Со ова ДОКАЗ аперкејсов хистерично потсеќаш на фан на Цеца мајке ми..
Пред да почнеш да пишуваш и да развиваш некоја си дискусија, прашај се првин каков доказ ти треба на тебе? Сакам да знам бе чисто онака дај ми пример каков треба да биде, во каква форма, поучи не како треба да изгледа доказот.
Дали таа твоја апстракција во главата треба да биде во пишана, материјална, говорна, визуелна, со мастило, печат или слично ?
1. Ако е така ко ти што тресеш, и јас би се спуштил на твое ниво и би прашал зошто нема никаде доказ дека нема криминали или попрецизно, излезе ли еден доказ или аргумент дека тоа што го слушам на снимките не е точно???
2. Ако е така како што ти размислуваш, лично јас не сум видел никогаш во животот доказ, само ќе кажат овој го затвориле за тоа и тоа.
Поради тоа, има институции и лица кои се платени да прибираат докази и потоа ги соопштуваат на суд.
Доказните материјали се соопштуваат низ судска постапка.
Со аудио материјалите ако ништо друго се докажа на народот дека судството е лајно, но во исто време е институција за која од буџетот месечно се одвојуваат милиони.(Но кај е доказот или контра аргументот дека тоа не се случува??)
Поради сите тие индиции, се увиде дека треба да се даде шанса на специјална институција да ги разреши криминалите преку прибирање на доказен материјал.
Дадена е таа шанса на СЈО, кое ќе функционира како што треба да функционира едно ОЈО.
СЈО е валидна институција изгласана во парламент, обезбеден е буџет.
На обвинетите ќе се читаат докази и ако адвокатите не успеат да го оправдаат криминалот., лицето завршува во затвор.
На тебе, обичниот смртник нема да се читаат доказните материјали затоа што ти не си дел од таа постапка.. Исто како што мене не ми се читаа доказите за Бучковски, Велија Рамковски, Санадер, Саркози, Берлускони и слично.