@Zlatikevichius ќе оставам за утре јас. Имав малку повеќе време денеска, па го гледав The Hunt, утре таман 20 минути со Харви ќе се изрелаксирам меѓу учење. xD
Го изгледав Крампет, интересно филмче, на моменти дури и се смеев на ситуациите кои му се случуваа на Харви, колку и да не се за смеење нели. xD 8/10 од мене, ми се допадна.
На одличен начин ја прикажува суровоста на војните, доста различно од тоа што го имам досега гледано. Војната на улиците каде што цивилите пробуваат да преживеат уште еден ден, а криењето во засолништа од бомбардирање им е секојдневие.
Филмот е тажен, ама во ниеден момент не успеа да ме натера да се чувствувам тажно.
Веројатно дека е анимиран и дека е јапонски. 7.5/10
Нa мoетo декa мрaзaм aнимирaни бaм 2 aнимирaни пo ред...
Е oвoј не знaм дaли ќе гo глеaм првo зoштo не знaм дaли ќе иaм време, a другo зoштo мрaзaм aнимирaни..
Јас сум во принцип голем хејтер на анимето, посебно на јапонското. Побетер и од Џонтра сум.
Добро, да бидам искрен, пред овој филм и немав друг јапонски аниме филм гледано (освен серии како Драгон Бол, Дигимон итн.), ама си ги хејтав така, неоправдано, ептен.
Бев скептичен и за овој филм иако решив дека ќе смогнам сили и ќе го изгледам зошто си ветив дека ќе го испоштувам секој предлагач од филм клубов и ќе најдам време да го изгледам неговиот филм.
И колку само ќе сум бил грешка ако го прескокнев...
Овој е еден од филмовите кој те остава со саати да размислуваш и гуглаш за него.
Првен го пуштив на коди, на некоја бош снимка со англиска синхронизација, и по 15 мин. го прекинав и решив да го симнам во ХД со оригинал аудио. (уште една добра одлука)
Знаев дека се работи за тажен филм, ама не мислев дека може еден цртан да делува толку на мене.(а не е Тhe lion king).
Добро сега, без заебанции. Не допре до мене толку за да ме расплаче. Најповеќе затоа што ги мразам јапанците, оние, од WWII и немам никакво сожалување за нив, а уште повеќе знаејќи го фактот дека татко му беше во морнарицата. Но, кнедлата во грло стоеше..
Добро, филмов немаше намера да ја глорифицира јапонската војска, или пак да проба да и го обели образот, него да посочи на кои се последиците од една војна, поготово кон цивилното, невино население и какво уништување на животите носи истата. Трајно го менува животот на сите оние кои се нашле во виорот, а ги погодува и оние ближните.
Во филмот, според мене, освен што беа за осуда роднините, како и соседите, селаните, докторот, системот, државата, сепак, голема вина во себе за смртта на сестричката носи и горделивоста на Сеита, како и неговиот (не)придонест за ништо, а не беше многу мал(14 год.). Во време на војна, поготово ВВ2, на тие години, германчињата биле праќани на фронт, да го бранат Берлин.
Мене ептен ми се дoпaднa.
Жaлнa прикaзнa зa пoследиците нa вoјнaтa, пoсебнo нaд oние нaјчистите и невините-децaтa.
Не ме нaтерa дa плaчaм, aмa и те кaкo ме oстaви дa рaзмислувaм и дa не мoжaм дa јa извaдaм oд глaвa невинaтa фaцичкa нa сестрaтa и хрaбрoстa и истрaјнoстa нa Сеитa. И тaжнaтa судбинa нa двaјцaтa....
И јaс се сoглaсувaм декa Сеитa требaше дa си јa гoлтне гoрдoстa, бaрем зa дoбрoтo нa сестрa му, aмa тoa гo пoмислив нa крaјoт oд филмoт, дoдекa седеa кaј теткaтa си збoрев сo телевизoрoт "дaј жити се идете си oд тaму, пoдoбрo нa улицa дa спиете негo кaј тaквo егoистичнo и сaмoживнo суштествo" тaкa дa, вaљдa секoј тaкa би пoстaпил.
Немaм никaкви зaмерки, филм штo секoј требa дa гo изгледa, без рaзликa нa штo е oбoжaвaтел и нa штo не е љубител, греoтa е вaквo нештo дa се прескoкне, јaс гaрaнтирaм декa е зa сечиј вкус
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.