Многу мразам политика и хитлерашки муабети да мешам у спорт ама ајде се начна темава. Ако е роден таму зошто да не игра за Франција? Или па ако еден родител е Французин? Во Белгија еве само Лукаку нема ништо од овие а сите замараат емигранти не знам што, еден куп се мешани бракови или родени и пораснати таму.
Замисли дека ти си претседателот на Белгиската или Француската фудбалска федерација.
Сега замисли дека од буџетот за развој на спортот во една од овие земји си издвоил пари за некој си Муса Дембеле од мал да го учиш на спортски принципи, спортски живот, спортска етика а потоа на твои терени за кои си трошел пари да ги одржаваш како што кажав тој трчал, учел дриблинзи, фори итн. Потоа доаѓаат тинејџерските години и на Дембеле му требаат посериозни тренери во младинските категории за кои ти им плаќаш да се здобијат со УЕФА лиценца пак да напоменам и го градиш како играч. Се продава негде Дембеле за јаки пари на 18-9 години, на пример Германија и сега на Дембеле од нигде никаде му текнува дека попаметно му е за Мароко да игра отколку за Белгија, зошто нели, корените му биле од таму иако е дискутабилно и јазикот дали го знае.
Не е малце глуп и нефер потегов? Баш за оваа тема многу често е дискутирано дека не е фер према земјите кои ги направиле играчи и им пружиле спортско образование секој да си настапува од каде и што му се корените. Ловрен, Чорлука, мислам и Срна и уште кој не се чист пример и за Балканот и дека ќе беше нефер спрема Хрватска да избереа да играат за Босна.
Проблемот со Исланд е што е пичке си материне онаму 2000 километри од најблиското копно и се работи за понепристапна земја, во спротивно уживај дека ќе немаше барем еден „емигрант“

Глејте си фудбал и не се замарајте кој од каде е и што е, нивни избор.
Коренот на проблемот е уште во собирањето на емигрантите. Така да немаше да дојде до таму африкански Французи секоја година да се најдобри играчи , а африканци еднаш на 5 години да се појавуваат (после Дрогба и Ето ништо).
А фудбалот дека одамна се претвори во бизнис јасно е и затоа веќе и репрезентациите полека се претвораат во клубови.
Но немора од расистички аспект одма да се третира.
Еве еден пример :
МКД има хокеј и ватерполо репрезентации.
За овие два спорта во минатото интересот бил скоро никаков и затоа немаме никакво минато . Во хокеј камења сме си зашто сеуште немаме земено макар и просечни играчи од светските најсилни репрезентации.
Во ватерполото земавме Срби,Хрвати,Црногорци и наеднаш Македонија стана пристојна репрезентација а предходно била тежок аматеризам.
Од мој аспект е супер тоа зашто кога ке се паднат со Словачка,Чешка,Холандија,Белгија, Полска, Швајцарија... у 1/8 или 1/4 финале на ОИ или светско,европско ке ги изгазиме и ке може да се фалиме колку сме добри. Но од аспект на нивни граѓанин кога неговите ке бидат поразени од ``купена репрезентација`` е многу фрустрирачки.
И после сиот овој успех на Србите,Хрватите, Црногорците и дури 1-2 Македонци (кој никад не играат прва постава), имаме право да кажеме дека Македонците ги бива за ватерполо или ``Македонците`` по пасош?
Исланд овој успех го постигна со исланѓани и затоа е за уште поголема пофалба . Додека Франција и посебно Белгија успесиве ги постигнаа благодарение на емигрантите . Заклучокот за ова е едноставен : Освен 4-тото место на Белгија на светско пред 50 години ,Белгијците немаат таленти за фудбал додека 60-70% од играчите не се од фламанско или валонско потекло.
Франција после Мишел Платини единствен играч кој бил Франк и бил (близу до) светска класа на играч е Кантона,Папен и сега Лорис. А со емигрантско потекло .... (Анри,Трезеге,Макелеле,Турам,Погба,Паје ...... )
И заклучокот за тоа колку ги бива Французите за фудбал е сликата на нивната репрезентација каде што од 30-тина играчи само 4-5 се Франки .
За љубовта и желбата за настап подобро да не почнувам муабет. Италија,Исланд, Ирска спореди ги со Швајцарија, Белгија, Франција и по тоа кој колку ја знае химната јасно е и колку ке се жртвува на терен.
Со Хрвативе и Босанциве јасно си е колку се заинтересирани да играат за Канада,Швајцарија, САД, Австралија... а колку за нивните матични земји. Цела прва постава и пола втора на Босна на светското беше од играли кој не се израснати во БиХ а сепак подоцна добиле желба да настапат за БиХ. Ибрахимович и Сеферович немале таква желба затоа си тераат во ``новите татковини``.
И французите имаат исти примери со Кануте за мали, пола Алжир и Мароко,но Бензема, Зидан, Насри не размислувале ко нив.
Германциве и турциве исто. Браќата Алтинтоп,Баштурк,Шахин,Балта и Чалханолу сакале да настапат за матичната земја. Озил,Џан и Мехмет Шол не се согласиле со нив.