Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
12 март 2009
Мислења
20.454
Поени од реакции
16.661
Баба од Тетово седи на аутобуска. Повредено колено. Мислела дека може да искористи слободен превоз до Скопје за да иде на лекар - ортопед. Нормално, не и дозволиле тоа, пошто нели не ја донеле за она да иде на лекар тука, него да присуствува на митингот за одбрана на Македонија. Поминувавме и ни побара храна. Другаров отиде да и купи, а ја си напраив муабет со неа. Не. Не им давале овој пат ни сендвичи ни вода. Барем на тие со неа у автобус.
Од друга страна, тие што беа од источна Македонија ги видов со истоветни сендвичи.
а јас во вторник вечерта , се враќав од Карпош4 во Лисиче со автобуси, ( сат и пол не фати), кога се симнував на последна 15-а видов излегоа од автобусот 2-ца дечки, немаа повеќе од 17г со празни прљави торбици, а и една девојка... јасно е дека торбиците им служеле за јајца и боја, но прашањето е колку пари им дале за демонстрирањето?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
а јас во вторник вечерта , се враќав од Карпош4 во Лисиче со автобуси, ( сат и пол не фати), кога се симнував на последна 15-а видов излегоа од автобусот 2-ца дечки, немаа повеќе од 17г со празни прљави торбици, а и една девојка... јасно е дека торбиците им служеле за јајца и боја, но прашањето е колку пари им дале за демонстрирањето?
требаше да ги следиш до дома да видиш кај живеат дали во убај куќи или во некои бараки распаднати
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Со лани споредува. :pos:
Иста организација сте направиле, само Груевски фали да одржи говор, ама подобро што го нема, пошто му бегаат пола народ сред говор.

Ај види на 5 метра од бината колку празно е, уште и спружиле огромни знамиња за да се наполни просторот ... кажи му на режисерот да не снима на 90 аголи дека сите дупки се гледаат, нека снима косо ефектот е подобар ахахаха

 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.318
Поени од реакции
26.251
Нема чаре, готово е. Од едната страна храбри протестанти, кои се можеби 50 до 100 пати повеќе отколку што беа лани пред Влада. Од другава страна фантоми и холограми, кои не биле во иста бројка како лани.

Какво чаре може да има после такви експертизи. Десет-дваесет Срби со „хајмо звиждаљке“ и навлажнети пациенти на тони. Нема чаре тука, чип е тоа.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.872
Поени од реакции
30.787
Нема чаре, готово е. Од едната страна храбри протестанти, кои се можеби 50 до 100 пати отколку што беа лани пред Влада. Од другава страна фантоми и холограми, кои не биле во иста бројка како лани.

Какво чаре може да има после такви експертизи. Десет-дваесет Срби со „хајмо звиждаљке“ и навлажнети пациенти на тони. Нема чаре тука, чип е тоа.
Па добро ако ги има повеќе шо не идат на избори и нека заврши ова веќе еднаш ? Преку долниов ни е на нас обичните смртници и од плавите и од црвените...цитрони ни ги направија и едните и другите.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.318
Поени од реакции
26.251
Па добро ако ги има повеќе шо не идат на избори и нека заврши ова веќе еднаш ? Преку долниов ни е на нас обичните смртници и од плавите и од црвените...цитрони ни ги направија и едните и другите.
Не знам зошто не одат на избори. Тоа е некоја специфична логика, несфатлива за тие што немале среќа да се родат со дарба да ја разберат.
 
M

macgowan

Гостин
Нема чаре, готово е. Од едната страна храбри протестанти, кои се можеби 50 до 100 пати повеќе отколку што беа лани пред Влада. Од другава страна фантоми и холограми, кои не биле во иста бројка како лани.

Какво чаре може да има после такви експертизи. Десет-дваесет Срби со „хајмо звиждаљке“ и навлажнети пациенти на тони. Нема чаре тука, чип е тоа.
Чип? Овие денес шо ги влечкат за уши по список од по училишта, од РЕК Битоли, комуналци и водоводи и сл. шо чип имаат?
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Има некој маж од овие провладиниве форумџии да ми објасни, по која логика Хорхе аболира некои фаци како Урко и Мијалков, а овие извршителите на наредби како таа инспекторката или тие во битола тендери што местеле ке го јадат?:tapp:
 
Член од
13 декември 2014
Мислења
422
Поени од реакции
337
Ова на ГДОМ е панаѓур или контра-протест? :icon_lol:
Mislam Toni Mihajlovski drzese govor taka da panagjur. Cela ova manifestacija e samo cheap i nikoj od ovie sto sborea ne kaza ni edna pametna rabota. Site pred sobranieto se silat za Makedonistinata a 1km od tamo (potocno vo Cair) e "No go area" bravo!
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.632
Поени од реакции
7.766
http://www.libertas.mk/galerija-na-kontraprotestot-plakati-ne-vo-eu-nato-nadvor-vashite-ambasadori-se-grdi/
На контрапротестот плакати „НЕ во ЕУ“, „НАТО – надвор“, „Вашите амбасадори се грди“

Единствена Македонија“, „Не во ЕУ“, „НАТО – надвор“ и „Народот е силата“ се плакатите залепени на контрапротестот организиран од движењето ГДОМ пред Собранието, пренесе БИРН.

Пред присутните на контрапротестите организирани од движењето ГДОМ се обрати актетот Петар Темелковски.

„Македонија не е само држава, Македонија е икона на Балканот, црква на Европа, манастир на светот“, рече тој.

Александар Пандов од движењето ГДОМ повика Уставниот суд времено да ги забрани активностите на невладиниот сектор.

„Како ГДОМ ќе испратиме порака до Уставниот суд времено да ја запре работата на сите граѓански организации“, рече тој на денешниот контрапротест.

Само нека продолжат така , Србија под Милошевиќ ќе ја замениме . :bravobe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom