Османски јазик

  • Креатор на темата Креатор на темата Vasko.G
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 јули 2013
Мислења
287
Поени од реакции
180
Возраст
27
Некој кој има искуство од оваа област. Препораки совети? Инаку Османскиот јазик е официјален јазик на Османлиската империја. Почнав да го проучувам од една книга според методот на хагопиан но би сакал да слушнам и искуства од други кои го изучувале.
 
Хах бе како сакаш свати ме ама ќе речам едно си го трошиш времето.
 
Што јазик ќе беше османскиов? :eek: Јас знам за османлиски, за османски првпат чуо.
 
Едно те исто е османлиски или османски, османлиска или османска империја
 
Што јазик ќе беше османскиов? :eek: Јас знам за османлиски, за османски првпат чуо.

Мисли на османотурскиот јазик кој се говорел во Османската Империја. Бил службен јазик и се пишувал со арапско писмо. Архаичноста на османотурскиот (од кој произлегува модерниот турски јазик) и арапското писмо го прават малку незгоден за учење, проучување и преведување. Иако сме имале и имаме ориенталисти (а не е чудо и по некој Турчин овде да го знае јазикот), во РМ катедра за ориенталистика, колку што знам, нема. Секако има во другите балкански држави, а ни Истамбул не е далеку.
 
Турски е то бре.
 
Прв османист од Македонија беше Александар Матковски, понатаму Панта Џамбазовски, Д. Шопова,денес актуелен е Драги Ѓоргиев
Мисли на османотурскиот јазик кој се говорел во Османската Империја. Бил службен јазик и се пишувал со арапско писмо. Архаичноста на османотурскиот (од кој произлегува модерниот турски јазик) и арапското писмо го прават малку незгоден за учење, проучување и преведување. Иако сме имале и имаме ориенталисти (а не е чудо и по некој Турчин овде да го знае јазикот), во РМ катедра за ориенталистика, колку што знам, нема. Секако има во другите балкански држави, а ни Истамбул не е далеку.
[DOUBLEPOST=1462272946][/DOUBLEPOST]Прв османист од Македонија беше Александар Матковски, понатаму Панта Џамбазовски, Д. Шопова,денес актуелен е Драги Ѓоргиев
Мисли на османотурскиот јазик кој се говорел во Османската Империја. Бил службен јазик и се пишувал со арапско писмо. Архаичноста на османотурскиот (од кој произлегува модерниот турски јазик) и арапското писмо го прават малку незгоден за учење, проучување и преведување. Иако сме имале и имаме ориенталисти (а не е чудо и по некој Турчин овде да го знае јазикот), во РМ катедра за ориенталистика, колку што знам, нема. Секако има во другите балкански држави, а ни Истамбул не е далеку.
 
Османскотурскиот јазик кај нас се изучува како задолжителен предмет на катедрата за турски јазик и книжевност на филолошкиот факултет во Скопје .
 
Османскотурскиот јазик кај нас се изучува како задолжителен предмет на катедрата за турски јазик и книжевност на филолошкиот факултет во Скопје .
Да да знам, ама ми треба некој кој што веќе го изучувал бидејќи планирам да го студирам османотурскиот јазик, во смисла да сподели искуство, начин на учење итн.
 
Јас неам студирано османотуски јазик, али ако прашуваш за совети од луѓе што го студирале можам слободно да ти кажам дека сите тие како главна препорака или совет би ти дале да студираш нешто друго отколку вакво нешто што после за к.. нема да ти користи.
 
Не е точно дека нема корист од изучувањето на османскиот јазик. За разлика од Грција, каде што не смееме да припариме, архивите во Турција ни се дадени на располагање, но нема луѓе што го знаат јазикот за да ги проучуваат.
 
А што е разликата помеѓу овој јазик и модерниот турски? Во кој период се зборувал османскиот јазик?
 
А што е разликата помеѓу овој јазик и модерниот турски? Во кој период се зборувал османскиот јазик?

Современиот турски е реформиран во ’20-те по падот на Османската империја. Главна промена е замената на старото арапско со латинично писмо, но и општо отфрлање на големото арапско влијание.
 
Јас студирам моментално Туркологија со старотурски (османски) јазик во Софија. Јазик којшто има огромна сличност со турскиот и чијшто вокабулар е далеку поблизок до арапскиот и персијскиот за разлика од денес реформираниот модерен турски јазик. Се пишува на осовното арапско писмо,со исклучок на назалните арапски букви и плус уште некои букви коишто ги нема во другите верзии на арапското писмо. Ако се мислиш з стипендијата од министерство, немој да се мислиш два пати и земи ја. Се исплаќа месец за месец, луѓето од министерство се одлични, нема митови од стилот на книшки, партии, ти треба само желба. Имаш работа со договор уште на стартот на студиите, мотивацијата е голема, јазиците се преубави, ама ако ти треба совет каде, дефинитино немој Софија, одбери го Беградскиот Филолошки факултет кадешто се усредоточуваат САМО на турскиот и старотурскиот за разлика од програмата на Софискиот кадешто во програмата имаат вметнато плус казахстански и азербејџански јазик. Документите ни се дадени на увид во Државен Архив и во Национален Институт за Историја, ние ќе работиме на нивен превод. Кадарот моментално ни е сведен на 1 човек во цела Македонија којшто го знае јазикот а тоа е директоротот на Институт за Национална Историја. После завршување на стипендистите, се собираат сите и почнуваат со превод. Турција односно нивниот архив исто така ги има дадено документите на ачик така да само напред.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom