Јеботе Кроуејша значи јеботе цццц

Како прво да не можеш да добиеш една дно од репрезентација, во која што освен Роналдо, другиве само од дома ги знаат дека играат фудбал, да не можеш да ги притиснеш, напикаш во шише буквално, и да не успееш две саглам акции да им продадеш да факинг Жоао Марио, Виериња, Миериња и остала португалска черга, имајќи ги во тимот Модрич и Ракетата во животна форма, значи стварно треба да си посебна сорта на стока. И како второ, таков лаганица пристап, без никаков жар и желба, а и пред се' одговорност за максимално нагазување во една таква ситауција ориентирајќи се според противниците и можностите што им се отвараа напред, зграпчување на шансата конечно оваа генерација да стигне и да игра во финале, гледајќи какви мртвила има во нивниот од ждребот, е случај за посебна обсервација и третман.
Не знам веќе по кој пат ја гледаме истата серија. Парт-1: Заминување на ЕП/СП со умерени надежи, надевајќи на второ место во група, па понатаму шо дал Господ. Парт-2: Играње супер фудбал, победа над реално појак противник, пршетење од пофалби за најпријатно изненадување и не ретко победување во групата на крај. Парт-3: Добивање без веза противник, индијанци во првата нок-аут рунда, влегување во мечот како (благи) фаворити, упрпување, потонување и испаѓање со харакири зафат. Толку. Тоа е. Истото се врти години наназад и станува симптоматично. Овде не е веќе прашање на лузерски менталитет. Има куп примери за лузерски тимови и спортисти, но добар дел од нив јако се борат и губат со образ. Е не, хрвативе се левел подоле. Нивното е пример за пичица менталитет и пристап без муда кога се во улога на фаворит, самите убивајќи на тој начин преку хорор сценарио. Не мора противиник да игра, они сами ќе си ја дупнат главата. До пред 2 часа, најцрн момент од поблиската фудбалска историја им беше поразот од турците на ЕУРОТО 2008-ма. Со оглед на играта и што се потенцијално им се отвараше на ова првенството, овој пораз убеден дека дупло повеќе ќе ги боли. Ама ако ... Ваљда ќе се научат дур ни се родат внуците.