МАКЕДОНИЈА ВО КОНЕЧНА РАЗРЕШНИЦА: ДА СЕ БИДЕ ИЛИ НЕ!
На крајот, Македонија ќе биде инспирација за многу земји да се ослободат од ропството на Новиот светски поредок
...................................................................................................
Иако можеби на прв поглед не изгледа така, многу нешта одат во прилог на успешно разрешување на македонската политичка криза и одбраната на суверенитетот и слободата на државата и народот. По повеќе од две децении невидена геополитичка тортура врз земјата која имаше разни изразни облици, кулминацијата на кризата последниве две години деновиве навлегува во својата разрешница. Како што најавивме во еден од последните текстови, македонската криза ќе се разрешува заедно со светската, во комбинација со домашни специфики, и тоа веќе се случува. Еве некои елементи кои укажуваат на тоа.
1. Изјавата на еден од водечките натовски генерали по билатералната средба НАТО-Русија минатата недела дека западната воена алијанса веќе нема да се проширува, барем не во догледно време, „за да не се нервира Русија“. Многумина аналитичари поедноставено тоа го оценија со еден збор: капитулација! Не се далеку од вистината. Руското глобално покажување заби дава резултат и ги принудува САД на подвиткување на опашката. За светот, особено за Македонија која со години е дел од плановите за проширување, во блиска иднина ова ќе значи големо олабавување на тензијата која ни ја наметнуваат западните сили и големо ослабување на позициите на внтрешната петта колона, која е извршител на актуелниот обид за голема дестабилизација на регионот, не само на Македонија.
2. Неодамна, познатиот и озлогласен американски геостратег Збигњев Бжежински објави анализа со наслов „Американскиот интерес“, во кој констатира, поточно со други зборови признава неколку суштински факти. Првиот е дека Америка не е веќе единствена глобална сила. Вториот е застрашувачко предупредување дека „крајот на американската глобална улога најверојатно ќе значи и глобален хаос“. Глобалниот хаос, всушност, веќе е во тек, како резултат на борбата на повеќе народи за ослободување од американската хегемонија и тоталитаризам. „Зад политиката“ неколкупати пишуваше дека во светот, вклучително и во Македонија, во тек е спроведувањето на најновата американска „национална безбедносна стратегија“ стратегија за предизвикување светска граѓанска војна, всушност серија хибридни и специјални информациско-психолошки војни чија цел е на САД да им обезбедат повлекување без поголеми штети, оставање хаос зад себе, со цел зафаќање на што поповолни позиции за Америка во распределување на сфери на влијание во идниот мултиполарен поредок во светот. Униполарната доминација на англоамериканскиот систем на неоколонијализам е дефинитивно поразен и само е прашање на време кога тој пораз реално ќе се ефектуира на радост на целата планета. Третиот момент, всушност обид на Бжежински да изведе нова стратегија за поразената американска доминација, со рецепт за одржување на американската моќ, препорачувајќи политика со која ќе се натерале најголемите ривали, Русија и Кина, да работат за американските интереси. Не само што оваа желба е во логички судир со првите негови констатации, туку очигледно се работи за веќе сенилен и пролупан ум на еден озлобен старец кој нема врска со реалноста и кој ќе замине од овој свет заедно со своите болни неостварени соништа за светска доминација.
3. Третиот елемент кој оди во прилог на успешна и надежно мирна разрешница на македонската криза е фактот дека и по толку време, т.н. шарена револуција не успева да добие на масовност и критична маса за насилно соборување на власта, како дел од сценариото на хибридната војна која и е наметната на нашата земја. Главно, не протестираат повеќе од 5,000 луѓе, не навлегувајќи во тоа кој и како ги поттикнува на протести. Но, очигледни се инфилтрациите на СОРОС и на “Канвас“ не само во СДСМ, кои многу наивни демонстранти едноставно не можат да ги забележат, дури и кога одделни поединци повикуваа на судир со контрапротестантите, што ќе беше погубно. Сквернавењето на новоизградените објекти е само израз на фрустрација од неможноста да се оствари главната цел: воспоставување на целосна англоамериканска контрола врз македонската држава и народ и нивно експлоатирање. Домашните квислинзи немаат морална сила и на крајот тоа ќе пресуди. Потегот на Претседателот Ѓорѓе Иванов со аболицијата се повеќе се покажува како далекусежен и суштински во спречувањето на кобните последици кои би ги предизвикала една успешна хибридна војна против Македонија, со насилна промена на власта. Од друга страна, се чини македонските власти/бездносни механизми имаат цврст став да опстојат на одбраната на суверенитетот и слободата, а веќе навестено е и целосно медиумско раскринкување на иницијаторите на кризата, нивните планови и нивните домашни платеници.
Тоа дополнително ќе ја зајакне македонската државна позиција, и морално ќе ја уништи обоената револуција.
4. И покрај сите обиди и провокации, англоамериканците не успеваат да ги инволвираат Албанците како нивно орудие во македонската криза, со цел повторно предизвикување крвав меѓунационален воен конфликт. Едноставно, не успеваат. Мнозинството Албански народ ја има прочитано целата игра и одбива уште еднаш да биде злоупотребен. Тоа е огромен адут за успешна разрешница и за иднината на земјата.
5. Досега нема жртви, иако иницијаторите на кризата и тоа како сакаат да има, за да се разгорат немирите. Тоа е речиси неверојатен успех во целиот овој хаос и само ја потврдува висока свест за тоа што се случува, но и огромната одговорност и професионалност на македонските безбедносни сили. Да се надеваме дека ќе остане така.
Се разбира, може да се очекуваат уште сериозни провокации, но како што наближува денот на изборите 5 јуни, така се чини дека Македонија е на добар пат не само мудро да се одбрани, туку и да биде инспирација за други земји цврсто да се спротивстават на налудничавите планови за воспоставување Нов светски поредок.
извор: Зад Политиката.
Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk