Двајца другари земавме иста клима и во исто време ни ја монтираа и кај ниеден не успеавме да го средиме WiFi-то. Значи две различни клими со две различни WiFi апаратчиња, на два различни рутера и со 4 различни андроид телефони

Пробав без password на рутерите ама и така не биваше... Треба да пробам сега со каналите и со b,g,n...
Инаку климата онака не е лоша. Ептен е тивка, надворешната единица не се слуша дека работи ни над неа кога стоиш со отворен прозор. На лик е арна, убаво дува и добро лади.... 3 дена ја имам тоа можам да кажам за сега

Во упатството пишуваше дека на апликацијата давало и потрошувачка на енергија ама не знам дали и за мојот модел (Vivax 12CH35AERI), само што неможам да стигнам до тој дел од апликацијата
Од негативни работи, можам да кажам дека далинското е малку мутаво на лик и екранот свети зелено како Нокиа 3310. За тајмерот опцијата исто ме буни има само тајмер он за толку часа и тајмер оф за толку часа.... не најдов тајмер за во одредено време а и никаде не најдов саат, точно време во климата воопшто. Како да нема... Веројатно мислеле дека со вифи делот ќе надоместат...