Најлоша комбинација на интернетов е ужасно неписмена латиница испомешана со патриотизам.
Боже мој, никој не е со сето знаење на светов, ама анализи, па вечното Путин вс. Обама, а ни Лилав Пилав не прочитале... па не може да сфатиш озбилно.
Наука е „науката докажа зошто мажите сакаат цицки“(?!?!)
Логика е дека ако не сакаш едни, автоматски си за други.
Верба стриктно се покажува преку Исус на тост (кај нас, потрадиционално, може во запршка), ставен на Семе Синапово.
Гласност - 102,3%, а победнички аргумент "ne jadi la*na".
И странец те прашува за што толку разговараат километарски. Оди, па кажи му...