Види го моето
прашање ,
дообјаснување на прашањето ,
искуство при инсталација ,
други модели и цени од производителот од кој јас ги земав климите .
Не навивам за никој бренд, контактирав повеќе фирми, им реков кој им е буџетот, едни не ни вратија на мејл, други нејќеа да чујат да ги намалат цените (да ми направат пакет понуда) и ми предлагаа брендови кои овде не се ценат (најверојатно бидејќи се шит) и така не ги добија моите 1600 евра, кои во никој случај не се малце пари за никој. Трета фирма од кои имам земено Х број на клими едноставно немаа на лагер тоа што за мене беше интересно и нема лутиш. Да ги имаа ќе се договоревме лесно, иако за истата фирма на форумов се збори дека држат виисоки цени за (нај)квалитетните јапонски клими кои ги носат.
Мислам дека си во слична ситуација и дилема во каква што јас бев, и се одлучив за 3 посебни системи, а и монтерот подоцна ми рече дека така е најпаметно:
1. Неможеше сите 3 клими да се врзат на 1 надворешна единица (поради распоредот на соби);
2. Било која надворешна единица за мултисплит систем е доооста тешка, потешка од 45кг на 5.5 што ја купив;
3. Ако ти се зезне надворешната единица на мултисплит систем, сите внатрешни единици кои се врзани на неа нема да работат. Вака кога сите клими си имаат посебни надворешни единици по раат си.
4. (Мое гледање на стварите) поубаво е да имаш нешто што го има почесто - Х модел од Х бренд "сингл" сплит систем, него некој егзотичен мултисплит систем што го има во малце / ич домови во МК - поради резервни делови и искуство со системите како од корисници така и од сервис/монтери.
Се надевам колку-толку ти помогнав како што и мене ми помогнаа други колеги форумџии, доколку имаш било какво прашање слободно пиши.