Што сте се упрпале, ќе направат некое срање и ете ти го Вардар во второ коло.
Мада може сеа после Европсково сите да ги испоуапсат, така да ако ги средат тешко дека ќе се надева Вардар на тоа.
Инаку вака реално не е Вардар без шанси бе. Прво коло е, од припреми се, секогаш имаат многу измени во составот секое лето, пола екипа е на ЕП и ќе бидат уморни.Не е Динамо некој свемирски брод што не може да се добие. Фудбал е ова и секој има шанса.
Како ќе изгледа тимот на Динамо не знам многу. Сега да помине европското и ќе има милион трансфери.
Најголема шанса на Вардар е кикс на голманот. Ако не си замине Едуардо (моментално на ЕП со Португалија) тој ќе брани. Момакот брани чуда,али има по 1 трагичен кикс секоја втора утакмица. Статистички би требало еднаш барем да усере со Вардар.

Голман за кој што се зборува дека би можел да добие место, ако си отиде Едуардо би требало да е Шемпер. Дечкото е стварно талентиран,али има 18 години само и само 1 настап за сениорите на Динамо. Го имам гледано на СП до 17 години и во младинската ЛШ,стварно талентиран голман.
Ако не и он тогаш е Јежина на гол. Просечен голман за Хрватска лига, земен да биде во тимот за не дај боже.
Во одбрана е малце гужва. Шилденфелд, Сигали и Таравел се борат за 2 места во средината. Шилденфелд е ветеран пред пензија и мислам дека повеќето од вас го знаат. Таравел и Сигали се играчи во најдобри години (по 29 двајцата) и со по 200+ настапи во Белгиска и Аргентинска лига.
Шилденфелд и Сигали се спори стопери,а Сигали згора на тоа и низок. Таравел е многу агресивен и склон кон повреди. Многу е веројатно да заработи некој картон или повреда ако игра. Тоа им се нивните слабости.
Во средината нема квалитетен разбивач на играта од ако Адеми го суспендираа ради допинг. Сантос не е тоа тоа,иако во мак лига би бил вселенски брод. Земаа сега некој бразилец од Фламенго да ја закрпи таа позиција.
Од тие офанзивните Мачадо не ги оправда очекувањата и испадна Антолиќ најдобар везњак да биде. Физички инвалид,спор, низок, не е агилен,али солидна техника и борен. Лани стана и капитен.
Пјаца е играчиште. Физички е доминантен, силен, брз, висок. Ништо чудно со оглед на тоа дека татко му бил првак на Хрватска во борење,а мајка му во џудо.
Можеби мацле повеќе од што треба дрибла,али ако остане 1 на 1 со бековите ќе биде многу опасно. Исто така знае добро да ја плесна и од далеку. Некако ми делува ко Кристијано Роналдо за сиромашни.
Чориќ е мек, играч со многу осет и добри додавања. Работата е што не се знае дали некој од овие двајца ќе биде во Динамо ова лето.
Напред веројатно Енрикез ќе биде шпиц. Солиден е дечкото, добро се снајде во Динамо и го откупија од Манчестер. Судани и Фернандез се играчишта. Малце сакаат да комплицираат превише,али се играчишта и пол. Судани беше во изборот за најдобар афрички фудбалер дури. Кога ќе навалат од страните ќе си имаат бековите многу проблеми со нив.