Токму вчера се виде колку Грин е битен играч за ГСВ. Скроз безопасни беа од пик енд рол, константно удвојувани и Кливленд секогаш на време го имаа затворено првиот пас. Дефанзивно ги уништија, побезидејни Вориорси ги немам видено цела сезона. Со Грин е поинаку, крупен е и кога ќе направи блок правовремено се отвара и ствара повеќе простор за плејот, а ако го удвојат плејот тогаш он добива пас и има повеќе опции, или иде на влез или дава пас на тројка на Барнс, Игудала или Томпсон кои се сами и ретко промашуваат. Тој квалитет го немаат ниту Езели, ниту Варежао, ниту Богут.
Друга ствар беше дефанзивата на ГСВ која исто така беше многу ослабена со неиграњето на Грин. Ги уништија со тој “наводен“ пик помеѓу Кајри и Леброн, пошо во второ сменија Кари да не иде на Ирвинг, али со тие пикови ГСВ го преземаа Кајри и он остануваше повторно со Кари кој дефинитивно не може да го чува Ирвинг.
Маестрални партии на Леброн и Ирвинг, нарочито на овој вториот, никогаш нема изиграно ваква утакмица. Практично не промаши, од кај и да шутнеше погодуваше. Пука Кајри од самодоверба, добро е тоа да се види после ланската повреда.
Ќе видиме, серијата наеднаш доби поинаков тек и мислам дека може да се деси Кливленд да стигне до титулата.