Wizz Air ко Wizz Air е О.К. авионите не се кујзнае што ама добро барем се А320 не се пропелерски кршеви на кои се навикнавме одамна низ балканов да летаме
За Македонија се сосема ОК.
Летам од Келн за Скопје пред пар месеци, а вечерта пред тоа се направив ќутук пијан. Ми се спие ми се плаче. Бев во Дизелдорф, и трипував дека нема да стигнам на време да го фатам во 15 и 10 летот од Келн за Скопје, излегов 5 саати порано во 10 од Дизелдорф. А легнав да спијам во 8 сабајлето. Ми се спие ми се плаче, си викам ќе си се врзам, коа ќе му ја легнам некако, у било каква позиција да ме ставиш во таква ситуација ќе заспијам макар и на раце би стоел и би спиел.
Бај д веј, стјуардесата ме утепа гњавејќи да купам саати, парфеми, и не знам што уште не, и 3 пати ме будеше.
Точно е дека подобро не можеме, не можат нашиве политичари да излажат читави авио превозници да летаат од Скопје како што се на пример Луфтханза, или Емиратес, или веќе кога пушташ low-cost airlines, пушти го барем Ryanair, па да видиш што е добар ниско-буџетен превозник, или пак да си имавме свој национален авио-превозник .па да се тешевме (каков е таков е, наш е) Ама ваљда можеме да спиеме додека трае летот. Затоа за екипажот и давам еден голема НУЛА, не само затоа што замараат, пристапот кон патниците им е апла аматерски и непрофесионален за разлика од другите авио превозници низ светот.
Цуриве се гледа дека се некои уфурани шмизличиња, пола збори на англиски пола на бог ти знае која варијанта на англискиот, едвај самата се разбира што збори а не 150 души во авионот да ја слушнат и разберат што сака да каже, а што се тиче летот, Одличен беше, супер слетување 10/10, капетанот културен (хрват мислам дека беше- не е ни битно) ни се обрати на сите, не поздрави, професионалност на НИВО од негова страна, одличен тајминг, добар approach, авионот можда беше 7 8 години стар ама добро сочуван, домаќински одржуван.
Дали би летал пак со нив? На нивните дестинации ДА , а и да не сакам да летам со Виз Ер немам со кој друг.
Така тие ни се единствена опција.
Какви се такви се, подобри и не сме заслужиле....