Баш годинава Англичаните немаат толку многу ѕвезди, за разлика од порано. Освен Руни, нема буквално ниеден суперстар како претходните натпреварувања, повеќето се млади и релативно недокажани играчи. Мртвата Русија им даде мртов гол во 90+, тоа што не ја завршија на време утакмицата е друг проблем т.е Хоџсон. Велс играа бетер од Италија и другиве мртваци на првенствово, сите стоеа во 16тник и дадоа гол безвезе, на среќа. Немаа ни еден шут, ни посед ни никаква цел за напад туку се бранеа во олд скул катанаџо против овие што вие ги плукате поради нивниот препотентен стил.
И пак ќе кажам, ако си форсираат таков стил нека тераат, некогаш им пали некогаш не, ама дека ќе се докажувам какви мајстори/мангупи биле, колку докторски ги заебале другиве, а тие да играат помртво од сите други репрезентации...
Затоа намерно пишав "ѕвезди", со наводници... нема везе, ги пратам англискиве медиуми и знам колку ги величеа Варди, Рашфорд, Кејн, Али и останатите млади играчи додека играа во нивните тимови, иднината на репрезентацијата, ова-она, знаеш класичен англиски хајп, како и секое предходно првенство
И да, ти ова што си го пишал...
ама дека ќе се докажувам какви мајстори/мангупи биле, колку докторски ги заебале другиве, а тие да играат помртво од сите други репрезентации...
Па за таква мртва игра се мајстори, буквално 80% од утакмиците им се добиени така, неможе тоа никој да го порекне, така играа во квалификациите, така играат и сега на првенствово. И кога освоија СП 2006 не играа ништо поразлично, самошто тогаш имаа поквалитетни играчи, а сега повеќето се дудуци собрани од селскине екипи во Италија.
Нема врска ова, реалноста е дека сакаш да имаш ``непријател`` екипа и си ја одбрал Англија по некоја случајност, да имаш кого па пцуеш да исфрлаш фрустрации и тоа е се.
Секој обид да си припишеш некаква ``објективност`` со кооперација-глупостиве кои ги тресеш е смешен.
Што ти значи тоа ``препотентни``? Ги познаваш играчите на Англија или што? Или во споредба со скромните италијански, шпански и други ѕвезди кои се сите приземјени и фер, возат Сеат Ибица, даваат пола од приходите на сирачиња и јадат во менза?

Или пак пошто абер немаш на друг јазик освен англиски и не пратиш шпански и италијански или германски сајтови и си правиш филм дека тие се сите сериозни, аналитични и немаат никакви очекувања и не ги фаворизираат и воздигнуваат своите играчи воопшто?
Да признавам дека Англичаните не ми се омилена фудбалска нација, ама незнам зошто велиш дека неможам објективно да ги судам...
Англија од 90-тите па навака секогаш ама секогаш имала квалитетни играчи, играчи кои гинеле за своите клубови, али кога ќе дојдеа репрезентативните настапи, секогаш играа секој за себе... изгубени во свемирот, затоа единствен успех ќе им остане оној од 66 година.
И италијаните и англичаните секогаш имале играчишта, али разликата е што жабариве секогаш се влечкале до полуфинале и финале, додека англичаниве освен ЕП 96 кога дојдоа до полуфинале, никогаш не направиле нешто посебно...
Ај отидов предалеку нема смисла сега да ги правдам мртвиве жабари зошто тоа играат мртов заспивачки фудбал... едноставно помирете се, така играат од памтивек, со тој стил на игра ги направиле најголемите успеси, и да тие за таква игра се мајстори... што кур споредувате Албанија и Италија, кога првиве мораат да играат така зошто ако се отворат ќе ги наполнат до врв, додека на вториве таквата игра им е трејдмарк, без разлика колку биле добри или лоши нивните играчи.
Ако ви е допадлив овој фудбал гледајте го, ако не гледајте ги другите репрезентации, сепак никој со сила не ве тера баш во 15-00 да седите пред телевизорот и да ги гледате мртвите жабари.
Некој да ужива во оваа игра што ја играат Италијаниве е мазохиста. Добро бе како е можно да сакате да гледате дефанзивен фудбал? Што е интересното у тоа да се има по 5 шута во гол по натпревар ? Разбирам да се игра малце позатворено али на секој ебан натпревар приоритет да е одбраната пред нападот тоа е менталитет на мали екипи. Мизерија...
Мрш бре таму, оди гледај си ги англичаните... па уште мазохисти, а ти манчестер што го пратеше сезонава секој натпревар, што те прави тоа тебе?

Цмок, те сакам <3
