Јас студирам моментално Туркологија со старотурски (османски) јазик во Софија. Јазик којшто има огромна сличност со турскиот и чијшто вокабулар е далеку поблизок до арапскиот и персијскиот за разлика од денес реформираниот модерен турски јазик. Се пишува на осовното арапско писмо,со исклучок на назалните арапски букви и плус уште некои букви коишто ги нема во другите верзии на арапското писмо. Ако се мислиш з стипендијата од министерство, немој да се мислиш два пати и земи ја. Се исплаќа месец за месец, луѓето од министерство се одлични, нема митови од стилот на книшки, партии, ти треба само желба. Имаш работа со договор уште на стартот на студиите, мотивацијата е голема, јазиците се преубави, ама ако ти треба совет каде, дефинитино немој Софија, одбери го Беградскиот Филолошки факултет кадешто се усредоточуваат САМО на турскиот и старотурскиот за разлика од програмата на Софискиот кадешто во програмата имаат вметнато плус казахстански и азербејџански јазик. Документите ни се дадени на увид во Државен Архив и во Национален Институт за Историја, ние ќе работиме на нивен превод. Кадарот моментално ни е сведен на 1 човек во цела Македонија којшто го знае јазикот а тоа е директоротот на Институт за Национална Историја. После завршување на стипендистите, се собираат сите и почнуваат со превод. Турција односно нивниот архив исто така ги има дадено документите на ачик така да само напред.