој ден и ќе фати веќе 6 месеци со ова.
Моментално сум некаде околу 87-88кг и веќе месец дена и нешто не можам да паднам под 87, нон-стоп се движам околу оваа тежина и веќе станува нервозно ептен. Знам дека ова е плато, ама никако не ми успева да го пробијам.
Овака:
- Пијам по 5 литри вода секојдневно
- Ова ми е режимот на исхрана
Прегледај го приврзокот 151607
- Кардиото ми се состои од вртење на статичен велосипед со поприлично висок интензитет т.е не вртам колку да се рече дека се врти. Тука треба да напоменам дека почнувам со малку послаб отпор, па на секои 10 минути го зголемувам.
Понеделник - 40 мин.
Вторник - 50 мин.
Среда - 60 мин.
Четврток - 50 мин.
Петок - 40 мин.
Не одам во теретана сабота и недела пошто сум претежно на работа.
- режим на вежбање
Понеделник - грб/стомачни
Вторник - гради
Среда - нозе/стомачни
Четврток - рамо
Петок - раце/стомачни
Во принцип правам по 5 вежби од секоја мускулна партија со по 4 серии (12/12/10/8).
Во мисла сум да го сменам режимот на исхрана скроз и да почнам со некоја друга диета.
Благодарност до сите што би ми помогнале или советувале евентуално.