Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
конечно и после 6 сезони и Калиси да ја видиме во акција.
иначе супер битка, една од нај јаките битки било во серија или филм, ама штета за џинот!
 
Да ама кралот го прати Џејми за Риверлендс, значи се замара за големите региони и нема да му е сеедно за северот.
Е сеа со Бејлиш е друго, тоа е еден начин само како би реагирал Џон,пак нема Старк да владее и ќе се прекине линијата. А кога му ветија на Бејлиш,не ми текиња на тој дел.

Секако дека не им е сеедно, баш затоа има дозвола Бејлиш од круната за напад на Северот.

Кога беше последен пат во Кингс Лендинг, зборуваше со Серси, ја излажа дека Болтон сами ја земале Санса и ја омажиле за Ремзи, со тоа предавајќи го сојузништвото со Ланистерите и круната и се понуди да отиде со витезите на Вејл да го врати Северот под контрола под услов тој да биде назначен за Управител на Северот.
 
Че го кркаше курот Џон Сноу за малку :D

Супер битка, особено делот кога ќе се бори за воздух, ептен реално прикажан, до степен да го напни и самиот гледач.
 
Чекајте бе, а го заборавивме моментот кога Џон застана сам пред цела коњаница на почетокот на битката? Тоа беше многу јак момент, мислам дека долови доста емоции за како се чувствуваше. Ја изгуби скоро цела фамилија и на крајот застана сам против непријателот. За мене ова беше момент во кој се докажа дека е највреден воин од сите Старк деца, иако има и друга крв и не е син на Нед, сепак е од таа лоза.
 
Фаланга формација им направија:icon_lol:
Сеа којзнае како ќе се разреши дејството во Винтерфел,бидејки Болтон владееше со подршка на кралот а овие не ни имаат легитимен наследник.
Тоа е сомнително.
Додека во книгата е така, во серијата баш и не знам.
Руз Болтон кажа дека тоа што ја омажил Санса за Ремзи, го става во отворена побуна против Тронот. Ако Тронот (или верата) се прашува, Санса е жена на Тирион и не може да биде ничија друга жена. Тоа што Тронот ја бара за вмешаност во убиство на кралот, неќам ни да го споменувам.
Плус, каде имаше кралски обележја во Винтерфел? Само Болтонови.

Е сега можеби во серијата е така, да не се ставаат кралските обележја, но тогаш малку губи на симболична тежина сета таа борба за превласт на кралевите.
Во книгите ЦрнаРиба сеуште си го вее Старковото знаме на опседнатиот Риверан, пошто тие се определија за Роб, како крал, а Руз си го вее и томеновиот барјак (со лав и елен). Во серијава чинам за да нема забуни, тоа е тргнато.

Како и да е, мислам дека во серијава Северот е одметнат одкога Руз ја омажи Санса за Ремзи.
 
Опколувањето со штитови така како што го прикажаа, е немогуче и нереално у сред битка кога ќе се судрат фронтално и плус и двете имаат посебни сили на страна. Има тактики со напади од страна, клешта маневри и слично, али ова...
Овие стоеја мирно и ги гледаа како трчкаат и се местат. Да му дадеа на џинот еден обичен, исечен искастрен трупец у раце...

Роханците изглеа го користеа телепортот на Питер Бејлиш и поминаа скоро пола мапа на Вестерос (од Кејлин до Винтерфел) in no time. Со колку илјадна војска беше? Триес кила?

Али па коа ќе видиш Нестор Ројс за колку време ја дигна таа војска и ја однесе до Моут Кејлин...
 
Таман женка беше таја да се спарат со Дух..
Оригиналната идеја за серијалов вклучувала Арја да е заљубена во Џон така да... XD
Иначе мислам негде подпрочитав дека на Арја волкот сега е водич на глутница, би било јако да дојдат цела глутница у деус екс макина момент да и помогнат на Арја.
Или не би било. Не знам XD Прелошо е ама прејако би изглеало.


Епизодава е ок. Џон ќе се симне во криптите, имаше многу теории за ова дека Џон ќе најде нешто таму. Имаше и *tinfoil hat on* теорија дека ќе најде за неговата лоза и змаево јајце, трололол. *tinfoil hat off*. Се надевам дека ќе е јака епизодата ама нешо ми кажува дека на 10 клифхенгера ќе заврши и ќе бидеме сите као “мех“.
 
сто посто 10 клифхенгери ќе има, тоа ич да не му ја мислите дал ќе биде или не.
 
Колку беше само реална биткава, ептен ми направи мерак.
Џон сам против сите, без стра им отиде, кога стоеше сам кој момент беше..
Серијава ќе изгуби многу на квалитет со тоа што отиде Ремзи, каков лик, каков глумец, секоја чест. Ама си заслужи тоа што си го доби, мерак ми е.
Многу, многу работи ми се зборуваат за ерпизодава ама ме мрзи да пишувам.
 
малце крајот ми беше безвеза пешки трчаше Сноу и го стигна за помалку од минута до Винтерфел. Па и само едно штиче кладоја за да ја држи вратата.. безвеза тоа малце на крајот, иначе прејака битката, особено ко го опколија и оној Амбер бадасс лик беше ама ете глупак, па негов бил норт матер му ебам негова.
 
Без Џорџ Мартин и изворниот материјал, кај другите ликови некако се вадат, хит енд мис им е, али сценариото за Тирион оваа сезона, неговите дијалози се ужас.
 
Само мене ли битката на Дени ми беше подобра од онаа на Џон ?
 
Какво епизодиште еј!
Вакво нешто се чекаше цела сезона. Од толкавa напнатост 2 кила пуканки изедов. Иако таквата смрт не е доволна казна за овој умоболен створ, сепак на крајот си го доби тоа што требаше. Срцето ми трепереше кога го ставија волкот на ѕидините.
Џиновите оваа сезона немаа среќа, за жал, но барем им подарија херојска смрт.
Одлично сработена епизода. Големи пофалби.
 
^ у серијава има останато еден џин само (ок сега веќе ниту еден)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom