A1 TV кабелска телевизија (Blizoo/Cabletel/Vip TV) - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата Xak
  • Време на започнување Време на започнување
И сега од 11-ти мај Blizoo ќе се вика Vip TV ?
 
У Куманово свите авта што бесва на близу, сга су ребрендирани у Вип. :D
Не шала на страна дечки, очекувам сега да ми биде поефтино од One да си вртам кон Vip.
 
Па добро, барем да се изнауживаме во вересијата додека трае.

Само не ми е јасно со која логика ја селат и техниката со сиот памет во центарот на градот. Знаев дека Близо од Раде Кончар се преселија во Соравија, постепено ги затвораат сите салони на Близо и ги консолидираат плаќањата на сметките и услугите на Вип и Близо во салоните на Вип, но ова со преместувањето на техниката е веќе чиста лакомштија. Парите не им се проблем, но ако толку не сакаат да плаќаат кирија во Раде Кончар, тогаш нека си купат некое друго место за техниката, наместо да ја селат во Соравија. А ако просториите во Раде Кончар се нивни и не плаќаат кирија, тогаш значи се уште полакоми за да не плаќаат сметки за струја и комуналии за просториите во Раде Кончар и во Соравија истовремено.

Значи тие кои живеат во западниот дел од градот - Карпош, Тафталиџе, Козле, Капиштец, и се разбира, Центар - ќе уживаат експресна техничка поддршка на терен кога ќе треба да им дојде екипа на лице место за да поправи дефект, а останатите - особено тие од другата страна на Вардарот, нека му ја мислат и нека чекаат, особено со протести и демонстрации како сегашниве, ќе се изначекаат светлосни години додека да пристигне екипата на терен. Можеби нема да биде таква ситуацијата во Аеродром и во Кисела Вода бидејќи се веднаш до Центар, ама затоа овие останативе од другава страна на Вардарот ќе си чекаат и ќе му ја мислат.

Дали Близо или Вип соработува(ат) со партнерски компании за одржување на нивните телекомуникациски мрежи ?

Доколку не соработуваат, би било добро да почнат, Македонски Телеком работи така веќе со години, всушност, во некои градови низ Македонија повеќе нема техничка поддршка од Македонски Телеком, ниту екипи за поправање дефекти на терен од Македонски Телеком, туку Македонски Телеком целата таа проблематика ја препуштаат на локални партнерски компании. Така на пример, еден мој пријател работеше околу година дена за приватна фирма која беше или можеби сеуште е во партнерство со Македонски Телеком и ја ширеа/шират нивната оптичка мрежа низ Скопје, а можеби и низ Македонија.
Ааа во Карпош. Значи нови комшии ќе имам... Интересно :)
 
На сајтот на Авму веќе не ги пишува како Blizoo туку по фирмата ОНЕ.ВИП ДОО Скопје

не постои како правен субјект веќе близо оне-вип ке се вика додека со време не го исфрлат и оне
 
Во Тетово веќе од пред некој месец е затворен Blizoo салонот а од неделава Оne салонот е брендиран во Vip. Се беше изназалепено Vip наместо One додека веќе постоечкиот салон што им е првиот сеуште си функционираше.
 
Дај барем со спојувањето да не изненадат со нов софтвер за рисиверите. :)

И да, мора промени во HD каналите, музичкине Брава, Класика итн. немаат ништо посебно, за такви работи има YouTube и слични сервиси. BOX, Discovery вредат, има што дa се гледа на нив, но подобро би било и каналите од FOX групацијата да ги видиме во HD.
 
Последно уредено:
Дај барем со спојувањето да не изненадат со нов софтвер за рисиверите. :)
Ма јас би се задоволил и со некои нови канали, на пример HBO и Cinestar како и тие канали што ги има на BoomTV да ги понудат и на blizoo (или како и да ќе се вика веќе).
 
Ма јас би се задоволил и со некои нови канали, на пример HBO и Cinestar како и тие канали што ги има на BoomTV да ги понудат и на blizoo (или како и да ќе се вика веќе).

Темава ќе остане со ова име или? :D
 
Темава ќе остане со ова име или? :D
Па што знам, не сум администратор или модератор :D
Убаво би било да се спојат темите од Vip, One и blizoo соодветно, кои за телевизија, кои за интернет, а кои за општо за компаниите и нивните говорни услуги (мобилна и фиксна).
Но најдобро пред се` е да дочекаме среда, 11ти Мај да видиме што како ќе биде :D
 
Наздравје, кодирањето е повторно вклучено. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom