- Член од
- 22 јануари 2008
- Мислења
- 102
- Поени од реакции
- 110
Ѕвер Нема да се мачи вака климата?
Јас имам слична идеја, скоро планирам да почнам да градам куќа и размислував за топлинска пумпа воздух-вода и баш се мислев дали може надворешната единица да ја сместам во подрум со тоа што ќе го направам истото како типов само што ќе ја обвиткам надворешната единица да издувава надвор а да собира воздух од подрумот (секако со подотворен прозор за да може да циркулира воздухот.
Мојата теорија е дека во подрум-от секогаш ќе биде потопло одколку надвор, па ќе ја лажам за поголем COP. Држи вода ова?[DOUBLEPOST=1467061294][/DOUBLEPOST]Дали познавате некој мајстор за клими или водоводџија (работава е појше за овој профил него за климаџија) што има скеле за на прозор да постави. Пред некој ден ми дојде комшијата да се жали дека му тече вода, мене ми е брцнато цревото од климата во скриен олук во фасадата а конденз цревото брцнато во климата (кај изменувачот) и така водата оди преку климата во олук (и не, нетече од тука, туку од олукот)
Е сеа најверојатно се затнал олукот па пошто одозгора е невозможно (многу се ниско поставени джачите а уште пониско одводот) да се пристапи, би сакал некој да постави скеле кај комшијата под мене за да испитаме што е проблемот.
Привремено го решив, го наставив конденз цревото и го терам на балкон кај мене, ова функционира, ама дур ладам, зимоска кога ќе почнат дефростите пак ќе ми дојде комшијата ако не го решам сега проблемот.
Ако имате некој би бил благодарен да споделите инфо.
.
Никој на форумов незнае некој мајстор со скеле? Може треба да барам некој ролетни што мести, они сум видел имаат такви скелиња за на прозор...[DOUBLEPOST=1467304975][/DOUBLEPOST]Кој вика дека неможело клима во затворен простор да се стави? Ова е позади продавниците во ГТЦ, цел ходник е со клими
Attachments
-
770,2 KB Прегледи: 42
Последно уредено: