Почина Бата Живојиновиќ. Беше доста популарен во бивша Југославија, а и кај Кинезите не врвеше лошо (тие, наводно, го обожавале Валтер го брани Сараево). Типов беше неизоставен дел од поголем број ју филмови и серии ( и од оние “партизанските“, ама и од другите), а и по 1991 глумеше. Многу се за набројување, и овде набројувам само дел од она што го снимил (и што сега ми текнува) како епизодист или главен лик, сеедно - од Неретви и Сутјески, Пас који је волео возове, преку Балкан експрес, Жикина династија, до Подобар живот, Среќни луѓе, Ивкова слава. Играше во Црвениот коњ на Попов, и во Викенд на мртовци на Коле Ангеловски.
Се занимавал и со политика, и тоа во едно од поглупите времиња и баш за поглупите партии, ама тешко дека некој по тоа ќе го памти (освен Хрватите, за кои стана Бата животиња). Лесна му земја.