Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Пошто оваа тема е попосетена, да го пастирам мислењето од другата тема и тука.

Прашање до поискусните и барање за совет. Може ли некој да ме советува што да сменам во начинот на исхрана, кардио или режимот на вежбање....

Почнав со режим на исхрана, бодибилдинг и кардио на 11.01.2016, со телесна тежина од 108 кг. Уште некој ден и ќе фати веќе 6 месеци со ова.
Моментално сум некаде околу 87-88кг и веќе месец дена и нешто не можам да паднам под 87, нон-стоп се движам околу оваа тежина и веќе станува нервозно ептен. Знам дека ова е плато, ама никако не ми успева да го пробијам.

Овака:

- Пијам по 5 литри вода секојдневно

- Ова ми е режимот на исхрана

Прегледај го приврзокот 151607

- Кардиото ми се состои од вртење на статичен велосипед со поприлично висок интензитет т.е не вртам колку да се рече дека се врти. Тука треба да напоменам дека почнувам со малку послаб отпор, па на секои 10 минути го зголемувам.

Понеделник - 40 мин.
Вторник - 50 мин.
Среда - 60 мин.
Четврток - 50 мин.
Петок - 40 мин.
Не одам во теретана сабота и недела пошто сум претежно на работа.

- режим на вежбање

Понеделник - грб/стомачни
Вторник - гради
Среда - нозе/стомачни
Четврток - рамо
Петок - раце/стомачни
Во принцип правам по 5 вежби од секоја мускулна партија со по 4 серии (12/12/10/8).

Во мисла сум да го сменам режимот на исхрана скроз и да почнам со некоја друга диета.
Благодарност до сите што би ми помогнале или советувале евентуално.
Имаш ослабено 20 кила што е фантастично! Како се приближуваш према оптималната тежина така потешко се топат масти. За остатотокот од 5-6 кг веројатно уште 6 месеци ќе треба да поминат, јебига =) Јас би ти препорачал пон-грб-стомак, вто гради со бицепс, па чет- рамо со трицепс а петок или сабота НОЗЕ! - обавезно. Кога вежбаш нозе се трошат најмногу калории затоа што се најголема група на мускули. Со тоа што возење велосипед за кардио е ок особено мин 2 дена пред и после вежбање нозе(везење точак не оптоварува мускули на нозете па можеш да го правиш и двата дена после вежбање ) А во среда можеш кардио надвор да правиш трчање пливање или планинарење а недела да одмараш. ок е ти е бројот на вежбање ама мислам е добро да комбинираш како што ти напишав затоа што вака вежбаш повеќе вежби и повеќе мускули исто времено и трошиш повеќе калории. Исто така уклучи и мртво дигање, склекови, бенч, згибови (сите варијатни) разбој овие вешби се одлични не ги избегнувај, Поздрав
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.664
Поени од реакции
14.539
Имам „проблем“ со работното време на теретаната, имено сабота/недела јас сум претежно на работа од 12, а теретаната отвора од 12, така да... :D
Знам дека за да се дојде до 80 најверојатно ќе фати и декември, али јбг хахахах

Инаку фала ти многу за советите, респект :cool:
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.203
Поени од реакции
2.225
Покрај www.iherb.com кои други слични продавници за витамини и суплименти и лекови доставува до МК. Имаше некои постови каде беа спомнати неколку други ама не можев да ги најдам.
 
Член од
23 јуни 2016
Мислења
32
Поени од реакции
3
Кој протеин го препорачувате за да помогне во добивање на форма на телото и согорување на масти ? :rolleyes:
 
A

Aexil Kong

Гостин
Луѓе, зошто секогаш после еден ден откако сум вежбал раце (бицепс/трицепс) ептен ми е мала раката, како да сум на дефиниција, а не сум, и се плашам дека сум внесел помалку калории/протеини. Ама нон-стоп јадам и тогаш пред и после вежбањето бааги внесов и еве веќе ова втор ден откако во петок вежбав раце, гледам се враќа полека раката во големина. Околу 72 кг сум и внесувам над 3.000 калории дневно и околу 100 грама протеини отприлика.
 
Последно уредено:
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Луѓе, зошто секогаш после еден ден откако сум вежбал раце (бицепс/трицепс) ептен ми е мала раката, како да сум на дефиниција, а не сум, и се плашам дека сум внесел помалку калории/протеини. Ама нон-стоп јадам и тогаш пред и после вежбањето бааги внесов и еве веќе ова втор ден откако во петок вежбав раце, гледам се враќа полека раката во големина. Околу 72 кг сум и внесувам над 3.000 калории дневно и околу 100 грама протеини отприлика.
Кој и да ти објасни, пак ќе имаш миљон прашања нејасни, па макар и најпрецизен одговор да ти се даде. Има нивоа, еве за старт научиго најосновното, почни од 1 страна, па до кај 10 страна сигурен сум дека сам ќе си го одговориш ова прашање.
 

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.849
Поени од реакции
10.655
Дечки абе кај можам да најдам некои потенки сунѓери шо би ги користел при вежбање? По маркетите не гледам баш некои шо би биле океј.
 
Член од
3 септември 2013
Мислења
380
Поени од реакции
195
Дечки абе кај можам да најдам некои потенки сунѓери шо би ги користел при вежбање? По маркетите не гледам баш некои шо би биле океј.
Ако ти е за да не ти се лизгаат шипките земи креда за пентарење планини. Стотка е едно блокче што ќе ти трае со месеци па и години.

Ако ти е за плускавци или издржи ги еден период по што ќе немаш проблеми или ако тоа не е опција исечи од подлога за јога.
 
Член од
23 јуни 2016
Мислења
32
Поени од реакции
3
Вака планирам да земам креатин , глутамин и амино киселини ,, прашањето ми е дали ќе има некои штетни дејства .. или пак ако сега ги искористам и послето престанам да зимам суплементи дали ќе има некое штетно влијание врз мене после една употреба да прекинам .. ?
 
E

Epsilon

Гостин
Вака планирам да земам креатин , глутамин и амино киселини ,, прашањето ми е дали ќе има некои штетни дејства .. или пак ако сега ги искористам и послето престанам да зимам суплементи дали ќе има некое штетно влијание врз мене после една употреба да прекинам .. ?
Колку време вежбаш во теретана или општо вежбаш?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom