Колкава е платата во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата elninokv
  • Време на започнување Време на започнување

KOLKU IZNESUVA VASATA PLATA

  • pod 10.000

    Гласови: 42 11,7%
  • 10.000-12.000

    Гласови: 45 12,6%
  • 12.000-15.000

    Гласови: 47 13,1%
  • 15.000-18.000

    Гласови: 50 14,0%
  • 18.000-24.000

    Гласови: 55 15,4%
  • nad 25.000

    Гласови: 119 33,2%

  • Вкупно гласачи
    358
http://tocka.com.mk/1/192468/genija...o-evropa-poglednete-kade-se-naogja-makedonija

https://jakubmarian.com/local-price-and-purchasing-power-index-in-europe/
Според цените во Македонија е скоро најефтино (веројатно и квалитетот е нај...), по Молдавија. Според куповната моќ е скоро најскапо.

Да не имаш линк за вакви податоци освен за Европа и за САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд?
 
Nekoj jade zelka, nekoj biftek... prosek sarma.
Taka se vadi prosekot u nasava vukojebina
на времето на паркинг некој имаше пасат, некој фиќо, просек беше рено 4... сега има остаени да скапуваат, неудрени пежо 207 и слични ... пред некое време некој тврдеше дека пред 10 години 200мкд биле доволни за искачање а сега требало 1000мкд и тоа во Куманово... а па пораснат е стандардот ако има такви кој даваат 1000мкд за излегување... сакам да кажам анкетите се многу релативни... ниту дете на родител не кажува колку му е плата .. е сега црни пари има и од други места, некој зема за пишување на форум и фејсбук, некој за демонстрирање а некој за предизвикување инциденти ..пореално е да споредуваме услуги, например цена на подстрижување. пред месец дена беше еден стар хрватски филм со тематика за животот во Загреб пред 76-80 години, пред ВВ2, Тко пјева зло не мисли. Има таму како швалерот му дава на детето
2 СХС динара да си купи бонбони, тој да остане на само со мајкаму. После има друга работа, мажот оди кај проститутката, која има сервис за пеглање на машки кошули, дава 50 СХС динара и таа му вика многу е... сега 50/2 = 25 . Значи 25* 50мкд ( сега се толку бонбоните) и не било скапо кај легална проститутка:cool: во однос на цената на бонбоните...
 
За провладини дискутанти просечна плата е околу 16.000 али основна а со додатоци, бонуси, превоз, прекувремени работи хранарини патарини, хонорарни работи, дивиденди... стига и до околу 30.000
за проопозициски, околу 12.000 со то шо има и многу малверзации при исплати па реално и испод 10.000
Реално, третина од работоспособни се невработени, третина население живее сиромашно а од оние кои се вработени околу 12.000 земаат плата поголема од 40.000 (а 30.000 се месечни трошоци за четричлено семејство)
Така да зависи за кого гласаш - толкава ти е и платата
 
е сега црни пари има и од други места, некој зема за пишување на форум и фејсбук, некој за демонстрирање а некој за предизвикување инциденти ..пореално е да споредуваме услуги, например цена на подстрижување. пред месец дена беше еден стар хрватски филм со тематика за животот во Загреб пред 76-80 години, пред ВВ2, Тко пјева зло не мисли. Има таму како швалерот му дава на детето
2 СХС динара да си купи бонбони, тој да остане на само со мајкаму. После има друга работа, мажот оди кај проститутката, која има сервис за пеглање на машки кошули, дава 50 СХС динара и таа му вика многу е... сега 50/2 = 25 . Значи 25* 50мкд ( сега се толку бонбоните) и не било скапо кај легална проститутка:cool: во однос на цената на бонбоните...

Димче, темата е за висина на платата во Македонија во овој период, не за цената на проституцијата во Хрватска во осумдесетите. Не застранувај во офтопик.
 
Да не имаш линк за вакви податоци освен за Европа и за САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд?
Има на Нумбео само не во вид на мапа туку изразено во индекси, валути и графикони. Не знам дали такво бараш.
Ова е споредба на квалитет на живот Мелбурн Скопје на пример, со сите параметри здравство, клима, куповна моќ...
http://www.numbeo.com/quality-of-li...untry2=Australia&city1=Skopje&city2=Melbourne
 
Димче, темата е за висина на платата во Македонија во овој период, не за цената на проституцијата во Хрватска пред ВВ2. Не застранувај во офтопик.
ај види малку, пола постови се за трошоци и куповна моќ ... ја во постот пишувам и за плата, дека дете на родител не кажува колку му е плата...е сега ако се поскапува, одкаде пари ??
 
