Прашање е дали проблемот кај Кари беше до притисокот или дека во крајните фази се игра многу појака одбрана и се дозволуваат повеќе контакти.
Лани беше ист случај, така што многу поверојатно е дека е второто. Сепак 90% од играта му е шутот за три, што го прави ептен ограничен играч, ко за суперстар.
Лав, каков мизерен играч. НУЛА!!! Нека го трејдаат таму под итно и последно финале нека му биде.
Па кога ќе ми текне дека бил член на БИГ 3
, дали да плачеш или да се смееш.
Леброн
Го искритикував после 3-1, ама ова што го изигра во последниве 3 утакмици е неверојатно. Браво, секоја чест, даде све од себе и издоминира во секоја статистика. Греота ќе беше да не земе титула.
Кајри, браво дете, рамо до рамо со Леброн. Одлични партии и најбитната тројка за сезонава.