Само шо го догледав по трет пат. Сега се присетив буквално преку некои сцени, на некои мисли од помал. Слично како и џими, и јас на МТВ го имав зачекано и тоа 2 пати. Еднаш како многу помал, и друг пат малку поголем. Ми текна дека првиот пат кога го гледав (дали свесно или несвесно) одлучив после филмот дека малечкото девојче не е мртво и дека тоа што трчка безгрижно до самиот крај е на вистински. Веројатно повеќе сакав да верувам дека е така, за на второ гледање после неколку години секако како повозрасен, се присетам повторно како и сега на нештото и моментот кога сум одлучил само за да ја потиснам тежината на филмот, да верувам дека нема шанси да е умри девојчето. И тогаш онака горчливо се соочив со вистинската страна на филмот, без да фантазирам. Сега само третово гледање ме потсети на некои избледени работи.
Во овој анимиран филм е на доста суров, директен начин, без цензура прикажана гнасната страна на војната. Вакви слични работи имам слушано и од устата на починатиот ми дедо, кој до крајности ја објаснуваше иронијата на војната, звукот на бомбите и смртта на неговата прва симпатија после извршено бомбардирање на селото. Од друга страна, максимално се доловени оние „среќни" намерно во наводници го ставам мигови, кога постои привиден мир и се добива впечаток како да целиот живот ќе е таков, се до наредното бомбардирање. И тука секако на тест се става човештилукот и помагањето. Ќе направам пак паралела со дедо ми, кој како дете бегалец, после преминување на границата, работеле во некоја нива, за корка леб (тоа било се што добивале на крајот на денот). Еднаш со лебот им дале (мислам риба беше) и то вика беше гозба на деценијата. Така и тука, крај со крај се врзува за таа мочана егзистенција. Преку главниот карактер, се исцртува голата борба за преживување, желбата да е помогни на најблиските, да се преброди нештото. И намерно во овој анимиран филм се игра на картата топло-ладно, се со цел да се долови и сервира онака сурово, лошата страна до гледачот. Има доста силни моменти, како моментот со халуцинацијата, моментот кога ќе му соопшти дека знае дека нивната мајка е мртва, како и моментот кога го пали мртвото тело и седи онака до огнот. Доста ироничен момент има кога ќе му ја даваа кошницата за телото ликот и кога му вели-И покрај сето ова, прекрасен ден нели? Нешто во тој стил, само дека имаше сонце и мир. А во братов партали се кинат....
И да, за првпат сега на 3-то гледање се вратив на почетокот по завршувањето Нешто што досега ми избегало во минатите 2 пати. Боли последниот збор на главниот лик.
10/10 од мене. Да не должам мн.