Како појде, пак добро заврши.
Секоја чест за Исланѓаните, губат 4-0, а играат како да губат 1-0. Максимално борбено, како тој еден гол да ќе им смени се.
Одбраната потфрли многу денес, но сепак не треба да им се замери. Заморот, а и првенствено квалитетот си го учинија своето.
Браво за менаџерите што му дадоа шанса на Гудјонсен, браво и за публиката што не престана да ги бодри своите играчи и при голема негатива.
Криво ми е што не досуди пенал судијата при игра со рака и резултат 5-1. Имаше услови, без размислување можеше да свирне.
Генерално, претставување на Исланѓаните далеку над очекувањата.
И што е најважно, Сигурдсон не блесна
Јасно е дека штом ја обрав репрезентацијава дека и ќе ги поддржувам на ова Европско (знаете зашто, или да кажам пак?

), сакам да победуваат но не сакам Сигурдсон да биде главен. Ќе му фрлат око големциве, ќе ни го земат за ништо пари ко што се алчни овие нашиве