Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Нели Енрике не сметаше на Видал? :unsure:
Ако останат на ставот за Видал и Роберто на десен бек , тоа е голема грешка.


Barcelona have a personal five-year deal with PSG defender Marquinhos (22). They met with his agents in Milan last weekend. [sport]
 
Бартра и официално во Дортмунд за 8 милиони. :cautious:
Криво ми е за детето, знам дека за 2-3 год. ќе израсне во многу добар штопер.
Само незнам дали има вклучено бај-бек опција. Ќе го бараме за некоја година.
Пошо и Вермален најверојатно ќе си оди, сигурно ќе носиме штопер, и најверојатно тоа ќе е Маркињос. Негде пишува дека е договорен веќе за 40 мил. и 5 годишен договор. :)

За десен бек мислам дека нема да се купува. Енрике многу го форсираше на бек Роберто годинава и ништо чудно да ни биде и прв избор следнава сезона :)

Лев бек ќе се купува само ако Адриано сака да си замине. Така да останува само шпиц и Денис Суарез.
Ако се точни шпекулациите за колку буџет имаме и за трансферот на Маркињос имаме уште 28 милиони + парите од Вермален и Сандро. Значи вкупно некаде од 40-45, а ќе ни останат за купување напаѓач и евентуално лев бек.
Денис би дошол за 3,25 милиони. Значи имаме солидна сума. Можно е да се изненади со нешто јако. :)
 
Како тргнаа работите на почетокот на трансфер период мислам дека плановите на клубот нема да се остварат и дека парите ќе ги трошиме на покривање на дупките што ќе се појават со заминувањето на овие неколку фудбалери.
 
За малце пари си оди Бартра. Во Англија секакви просеци ги продаваат за 30+ милиони, барем 20 некако да извадеа. Катастрофално ги одработуваат трансфериве, додека другиве клубови максимално не цедат за нивните играчи, нашиве ги продаваат за кило семки, колку да се отарасат. Според мене Бартра има место за напредок и Дортмунд е идеално место за развивање играчи, па можеби ќе го враќаме назад за некоја солена сума :D
 
Знаеме дека Барселона не преферира да купува многу играчи, сака постепено да го обновува тимот и затоа е тоа така.
Еве Бартра си замина, а Вермален и Сандро 99% си одат, значи скоро сигурно ќе купиме штопер и напаѓач. Ваљда нема да си дозволат да останеме на Пиќе, Масче и Матје. И напаѓач мора, испоцркаа овие напред.
Со Маркињос и Гамеиро на пример ја би бил презадоволен. Плус да се врати Д.Суарез. Единствено нема да бидеме добро покриени десно, а таму се си мислам нема да купиме никој и Роберто ќе биде најчесто прв состав, пошо во средина ќе ги имаме Иниеста, Ракитич, Рафиња, Суарез и Арда.
 
Абе дечки, идиоти ни го водат клубот, кога ќе си го прифатите тоа ќе ви биде полесно многу. Сандро е веќе слободен агент, замина тој, пари од него нема да добиеме. Бартра во договорот имал клаузула доколку нема доволно одиграни утакмици откупната клаузула да му биде 8 милиони евра наместо 30 мислам. Затоа и го продаваме за толку малку. Алвес во договорот лани што го величевме пред изборите за управата каде што објавија дека продолжува на 2 години со можност за дополнителна година имал клаузула дека доколку сака може да си замине за една година без пари. Тоа и го искористи. Значи, досега Сандро, Дани факинг Алвес и Бартра = 8 милиони евра.
Друга работа, Денис Суарез си го планираме цело време, денеска излегоа инфо како уствари била ситуацијата. За 3.5 милиони евра имаме право да го откупиме само од 1ви до 15 јули, претходно и после тоа доколку некој клуб понуди повеќе имаме само прва опција што значи дека ќе мора да ја израмниме понудата за да го земеме. :tapp: Нека молат Бога никој да не понудува ништо, што е мнооогу тешко со оглед на интересот. Во меѓувреме со заминувањето на Бартра стоперите ни имаат просек од 31,25 години. :cuc:
Толку работење без план и идиотски не знам дали има некој друг клуб. Меси ни го држи клубот и уште неколкуте легенди што ги имаме. .
 
^ Брат што сакаш бе, оваа управа е 2 години, и до сеа имаат една тројна и една двојна титула? Шо не е ок тука?
Дека треба да се подмладува, треба! И јас сум за тоа, ама ете ако се донесе, а сигурен сум дека ќе се донесе млад штопер (Маркињос, Стоунс) нема да е така лошо.
Алвеш си замина, а можно е и Адриано, така да ќе останаат уште Маскерано и Матје, кој другата година сигурно си одат. Значи одат чекорр по чекор. Од 30+ ќе останат само Браво и Иниеста. Сите други се или во најдобрите години за фудбал 28-29 (Меси, Суарез, Ракитич, Арда, Пиќе, Алба..) или се млади (Нејмар, Рафиња, Бускетс, Видал.. и ако се донесат Суарез и штопер)
Тимот ни е спој на младина и искуство и најдобро е вака постепено да идеме со смената на генераци одколку сите наеднаш и да не видиме титула 5 год.
 
Не знам зашто ама некако сум скептик за Маркињос доколку тој е прв избор за позиција штопер. Млад а релативно недокажан фудбалер чие што место и во националниот и во клупскиот состав е заменето од циркузантот Д. Луиз. @NeymarJunior, Стоунс е само твоја лична бајка што нема шанси да ја доживееме. Лапорт веќе е во Сити, така да, додека се решат нашиве кастингот полека полека се стеснува, а со самото тоа што продаваат играчи пред да купат цената расте ненормално.
 
Од Лапорт се откажаа уште кога се повреди пред некое време..Десен бек не знам дали ќе доведат, ама и да доведат нема да биде некој опасен трансфер. Централен бек ќе доведат некој позвучен. Маркињос го сакаа уште на времето кога играше за Рома. Сигурно препознале некој квалитет во него кога толку долго време останал на листата. Наголемо се пишува дека Енрике го сакал Пјаниќ. Не знам зошто и не го посакувам...Цената му е околу 38 милиони...Напаѓач мислам дека ќе биде Вието, затоа што помали се шансите за Гамеиро, а и овој првиот навикнат е да седи на клупа и да чека шанса. И самиот милион пати изјавил дека сонува за Барса..Според мене треба квалитетен централен, и квалитетен напаѓач. Кога замина Алвес се отвори дупка во однос на офанзивни задачи и таа дупка тешко дека некој ќе ја надомести, така што ќе бидам задоволен и со некое помалку звучно име. Тројца да ротираат за таа позиција ќе биде ок.
 
За малце пари си оди Бартра. Во Англија секакви просеци ги продаваат за 30+ милиони, барем 20 некако да извадеа. Катастрофално ги одработуваат трансфериве, додека другиве клубови максимално не цедат за нивните играчи, нашиве ги продаваат за кило семки, колку да се отарасат. Според мене Бартра има место за напредок и Дортмунд е идеално место за развивање играчи, па можеби ќе го враќаме назад за некоја солена сума :D
За колку сакаш да го продадат кога дреми на клупа? Во Англија просеците играат барем и ќе им се погоди една сезона па ќе летни сумата
 
како плачите за парите како од џеб да ви ги земаат :pos:

во Барса од чистач преку играч до претседател пливаат во пари не знаат шо да им прават,ама затоа фанови им водат математика :pos:

битно е тимот да ја заджи компактноста и цврстината,потребно ангажирање на топ десен бек,халф и освежување во средината,продажба/отстапка на Туран кој е изгубен случај овде, Роберто никако десен бек тоа не иди во предвид да се уништува детето,на Иниеста му е потребен нов Чави , вака се троши максимално секој натпревар и не може да ја издржи сеозната во право светло
 
^ Брат што сакаш бе, оваа управа е 2 години, и до сеа имаат една тројна и една двојна титула? Шо не е ок тука?
Дека треба да се подмладува, треба! И јас сум за тоа, ама ете ако се донесе, а сигурен сум дека ќе се донесе млад штопер (Маркињос, Стоунс) нема да е така лошо.
Алвеш си замина, а можно е и Адриано, така да ќе останаат уште Маскерано и Матје, кој другата година сигурно си одат. Значи одат чекорр по чекор. Од 30+ ќе останат само Браво и Иниеста. Сите други се или во најдобрите години за фудбал 28-29 (Меси, Суарез, Ракитич, Арда, Пиќе, Алба..) или се млади (Нејмар, Рафиња, Бускетс, Видал.. и ако се донесат Суарез и штопер)
Тимот ни е спој на младина и искуство и најдобро е вака постепено да идеме со смената на генераци одколку сите наеднаш и да не видиме титула 5 год.
Зборувам за политиката на клубот за водењето трансфери и за располагањето на парите со тие што се веќе во тимот. Види што напишав, успеавме да извадиме 8 милиони евра од Дани Алвес - 23 трофејниот во Барса Дани Алвес, стопер на 25 години кој и покрај тоа што не се докажа е репрезентативец на Шпанија и ние никогаш шанса не му дадовме и Сандро кој што е 20 годишен шпиц. Тоа што го напишав со Денис Суарез заебанција ти е? Ќе ни го земе некој пред нос, наш играч еј, во секој договор ставаат клаузула "вака можете да не заебете".
Не мешај тројни, двојни со добро раководство, дури го имаме Меси ќе имаме титули, а и тоа тешко ќе биде за некоја сезона со оглед на тоа како го растураат клубот. Лани Чави си замина, го донесоа Туран кој никако не се вклопи, годинава Дани Алвес, Роберто и Видал ќе покриваат некако. Тоа со подмладувањето не е толку голем проблем, колку што е тоа што си заминуваат легендите и не носиме никој за да ги замени.

Иначе, би ми било гајле мене за парите доколку не се одразува на тоа што е на теренот, ама и тоа како се директно поврзани. Управата на Јуве, а посебно на Баерн може да им предава на нашиве што значи тоа како да се води голем клуб.
 
Barcelona are finalizing the deal on Lyon centre back Samuel Umtiti (22). He will sign a five-year deal. Can also play left back [md]


Иначе ете поточно за Денис Суарез:
If Villarreal accept a bid for Denis Suarez (22) outside buy-back period (1-15 July), Barcelona have three days to equal the offer. [sport]

Значи бај-бек важи само за периодот 1-15 јули, а надвор од тој временски период имаме само прва опција.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom