Јас користам исклучиво ампули, бидејќи огрлиците (Скалибор и Бајер Килтикс) ги посочувам како 2 најдобри огрлици на нашиов пазар, се со светла крем боја, и воопшто не изгледаат убаво на врат на Доберман, естетски.
Тоа е причината што не ги користам, не дека не се квалитетни.
А башка ампулите што јас ги користам се вторите најдобри ампули по квалитет на наш пазар, и јас досега сум презадоволна од нив, еве скоро 4-та година по ред ги користам, и досега немам никаква замерка.
Станува збор за ампулата Advantix од германската фирма Bayer ... и освен што штити од крлежи и болви, и други паразити, исто така штити и од песочната мушичка која што е преносител на опасната болест Лајшманија.
![]()
А најдобра е Адвокат (Advocate исто од Bayer) таа освен што штити од надворешни паразити, штити и од внатрешни паразити, повеќе инфо имате на линкот во заградата.
Скалибор е БЕЛА, со нијанси на Швајцарски снег


Адвокат е да веројатно најдобрата што може да се најде кај нас ама не штити од крлежи само од другите паразити и инсекти. Затоа Скалибор во комбинација со адвантикс или адвокат ми е совршено решение.