ЕП 2016 - Група Е (Белгија, Италија, Ирска, Шведска)

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување

Која репрезентација ќе заврши како прва во групата Е?

  • Вкупно гласачи
    24
  • Гласањето е завршено на .
Незнам што очекувате вие, кога генерално фудбалот е паднат квалитативно. Пред една деценија секоја репрезентација имаше шмек бе, имаше играчишта, не беше се шаблон и пичкарење ко денес. Денес не гледам европски играчи од класа на Зидан,Пирло,Руи Коста,Фиго,Чави,Џерард,Балак,Лампард и многу други.
Едноставно, неможеш да ги споредиш Франција,Англија,Италија,ПОРТУГАЛИЈА,Холандија, Шпанија (со она што беа 2008-2012) од пред 10 години и сеа.
Го глеаме Гризман,Азар,Погба,Бејл и си викаме уаууууу играчишта... Немој да ме јебеш бре, неможат да им се фатат за малото прсте на главните ѕвезди по ЕП и СП од пред 10ина години, барем што се однесува до репрезентативните настапи. Не го зборам ова од носталгија, туку како факт.
Edit - Извинете романисти, го заборавив Тоти :D
 
Секогаш е потешка офанзива од дефанзива, јака дефанзива играше и Албанија ама затоа напред беа боси, и секогаш е така и Луксембург може да се стегне па да извади 0-0 некогаш, на прсти се бројат светска класа напаѓачи а дефанзивци имаш колку сакаш, за офанзива ти треба многу повеќе знаење и техника.

И колку често успева Луксембург да се стегне и да извади 0-0? Јаката дефанзива на Албанија им донесе европско првенство.
Офанзивата не е потешка од дефанзивата. Дефанзивата е по дефиниција реактивна, за да бидеш добар во неа треба или да чекаш противникот да направи нешто па да се приспособуваш, или да пробаш да предвидиш што ќе направи. Во секој случај секогаш си on the back foot, секогаш одговараш на потегот на противникот и имаш помал простор за грешка.
И за дефанзива треба знаење. Треба просторна интелегенција, да знаеш во кој момент каде да бидеш позициониран, треба да имаш престава како игра целиот тим, каде ти се наоѓаат соиграчите, како се организирани, каде да го насочуваш противникот. Не можеш да бидеш индивидуалец кога си дефанзивец, мора да го разбираш системот на твојот тим до детали.
Немаше да бидат толку платени најдобрите, ако беше лесно да се вадат класа дефанзивци.

Иначе, Италија (Конте поконкретно) за сега дели лекции по тактика. Убедливо најорганизираниот тим на целото првенство. Како од клупски фудбал да е тимот. Не верувам дека било кој ќе помине лесно со нив. И тоа пола од тимот му се ѓубре играчи.
 
Дека денеска Италија играше катастрофално во напад, не треба да се негира.
Едноставно премногу губеа топки, многу споро преминуваа у напад. Чекаа, се гледаше дека цела утакмица ќе бараат неколку шанси за да после даден гол се повлечат и сталожено да си ја завршат утакмицата. Сакаа 1-0, го добија посакуваниот резултат и тоа е тоа.
Ги оставија да си додаваат на нивна половина, се беше покриено, Швеѓаниве немаа една асална шанса 90 минути. Цело прво полувреме стоејќи ги спречија Шведите нешто поконкретно да напраат и гледавме додавања меѓу дефанзивците на Шведска.

играле срање, па што е тука спорно,не ми е јасно...
Италијаниве се мајстори за дефанзива, и играта од контра напади. Оној што гледа Серие А знае дека и најслабите екипи имаат убиствени контри, што воедно е одлика на жабарскиот фудбал севкупно.
Не е случајно што денешниве најдобри тренери (или барем оние на најдобрите екипи) се калеа во таљанското.
А, она против Белгија беше лекција за фудбал, и за мене беше најдобра утакмица на првенствово досега заедно со прееска Чешка-Хрватска (ради сензацијата, неочекуваниот кам-бек и самата пеколна завршница) .

Иначе не би рекол дека овие енглезиве се хајпнати, барем не до тој степен до кој сме навикнати од порано.
Реално генерациите со Лампард,Бекам,Џерард,Фердинанд,Кол и тн беа многу по-нафурани и оверхајпнати во споредба со овие денес.
И незнам зашто се впуштате во споредба на Италија и Англија кога тие две ствари не се споредуваат, 2014 и 2012 го видовме истото. двапати го папаа Енглезите.
И
да, Италија имала многу подобри дефанзивци од овие денес, реално. Она што ги праи ѕверови триото ББЦ е фактот што долго време играат заедно на клупско ниво баш под водство на Конте.
 
Последно уредено:
Со најлоша генерација на фудбалери, со најслаб квалитет, без многу ѕвезди во тимот Италија држи лекции по фудбал:cool:

Играа многу лошо денес, но доволно за да победат, секако овие завалиите не створија шанса, 180мин да играа немаше да дадат гол. И мене не ми се допадна денешнава Италија, но целта на една утакмица е да победиш, да однесеш три бода,а Шведска не беше способна тоа да го направи за разлика од Едер(цело време го пцуев):D

Некој наназад спомнал како ни се допаѓа да гледаме утакмица со 5 шута на гол, да го прашам дали ќе му се допадне убава утакмица за око со по 20 шута на двете страни, а неговиот тим за кој навивал во истата изгубил 3-4 и не ја постигмнал целта??

Значи уметност е да знаеш и да се браниш. Чист пример ти е Белгија, имаат напад вреден 200мил евра во Лукаку, Хазард и Де Бруин, зошто тогаш не изиграа барем убаво за око, кај се тие убави акции?? А тие завилиите гол неможеа да дадат :)

Оној што ја критикува Италија, нема врска од фудбал, нека оди нека гледа Бундес лига или Премиер(НБА) ;)

А Италија повторно ќе има јаки генерации на италијански играчи, исто така и на клубско ниво ќе се оправат. Уживајте и хејтате сега додека можете(ете дури и сега ваква слаба Италија не сте во можност да хејтате):toe:
 
Озбилен си? Играа алиби цело време, на нерешено пацерски, голот од нигде никаде, нит некој посебен притисок нит ништо.
Ако ти е тебе допадливо да гледаш вакво криминал како денес, нема што да се мешам.
Дечко мене не ми беше допадливо она што го гледав денес. Разлистај малку, прв напишав дека Италија лошо изигра. Ама пример допадлива беше играта што некни ја играше Италија против Белгија. Тоа беше лекција по фудбал.

А @Rosemberg зошто не го опишеш и црвениот на Италија против Австралија како непостоечки, туку само пеналот го споменуваш?
 
Висеа на еден куп утакмици не ме заебавај. Да не беше непостоечкиот пенал ќе испаднеа уште во 1/8 од Австралија
Е како ќе испаднеа од Австралија кога кенгуриве немаа посериозна акција а да не правиме муабет за шанса.
 
Англиските куртони никад и не биле битен фактор на Европско,а уште помалце на Светско првенство.
 
Овие ти се светска класа другите далеку од тоа се. Ако идеме со цените Дефанзивците се најефтините играчи за разлика од напѓачите. Па и уште итн итн стави. моментално има дефицити на класа дефанзивци, додека па офанзивни има колку сакаш играчи.

Немој те молам не треси глупости..офанзивно е секогаш потешко да играш во секој можен спорт..за офанзива ти треба повеќе трчање,залагање,знаење и техника..додека во дефназива секакви трупови можиш да ги ставиш да играат и да покриваат..немора од гледањето фудбал ова да го заклучиш туку и самиот да застаниш фудал да играш ќе увудиш дека назад е полесно да покриваш отколку напред да креираш и да пробиваш.

Мислам и самата цена и хајпот на медиумите си го прават своето,нормално е да се возвишуваат повеќе офанзивните играчи што даваат голови и што прават асистенции бидејќи тие ја прават разликата..а не ја прави сигурно Киелини и Буфон назад иако си имаат удел..фудбалот се игра за гол повеќе а не за да се одбраниш..затоа Албанија и сите што се бранат со сите назад ќе си заминат дома[DOUBLEPOST=1466202455][/DOUBLEPOST]
Со играч помалку, физички понеспремни, курот ќе победеа

Да бе играчите на Италија што тогаш играа во Јувентус и Милан кои беа едни од најдобрите и најквалитетните екипи во Европа што секоја година играа 1/2 финале во ЛШ биле физички неспремни..ама затоа на Австралија играчите што играа во просечни и мизерни Англиски екипи биле поспремни и ќе ги искинеле Италјаните на продолжение:tapp:..полека со заклучоците аман :D
 
Dobar napad dobiva utakmica, dobra odbrana dobiva prvenstvo.
 
Dobar napad dobiva utakmica, dobra odbrana dobiva prvenstvo.
Исто како манчестер јунајтед оваа година што се квалификува за ЛШ со втора најдобра одбрана во ПЛ. Или на Барселона 112 гола не се важат...
 
