Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.393
Поени од реакции
5.260
Па мора да го придобива албанското гласачко тело :tapp:
А што прави на ЛГБТ гласачкото тело? Им го пуши?

Се има мера до каде треба да се умилкуваш на одредена структура, може да има двоен ефект... Зајко тоа не го смета...
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Не се секирај, кога ќе се смени власта, тие од 2001 ќе преовладуваат;)
Ко да не владеат тие веќе. :icon_lol:
Такви моронски фори ко албанец премиер и албански сдсм може само на неписмени да продавате.
А тоа што патриотската вмро од 2008-ма е во тендер коалиција со учките, тоа е ирелевантно, нели?
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.689
Поени од реакции
12.669
Не знам од кај да почнам, не знам ни што точно да искоментирам, нит дали сакам реално. Пошто будала и параноичен бев лани коа ги јадев гомнава па еве се деси, и се деси пак, ради „меморијата“ на македончето. Изглеа програмирани сме едино да памтиме дека сме Антички и ИМЕТО НЕ ГО ДАВАМЕ ! Како тргнала работава, ова ќе „заврши“ или ескалира со нечија смрт.

Како е хаотично и тензично, а сеуште цела држава не знае за сево ова.... Па барем пола од народов или не знае или само начул што се дешава. Истите тие што лесно е да ги нас'скаш со неколку пораки и ИМЕТО, истите тие што не дремат толку по интернет, или не се замараат со политика, едноставно слепо гласаат, тек тие коа ќе се вклучат во ситуацијава што ќе биде.

Добар дел овдека ме знаат кој сум. Кој ме запознал во живо, кој видел мои слики на форумов, кој чисто од никот мој или муабетите што сум ги правел, или низ муабет со други членови, па и на кодошчињата ќе им мафнам, што се кријат позади јузери со 3 мислења или чисто како „гости“ ги читаат работите овдека пишани. Џабе кодошите коа ја сето ова и в лице ви го кажувам и сум ви го кажувал. Јас, како човек, што истерал неколку вмровски кампањи, сум им бил член и на ОК, и претседател на неколку комисии, после она што го видов во 2011, си се тргнав настрана. Доста беше.

Разговорите ?! Прислушкувања ?! Ништо не знаете....Со какви се податоци се поседува и што се се знае. Не само ВМРО. ВМРО е на тапет пошто први почнаа, или ја софистицираа таа техника. Овие другите папки имаат, фолдери, полни со информации за секој член и активист на ВМРО, главно од нивните „кртчиња“ низ ВМРО, кртчиња на високи позиции. Едината разлика е што едните користат логистика, другите одат, барем навидум „ старошколски“, лице в лице. Рекла казала, ела докажи.

Поентата ми беше, сум им изработел, сум им истрчал. Од дете сум бил учен дека таа е таа опција. Али никад повеќе после таа 2011 некаква доверба, особено не слепа во нив, ниту пак во некој политичар, или некој што нешто ти ветува. Ја, можда ќе делувам егоистично, али сметам ми дошол тогаш умот. После постапката на Хорхе, не можам да сфатам како некој слепо ќе отиде и ќе го БРАНИ тој потег. И тоа пази, издиригирано од ВМРО, истото тоа ВМРО што е фрапирано од одлуката на Иванов, ти вика дојди сеа, прај контрапротести, покажи дека сме силни и изјави ГО ПОДРЖУВАМЕ ВМРО И ИВАНОВ, СДСМ СЕ КРИВИ !!!

Океј бе двоклеточен организму. Како тоа твојата партија е фрапирана од неговава одлука и се оградува од истата и ја осудува како нешто изсценирано од СДСМ, а во истиот миг ти вика оди брани ја ?!

Не велам дека нема луѓе што не се свесни колку е саат или пак ова им беше последна капка. Има, и тоа многу. Затоа и во толку помал број се. Ама и тој малиот број смета.


Во овој дел сакам да посочам дека не ми е намерата кон едни да плукам а други да бранам, има се да исерам. Така да, ако си се нафатил да читаш, трај, долго ќе биде.

Да се вратиме на разговорите лански. Го обожавам муабетот „ какви странски служби бе ?! Која будала нација ќе се замара со нас ? Каква Америка, каква Русија...други прислушкувале како не “. Реално го обожавам муабетов пошто, ме прави да се чувствувам попаметен, реално ме прави. Излегува типот со разговорите и упорно тврди дека истите се прислушкувани од ВМРО и УБК. Како молимте ако прислушкувале, сами се прислушкувале и тоа на лични и обезбеди линии кај што неретко знае да се спомнат апла сензитивни теми? Точно тоа што беше кажано беше грозоморно и шокантно за слушање, али како што лани кажав, тоа се „бла-бла“ муабети. Она што стварно се дешава е далеку полошо. Многу нормално е фокусот да падне на тоа. Ама тотално да го занемариш фактот, од кај излегоа разговориве ? Како тоа лидерот на најголемата опозициона политичка партија, човекот кој што најмногу може да профитира од сето ова, како тој човек стигнал до нив ?!
Истиот тој човек бараше избори.
Ајде, чка пробљем.
Еве ти избори.
Бараше оставки.
Ајде, еве оставки.
Преодна влада. Ете и тоа. Прочистување, и тоа ете. Подршка од ЕУ кловнови и Карла Дел Понте имитатори, и тоа ете. Со нив ќе се договорел. Ете се договори. Со другите политички партии, ете ајде и со нив. Сеа состанок сакам, ама ја не идам, циу, не чини. СЈО САКАМ !! ПРОЧИСУТВАЊЕ САКАМ !!! МИНИСТРИ САКАМ !!! СЕГА САКАМ !!! ПОСЛЕ САКАМ !!! СЕА Е РАНО, АЈ НА ПРОЛЕТ !!! АМА АЈ В ЛЕТО !!! Е НЕ !!! НЕЌАМ ИЗБОРИ !!!!

Запомни, тој се откажа од изборите в лето, ќе ги бојкотираше, месеци пред Иванов да го напраи ова. Месеци. Така да, сеа тоа што ќе следи, како тоа е фактор, запомни, истиов морон, истиот муабет го праеше долго време пред Хорхе да и пресуди на државава.

Од прва рака инфо. Не ни одговара Мојсо избори в зима. Ние секако че протестираме, и се че прајме да излези народо на улица, оти само така внимание че привлечиме. А ела натерај некој да ти дреми в зима по улици по шатори. 2 дена и после сите че си замина

И сеа да видам како „ некој “ неопределен и загрижен граѓанин ја повикува најголемата опозициона партија да застане рамо до рамо со „ загрижениов “ пошто и тие се засегнати од ова и имаат моќ да помогнат. Па и добар дел да појдат со изјавава, не дека толку ги сакаат СДСМ, едноставно го мразат ВМРО ?!

Читни го ова, размисли троа, не мора мене да ми веруваш. Нит ме знаеш нит ме познаваш. Ама размисли, протести и немири секогаш им беа на агенда. И како ја да застанам со некој што, поседува бог знај како прислушкувани разговори, некој што упорно се прави кловн, некој што упорно лажи, менува изјави, манипулира и планира да искористи и протести и немири, да дестабилизира со цел да дојде до власт ?! КАКО ЈА, ДА ЗАСТАНАМ, ДА СИ ЈА БРАНАМ ДРЖАВА ОД БЕЗСРАМНИ ГАДОВИ, СО ПОМАЛКУ ИНТЕЛЕГЕНТЕН ГАД ОД НИВ ?! КАКО, НЕГО ДА МУ РЕЧАМ, ТИ СИ МИ БРАТ СЕА ВО ГОМНАВА, ЗАЕДНО ЌЕ ИЗЛЕЗЕМЕ !!!!


Ма и протести и штрајкови и целосно запирање на секаква инстутицја и функција во државава, ЗА СЕ СУМ ЗА !!! Али немој со нив !!
Исто па и бетар !!! БЕГАЈ !!! Пошто луѓето, што газат други луѓе, луѓето што гледаат едино нив џебот да им е полн и покрај жената и децата, ни за свој брат прст не би мрднале ако немаат корист, тие увек ќе се на врвот на било која власт. А тие се истите што ги прават сите гомна. Книшка и членство одамна прекина да има некаков удел. Идеали и идеи, па да ги поистоветиш со политичка партија, одамна прекинаа да имаат некаков удел. Немаш лево или десно крило. Сите се исто, со истите идеи, истото срање.

Во моментов, Хорхе даде идеална шанса да си се извадиме од гомнава како народ, али баш како народ. Неќам никој од вас на моја страна. Нит ВМРО, нит СДСМ. Протестирај, контрапротестирај, до мене, со мене, не стој !!! Подалеку !!! Иаме ние и интелктуалци и академци и свежо дипломирани дечки и бизнисмени, кој тука останале кој заминале надвор да се докажуваат. Сакаме подобро ама неаме трето ?! Пизда ли му матер, 2 милиони народ. Гарантирам дека поголемиот дел од нив се против било која од овие две опции. Па ако неаме 3, ќе си избереме 3та бре !!! Дур му ја мислиш дали ќе сме следна Украина, Иран или Филипини, земи како народ, комплетно неполитизирано, смени.

Ама Мојсо, нема да не остават странските сили ?!
Кои странски сили бе ? Нели не постоеа ? Нели не се замараа со нас ?! Па и да се замараат, ако прекинеш да мислиш само „мене да ми е убаво“, туку да почнеш „на сите да ни е убаво“. Ако прекинеш да мислиш „ја брат сум се трудел. Сум научил, сум дипломирал. Сум си го заработил своето. Ти кај беше ? “ а почнеш да мислиш „ Во ред, ја со моето до овде стасав. Ми се пружиле можности. Дај да ти помогнам со ова. Дај овдека пробај, дај со мене пробај.“ Ни една нација во светов нема да дојде да ти се смеша, да ти изврши масакар или што уште не. Ако ја исфрлиш паранојата дека тој до тебе ти мисли лошо, или ти нему, ништо не те запира.

Ама Мојсо, партиите ја имаат целата моќ ! Држат се во рака, од богат до сиромав. Од војска до хигиеничар.
Точно. Секој си има костури. Секој си има минато. Секој си има нешто со што некој можи да те држи во рака. Ама се дур ти имаш срам од тоа нешто, се дур не си го прифатил тоа нешто како грешка или лекција, се дур пробуваш да го криеш, до тогаш тоа има моќ. Прифати го и ајт у курац. Ама ќе ме избркаат од работа, ќе ја избркаат жена ми, сестра ми, мајка ми од работа. Детето нема да ми дипломира. ФРЛИ ГО ТОА ГЛУПО СЕБИЧНО МИСЛЕЊЕ НАСТРАНА БРЕ !!! ФРЛИ ГО !!! Еден ќе избркаат, двајца, тројца, 500 луѓе, милион. И секој од нив ќе се најде на улица, кај нив пред куќа, пред собрание, пред нивни канцеларии. Сите си ги знаеме корумпираните ликови во нашето опшество. Ја има да го јадам дебело за муабетов па ич кур не ме боли. Нит ми е прв пат, а ако не се смени ништо не ќе биде ни последен. Последен пат коа изедов вака гомна, стигаа пораки и ѕвонеше телефонот, да избришам што сум напишал, па и се закануваа по фамилијарни членови и со прст покажуваа. Не бе бато, не треба кон мене со прст да покажиш, оди во огледало, покажи си го себе.

И нека имаат и војска и полиција и се нека имаат. Коа мајка ти стои пред тебе, а ти држиш пушка вперена во неа, ќе пукаш ?!

Ама Мојсо, глупости тресиш. Живееш во твој свет, во идила, бараш идеално да е.
Извини, ама кој не бара ? Ако тебе поентата на живот не ти е на сите да ни е добро и убаво и да напраиме да им биде добро и убаво на друиве генерации, тогаш за што живееш бе ?! Не е само проживеј и умри, некој и после тебе треба да живее.

