Зошто нема спорт клуб ниту еден канал? Има некој таков проблем?
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
За жал друже стара песна сеуште. Нема никаква софтверска надградба добиено. Ако има ќе споделам овде, но тешко дека ќе се има и во иднина...@JB00F, има некакво подобрување кај софтверот кај новите кабелски рисивери од Близо или и понатаму е старата песна - претпоставувам дека е ова второво ?
Близо се одлучни да ме врзат за нив со нов договор на уште 2 години, па ми нудат нешто што навидум делува доста прифатливо земајќи ја во предвид задоволителната цена на месечната претплата која ми ја нудат, а дел од понудата е и` менување на кабелскиот рисивер за вториот телевизор со нов кабелски рисивер или со кабелски CA модул.
Бидејќи вториот LCD телевизор е евтин кинески фалсификат, го помни распоредот на дигиталните ТВ канали каков што ќе го наместам, но бројките на каналите остануваат исти, односно остануваат измешани, па затоа кабелски CA модул за вториот LCD телевизор не е опција - освен ако купам нов LCD телевизор, што баш и не ми е исплатливо во моментов.
Па затоа се двоумам помеѓу менување на сегашниот кабелски рисивер со нов кабелски рисивер, или да го задржам сегашниот кабелски рисивер без никакви промени.
Дали го решија Близо проблемот со новите кабелски рисивери кои не го помнеа распоредот на дигиталните ТВ канали, или и понатаму е старата песна ?
Сите канали ги отклучиле на близу.
На каналот РТРС пишува дека вечер ќе има Лига на Шампиони,дали го гасат каналот од близу тоа време дека аренаспорт само дава во вторник во Македонија??
префрлени се каналите на нова станица утре задутре ке се уклучат кодирањата деновиве ке се дислоцира станицата на друго место нема повеке да бидат во кончар ке бидат дел во соравија и дел кај алуминка во карпош 3
Ај седи си мирен, јес да се плаќа патарина за кај мене, ама блиску сум, преку Кале, Американска амбасада, ромите и оп, кај мене ќе бидат.Па добро, барем да се изнауживаме во вересијата додека трае.
Само не ми е јасно со која логика ја селат и техниката со сиот памет во центарот на градот. Знаев дека Близо од Раде Кончар се преселија во Соравија, постепено ги затвораат сите салони на Близо и ги консолидираат плаќањата на сметките и услугите на Вип и Близо во салоните на Вип, но ова со преместувањето на техниката е веќе чиста лакомштија. Парите не им се проблем, но ако толку не сакаат да плаќаат кирија во Раде Кончар, тогаш нека си купат некое друго место за техниката, наместо да ја селат во Соравија. А ако просториите во Раде Кончар се нивни и не плаќаат кирија, тогаш значи се уште полакоми за да не плаќаат сметки за струја и комуналии за просториите во Раде Кончар и во Соравија истовремено.
Значи тие кои живеат во западниот дел од градот - Карпош, Тафталиџе, Козле, Капиштец, и се разбира, Центар - ќе уживаат експресна техничка поддршка на терен кога ќе треба да им дојде екипа на лице место за да поправи дефект, а останатите - особено тие од другата страна на Вардарот, нека му ја мислат и нека чекаат, особено со протести и демонстрации како сегашниве, ќе се изначекаат светлосни години додека да пристигне екипата на терен. Можеби нема да биде таква ситуацијата во Аеродром и во Кисела Вода бидејќи се веднаш до Центар, ама затоа овие останативе од другава страна на Вардарот ќе си чекаат и ќе му ја мислат.
Ај седи си мирен, јес да се плаќа патарина за кај мене, ама блиску сум, преку Кале, Американска амбасада, ромите и оп, кај мене ќе бидат.Се надевам дека нема да треба и за други проблеми ако ги имам да ги чекам месец и пол да дојдат, па макар и протести имало.
И да, мислам дека уште салонот со бренд blizoo остана кај мене на Џон Кенеди што е, за други не знам дали има во Скопјево.
Иначе мене уште чудно ми е, @vlatko100 зошто на две места, во Соравија и во Карпош, зашто не само на едно место?![]()
Ахахаха, мрш бе (без навреда, така иде зборот), знаеш дека ме мразат типците, кошмар сум им, претпоставувам со хелихоптер ќе доаѓаат ако треба, само да не ме гледаат по салони, да ме читаат по пораки или слушаат на телефониСупер, да те видиме тебе како ќе си седиш мирен кога повторно ќе имаш технички проблем.![]()
Да, но зошто и во Карпош, тоа ме чуди и не ми е логично.Јас ќе ви кажам зашто се селат. Прво Вип има врски во Соравија комплексот да не речам голем дискаунт. Второ самата зграда е скоро празна пошто објектот никогаш не сјаеше нешто посебно па ете... им одговара во секој случај. Таа зграда е нивна на некој начин
Не добив одговор, зошто на две места ја селат опремата, зошто не само на едно место, на пример во Соравија само?затоа што ке се надградува зградата во кончар па ке мора да се селат а ова со преселбава ке си искорисат сопстевн деловен простор