- Член од
- 26 март 2011
- Мислења
- 659
- Поени од реакции
- 668
Некој да сподели искуство за со Ryanair како оди процесот - купување карти, торби, дали откако ќе ја купиш картата се знае точното место за седење како со Wizzair. Ми се јавува некоја опција да доплатиш за таква услуга, затоа не ми е јасно.[DOUBLEPOST=1459284871][/DOUBLEPOST]Или искуство со Iberia![]()
Јас имам летано со Рајан, процесот на купување карти е исти како кај Визз. Бираш карта, бираш начин на плаќање и плаќаш. Ништо необично. Со Рајан можеш да носиш бесплатно 2 торби. Едната е онаа која со Визз се вика голема кабинска торба и за која во Визз се наплаќа 10 евра, а другата е обична женска ташна. За бројот на седиштето мислам дека го добиваш кога ќе ја чекираш картата и истото ти го пишува кога ќе ја испринташ картата. Опцијата која ти се јавува за да доплатиш е ако сакаш да резервираш некое посебно седиште во авионот.
Со Ибериа немам летано.