Има на Нумбео само не во вид на мапа туку изразено во индекси, валути и графикони. Не знам дали такво бараш.
Ова е споредба на квалитет на живот Мелбурн Скопје на пример, со сите параметри здравство, клима, куповна моќ...
http://www.numbeo.com/quality-of-li...untry2=Australia&city1=Skopje&city2=Melbourne

Фала за линковите.
Очекувано Мелбурн во сите параметри подобар од Скопје.
Дури и во загадување на воздух Мелбурн помалку загаден од Скопје, а баш пред околу еден месец Дневник пишуваше дека воздухот во развиените земји бил многу позагаден отколку во Македонија, но тоа и не е чудно, дневниот весник Дневник веќе некое време пишува по диктат на одредени општествени групи.
 
Плата пониска од 200 евра или 12.000 денари во земјава земаат половина од вработените или 366.242 лица од статистичкии вработени 705.991 лице. Ова го покажува анкетата за работна сила за 2015 година, која ја објави Државниот завод за статистика. Податоците велат дека дури 51,8 отсто од вкупно вработените се со плата пониска од 12.000 денари, а од 245.799 лица или 34,8 отсто се со плата до минималните 10.000 денари. Статистиката избројала дека 114.380 лица или 16,2 отсто од вработените се со плата над 20.000 денари, приближно над просечната во земјава. Притоа само 8.456 лица или 1,2 од вкупно вработените се со месечни примања над 40.000 денари.
 
Сакаат од нас кинези да направат, според платите тука сме ... сега уште да ни наредат да јадеме глувци и бубашваби.

133.000 работат за плата испод 10.000 денари. Сигурно бројката е уште поголема, пошто 55.000 се евидентирани како НЕПОЗНАТО.
18.200 со високо образование работаат со плата испод 12.000 денари.
 
Последно уредено:
А кога
Сакаат од нас кинези да направат, според платите тука сме ... сега уште да ни наредат да јадеме глувци и бубашваби.
тоа сме имале поголема плата?
Сите се со мобилни, сите одат пет пати на одмор, Божиќ ваму, Велигден таму, лето, зимовање..абе најмногу шетаме и трошиме сега..
 
А кога

тоа сме имале поголема плата?
Сите се со мобилни, сите одат пет пати на одмор, Божиќ ваму, Велигден таму, лето, зимовање..абе најмногу шетаме и трошиме сега..

Овие податоци се од Заводот за статистика. Македонија не е само центарот на Скопје, прошетај низ внатрешноста, особено малите места и прашај ги колкави плати земаат.
 
Овие податоци се од Заводот за статистика. Македонија не е само центарот на Скопје, прошетај низ внатрешноста, особено малите места и прашај ги колкави плати земаат.
Затоа и те прашав, дали некогаш сме имале поголеми плати, знаеш ли кога последен пат имало покачување на платите?
Знам дека се мали, знам и колку изнесуваат ама знам ди дека апетитите на народот се поголеми.
 
Не земам плата...
медицински сестри и наставници нешто околу 18 000 земаат, плус минат труд и ако има ноќни смени продолжени саати во здравството
Физичките работници - мажи - низ Скопје лимарии автосервиси земаат над 20 000
Жениве во текстилната индустрија Скопје земаат минималец од 9000 и ако успеат плус 2-3 000 мада знам случаи кај што ги пријавуваат на два три дена, ги одјавуваат и "платата" е изненадување.
Чесен исклучок шивална Бела, мало е ама вработените се стабилни, приателки таму работат со години, редовен одмор, редовна пристојна плата и боледувања ако треба.
По маркетиве земаат до 12 000 со исклучок на рамстор таму мислам дека е повисока платата.

Бројчињава се од мој пријатели и верувам дека надвор од Скопје кај приватниве фирми се напола...
Како год окренеш, окрени - обрни
Црнци и даље остају црни :)

Сите се со мобилни, сите одат пет пати на одмор, Божиќ ваму, Велигден таму, лето, зимовање..абе најмногу шетаме и трошиме сега..

Ova vo zemja dembelija ili vo Makedonija?
 
sfrj-penzije-ekonomija-1463946597-912111.jpg

Просечната нето плата во Македонија со години тапка во место.

април 2009: 20.200 денари
март 2013: 21.300 денари
март 2016: 22.000 денари

За 3 години просечната нето плата пораснала за само 700 денари.
Односно за 7 години порасна за само 1.800 денари

Таа мапа веќе доживеа сериозни промени, пошто нето платата во Србија веќе се промени, вчера добивме податоци дека во април 2016 просечната нето плата во Србија достигна 402 евра. (49.249 динари)

Исто така и кај Црна Гора треба да смениш, не е веќе 477 евра, во март 2016 просечната плата изнесува 488 евра.

Просечната нето плата во преработувачката индустрија е:

Србија: 387 евра
БиХ: 307 евра
Македонија: 271 евра
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom