Мислам дека само луѓе што фудбалот го гледаат ради сеир и поради мрчење можат да се ситат на ова што се случува со Аргентина и Меси. Не сум видел поголема фудбалска неправда од тоа што Аргентина не ја осови оваа Копа Америка. Ај на СП Германците беа подобри (општо на турнирот, во финалето не беа). На ланската Копа не играа толку добро колку што се очекуваше, ама на оваа? Буквално згазија се’ до финале, ретко една екипа така да доминира на еден турнир. И се сопнаа на едно Чиле, кое никад во историја ги нема победено, и тоа пак на пенали. Три финалиња, еј, три факинг финалиња, и тоа две на пенали, едно на продолженија. Поголеми баксузи, здравје.
И гледам се јаде бурек и тука на форумов. Поготово за Меси. Човеков изигра перфектен турнир, конечно созреа и стана прав лидер на тимот, се гледаше со колкава страст и желба игра за репрезентацијата, и кога на крај промаши пенал (што на Роналдо два пати му се случи на големи натпревари, среќа еднаш Тери го извади), одма не го бивало, не играл добро, преценет бил... Добро, не сфаќаат луѓево што зборат дека Меси бил преценет или (уште поретардирано) дека бил слаб фудбалер, дека со тоа сами се прават будали и се срамат пред другите? Еве и јас не го сакам Роналдо, ама никогаш нема ни да ми текне да кажам дека не го бидува или дека тој бил крив што Португалија не освоила СП или ЕП, а игра заедно со 10 ботови во репрезентација?
Ако се распадне оваа Аргентина заради сељациве од Чиле, фудбалот ќе загуби многу. Факт е дека гледаме најлошо ЕП до сега. Ниедна европска репрезентација не е на ниво како што била порано. Бразил е за никаде. И сега уште само ни фали слаба Аргентина за СП во Русија да биде катастрофа.
Се надевам Меси и другиве што најавија заминување ќе се премислат барем до СП. Барем Меси, Маске и Агуеро нека издржат уште малку. Единствено дрвото Игуаин нека не се враќа веќе. Оваа генерација на Аргентина заслужува да биде светски шампион, по се’ што им се случи.