Инаку кога сме кај Ставро, нема што не промаши на ова ЕП. Прво за Унгарија и С. Ирска, потоа за Хрватска, мислам и за Белгија рече дека не се ништо посебно, а сега и за Италија дека не можела против Шпанија.
Ајде Ставро со тебе сме, гурај ги Исланд до титула.
Хмм, што тоа јас промашив? Прво, од аспект на кладењето, плус сум на европското, не кој знае колку голем, но сепак плус. Второ, Северна Ирска, не знам што тоа промашив за Северна Ирска. Дефеинитивно најслаба репрезентација на првенството, срам за фудбалот. Трето, за Унгарија, истата работа, малку подобри од Северна Ирска, еден куп среќа на првенството, на првиот посериозен противник, бродолом. Четрврто, што промашив за Хрватска, не се сеќавам? За Хрватска навивав, испаднаа, јеби га, се случува. Петто, Белгија. Некој смета дека се нешто посебно? Кога сите пишувавте (со неколку исклучоци) дека Белгија ќе ја потопи Италија ви напишав дека тоа нема така да оди, мислам дека јас погодив, провери го резултатот.
Шесто, вчера мислев дека Шпанија ќе помине, промашив. Немав дури ни уплатено, не ми беше за уплаќање.
Ајде сега земи ги сите овие "промашувања" и спореди ги со твоето предвидување дека Мареј ќе игра очајно на земја и дека нема да стигне до ниту едно полуфинале, за да ја сфатиш смислата на синтагмата лошо предвидување.