Дембеле минатата сезона 2015/16 во 26 натпревари постигнал 12 гола и 5 асистенции додека Марсијал во последната негова сезона за Монако во 35 натпревари постигнал 9 гола и 4 асистенции.
Чисто онака ти ги кажувам перформансите бидејќи велиш дека не може да ги споредиш. Не ми е целта да кажувам кој ќе биде поголем играч, а кој полош. Тоа ќе видиме во иднина.
Дембеле беше избран и за најдобар млад играч во француското првенство, за Марсијал не знам. И тој сериозен интерес од тие три клуба што ги спомна чисто онака си ги треснуваш на памет. За Марсијал во јуни сериозен интерес имаше само од Волфзбург и Тотенхем кога нудеа по 15-20 мил. евра за него. 15 мил. евра колку Дортмунд што платија за Дембеле на Рен. А тие клубови што ги спомна ти можеби само го следеле (скаутите) како што следат постојано секој талент во светот што не е чудно воопшто. Исто и Дембеле го следеле скаути од Барса и Баерн, но не значи дека имале сериозен интерес бидејќи си поседуваат и двата клуба добри офанзивци, а таков млад играч треба првин да иде во клуб каде што ќе игра постојано.
И има разлика дали купуваш од Монако или Рен. Од Монако се повеќе искусни и посебно ако тропне клуб како Јунајтед со многу финансии кои очајно бара добри офанзивни играчи нормално дека до максимум ќе го искористат тоа. За разлика од Монако еве Рен му излегнале во пресрет на Дембеле и дозволиле за само 15 мил. евра да оди во Дортмунд иако мислам и тука ќе има бонуси доколку постигне неколку гола, биде стартер за Дортмунд во Бундес и ЛШ, да биде top scorer (топ 10 листата на играчи со голови и асистенции во Бундес) итн. Не може да нема бонуси за таков талент како Дембеле иако успешно го сокриле тоа од Дормтунд. Исто така од Дортмунд многу брзо го договорија бидејќи и Дембеле е свесен дека правилно и добро може да се развива во тим како Дортмунд кои негуваат офанзивен фудбал. Значи имало интерес и од двете страни па брзо се договориле и средиле работа. Дембеле уште да се немаше до сега одлучено каде да продолжи сигурно дека Рен минимум 30. мил евра ќе земале за него во месец јули посебно па за некој англиски тим да станувало збор. Разликата е што некои клубови (како Рен) им излегуваат во пресрет на играчите (нивните желби) за нивниот иден клуб, а некои клубови како Монако важи каде одлучат тие односно кој тим е спремен да плати највисока сума.