Немој те молам не треси глупости..офанзивно е секогаш потешко да играш во секој можен спорт..за офанзива ти треба повеќе трчање,залагање,знаење и техника..додека во дефназива секакви трупови можиш да ги ставиш да играат и да покриваат..немора од гледањето фудбал ова да го заклучиш туку и самиот да застаниш фудал да играш ќе увудиш дека назад е полесно да покриваш отколку напред да креираш и да пробиваш.

Мислам и самата цена и хајпот на медиумите си го прават своето,нормално е да се возвишуваат повеќе офанзивните играчи што даваат голови и што прават асистенции бидејќи тие ја прават разликата..а не ја прави сигурно Киелини и Буфон назад иако си имаат удел..фудбалот се игра за гол повеќе а не за да се одбраниш..затоа Албанија и сите што се бранат со сите назад ќе си заминат дома[DOUBLEPOST=1466202455][/DOUBLEPOST]

Да бе играчите на Италија што тогаш играа во Јувентус и Милан кои беа едни од најдобрите и најквалитетните екипи во Европа што секоја година играа 1/2 финале во ЛШ биле физички неспремни..ама затоа на Австралија играчите што играа во просечни и мизерни Англиски екипи биле поспремни и ќе ги искинеле Италјаните на продолжение:tapp:..полека со заклучоците аман :D
Дефанзивно ако напраиш грешка те кошта гол тоа. Офанзивно ако напраиш грешка ништо страшно ќе имаш и друга шанса. Сум играл фудбал и назад и напред. Мене лично напред ми е полесно да играм него ли назад. За дефанзивец ти треба огромен осет за простор и позицирање. Да не зборам за концентрација. Еднаш изгубија го кошташ тимот гол. И да можеш секакви трупови да ставиш назад да играат и ќе примиш едно 10тина гола. Џабе ќе игра назад кога нема да знае ни играч да чува, ни да прочита игра ниту да пресече акција. Ај види денес на фудбалски пазар колку е полесно да најдеш квалитетен офанзивен играч него ли дефанзивен. Потешко е да поставиш рекорд дефанзивно за примени голови него ли офанзивно за дадени. А за ова дека Киелини и Буфон особено вториов не правеле разлика си огромна ама огромна грешка. Клучни играчи се тоа. Цела дефанзивна тројка назад. Се докажа и во двата натпревари. Издржаа нападати и притисокот што им овозможи од не повеќе од 6 шанси излгедни вкупно да дадат 3 гола.
 
А што очекувавте вие од Италија ? Итаљаниве 90% од работата ја завршија на претходниот дуел со Белгија кога влегоа како аутсајдери во дуелот, а на крај излегоа како големи победници и екипа која што им одржа фудбалска лекција на ѕвездите на Белгија. Во ситуација кога итаљаниве лапнаа 3 бода од Белгија, а Шведска и Ирска одиграа 1:1, денес на жабариве и бод им вршеше голема работа и најверојатно 99% сигурен пласман во 1/8 финалето. Денес Шведска беше таа која што требаше да притисне и да оди на 3 бода иако и на нив до негде бод им вршеше работа, но под услов наредно коло да ја добијат Белгија. Јас сфаќам дека сакате да гледате отворен фудбал со многу шанси и голови, но од друга страна зарем сериозно мислите дека некој ќе се отвори и ќе игра атрактивно за да биде публиката задоволена ? Мислите дека тој цел труд вложен преку квалификации, пријателски, припреми, првенство одма после завршена сезона и слично некој ќе го фрли во вода и нема да тактизира за да бидеме ние обичните љубители на фудбалот задоволни ? Да не се лажеме ... :)

п.с Италија во второто полувреме погоди пречка, создаде некоја шанса (главно од центаршутеви) и на крај постигна гол...за репрезентација на која што и бод и е доволен ова мислам дека е повеќе од доволно, а од друга страна Шведска не ни проба да нападне иако реално и не верувам дека има капацитет оваа репрезентација на Шведска да игра фудбал со 90% од учесниците на ова ЕП.
 
А што очекувавте вие од Италија ? Итаљаниве 90% од работата ја завршија на претходниот дуел со Белгија кога влегоа како аутсајдери во дуелот, а на крај излегоа како големи победници и екипа која што им одржа фудбалска лекција на ѕвездите на Белгија.
Италија аутсајдер? Да не трипате вие деца?

Во кој универзум е Италија аутсајдер против било кого во фудбалот, со кој памет ги третирате како да се Андора или Сан Марино? Од поштари и месари им е напраен составот?

Секој што одвоил малку време да изгледа некоја пријателска со Италија пред ЕП знае дека составот им е многу цврст и имаат многу стабилна средина, а дискутабилно ја имаат најдобрата одбрана во светот со Барзаљи Бонучи и Киелини.

Аутсајдери :lolzz:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom