Јефто
@JeftoMKD | Јефто™
- Член од
- 30 октомври 2011
- Мислења
- 2.729
- Поени од реакции
- 1.306
Да, јасно ми е сето тоа, но прашав, дали ќе продолжи нудењето само кај нив или и кај другите оператори во земјава?Само Телеком може да ги има тие канали, ппв канали, арена од тоа и опстојува, не зависи како спорт клуб од тоа колку реклами ќе има во тек на пренос.
Исто како што ЛШ вторник се гледа само на Макс ТВ така ќе биде и со Премиер лигата, ако се вистините гласините дека Арена ги откупила тв правата за наредните години.
Ние и Хрватска сме единствен случај каде што само еден оператор ги има правата за пренос на каналите, додека пак во Србија, Црна Гора и БиХ каналите се нудат на повеќе оператори.
Реално гледано, ова е монопол, а сите знаеме дека тоа не чини, посебно не во либерална демократија како што се декларираме, односно си играме.
Искрено ме чуди како до сега операторите здружени или некој од големиве играчи (blizoo, Телекабел и сл.) не упатиле тужби или приговори. Се сеќавам дека до пред некое време се водеше спорот околу тоа кој има ексклузивни права на преводите, па BoomTV и MaxTV го изгубија спорот па така и blizoo (и останатите) добија дозвола за нудење на истите.