Здраво,
Кучето е на возраст од осум месеци, заден пат е прочистено на седум месеци. До сега еднаш месечно му давав по една таблета. Прашањето е дали да го зголемам интервалот на прочистување? Што е најдобро за кучето да биде безбедно од паразити?
Фала однапред
Поздрав
Ќе се сложам со одговорот на
@SnowDOG над мене, нема некое строго правило, според мене до кај 6 месеца би требало еднаш месечно да се прочистува кученцето, а може да се продолжи и до 1 година, кој како сака, сепак нема штета во секој случај.
Јас до 6 месеца ја прочистував еднаш месечно, потоа потоа почнав на секои 3 месеци, значи на 9 месеци, 1 година, 1 година и 3 месеци, и таканатаму ...
Само сакав да надополнам, за таблетите.
Има повеќе видови на таблети што можат да се најдат кај нас во ветеринарните станици, најчесто се застапени Дронтал, Дехинел, Бихелдон ...
Јас би ти го препорачала Дронтал, го произведува
Bayer и е многу квалитетен.
Јас користам Дронтал, и сум презадоволна.