Што си ти лично, во последниве неколку години оштетен од Заев? Што ти има тебе лично украдено од твој џеб? За омразата спрема Заев да е дупло поголема од човекот кој испокраде пари за век и векова? сокри убиства, ја иселе пола Македонија. Шо требаше по твое ? да го остави до БЕЗКРАЈ да ја пустоши Македонија? Затоа го мразите бе пиле Заев, затоа. Гол го соблече Грујо, затоа е и таа омраза. А дека ти е гајле за Грујо и компанија на некој шо гледа Сител да му ги тераш тие филмчина.
Мафо јас сум иселен за време на СДСМ па не ги обвинувам за тоа. Од Македонија народ се сели од памтивек, сега со бугарските пасоши е малку полесно и кој и да е на власт ИСТО ќе беше. Кога веќе спомнуваш селење, дијаспора итн само да те потсетам дека СДСМ одбива да соработува со дијаспората, да праќа учители, да и даде да гласа, во минатото секакви обструкции правеле на повлијателните нашинци надвор. Пасоши не беа давани и испраќани, машината за отисоци ја расипуваа во два наврати и „губеа“ кога требаше да ја донесат за АУС. Затоа и нема никогаш да биде прифатена како валидна опција за огромен дел од дијаспората.
А иначе Заев ја поткопа позицијата на Македонија во преговорите со грција со пуштање на разговорите. Тоа мене ми значи многу повеќе него ли се што ти спомна погоре. Ме засега затоа што е предаство и сериозно очекувам да лежи 30тина години за тоа - во нормална држава толку е казна за тоа, еднаква на убиство.
За овие другиве ти реков, си има СЈО нека ги реши. Имам пишувано тука јас сум и за СЈО и за специјално судство и за многу поголем буџет на СЈО. Ако не ги очистат СИТЕ криминилци од двата табота и за тоа ќе го кривам Заев затоа што не се исценка за се тоа кога можеше. Пржинскиот договор е уствари тотален промашај од негова страна, ВМРО го изманверира на речиси сите точки затоа сега е вака, им остана самоуништување на државата место тогаш да се направеше асален договор