Албанците ќе искористат, ДУИ ќе искористи.
Па нека користат бе. Реално, време да се помириме со фактите и со се што се деси. Јебига, некој мора прв да пружи рака. Ако мислиш само на лошото минато, не одиш далеку. Време е, или ќе се помирам со фактов дека сме или ќе станеме федерација, или вие таму ние ваму. Па дели ја Македонија ако треба. Сите, али од прв до последен, сите, дали јавно или тајно само себеси, сте си помислиле ех таа специјалката Лупчо, коа викаше да ја делиме Македонија.





Да, сето ова го пишав, и ја ќе сум будалата и ненормалниот што живее во свој свет, што само сере и никој не го сфаќа сериозно. Истата будала што го пиша сево ова пред година ипол. Истата будала што викав не сте свесни на што се се спремни. Што се знаат. Али чат пат, ќе се најде некој што ќе поверува, како еден близок другар што упорно му викав да не се пика низ партии, па денес да дојде и ми рече, страшно е она што се знаат. Иако истиов муабет му го кажав пред 5 години. И за да ви завршам се, пред да одам да си ја ставам фолијата на глава.



Нели е бре сето ова интересно изсценирано. Мислам, после онаа одлука секој, ама баш секој знае дека ќе има протести. И тоа масовни. Во истиов момент имаш посети од Претседатели што ти викаат, да да, држи ја границата затворена со вас сме. Грците викаат арно им праат овие, со ќотек, треба и ние исто. Имаш илјадници мигранти на граница што очајно пробуваат да поминат преку граница и од ден на ден се повеќе се радикализирааат.

Имаш постојани надлетувања со хеликоптери, сирени низ град повеќе од вообичаено. Џандари и војници што имаат „вежби“ низ полиња низ Македонија. За судењето било. Дај молимте. Не е судењето месец дена, па секој ден ти ова да ми го праиш. Тие низ градовите можда и не заприметиле некоја голема разлика, али тие малку по настрана од градот, при градски населби и села, знаат за што зборувам.

Нели е бе интересно, како Хорхе излегува со потег што е политички пропаст и за него а и за многу други баш во овие моменти. Во моменти кога сме едината граница за илјадници мигранти, во моменти кога се изпосрса и гомна изеде против Меркел и ЕУ и што ти уште не.

Прифати го фактот дека е сценарио. Смислено небитно од кој, али очекувано од двете страни кај нас, а чим тие го очекувале и тоа како се и други држави и „странски служби“ свесни за сево ова. Сценарио налик Украина, дестабилизација.


Али смени го сценариото. Не прифајќај никаква политичка помош. ОД НИКОЈ !!! Макар и ќотек и ребра и крв ме кошта. Сакам подобра иднина и излез од гомна, епа тогаш доста ми е од политичариве кај нас.


АЈТ ЗЗ!!! Отидов ја да испраќам пораки со морзеова азбука на НЛО-то над мојата куќа.

 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.807
Поени од реакции
4.499
Ф
СЈО не е судство, расложи ги тие три букви ќе добиеш индикации што уствари е.
Мора да читате подобро што пишете или копирате од некаде.
Фала ти бескрајно што ме просветли.
Јавен обвинител е судски орган кој покрева кривични постапки. Не е суд за на дедо ти меѓата. Јавниот обвинител покрева судска постапка против осомничен за кривично дело. Обвинителот ти е уствари адвокат на законот кој пробува да докаже дека некој за нешто е крив. На крај судија или порота донесува пресуда дали е така или не.
Среќа што од цел пост само ова го виде како дискусија за расправање, ти или си незадоволена жена или си израснал меѓу такви
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.393
Поени од реакции
5.260
A што е Фрчко? Сателит на Републиканска партија на УСА?
Фрчко е истакнат член на СДСМ, и како таков ги застапува нивните ставови и политики. СДСМ не се оградил од таа изјава ниту пак ја демантирал.
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.807
Поени од реакции
4.499
Фрчко можи шо сака да кажва, реалноста е сосем друга во ова 10 годишно владеење.
Јас не се слагам исто така дека е премногу долго на власт Г. Треба промена, сакам промена.
Не сакам промена по цена за да дојде некој на власт што е толку очаен па е спремен на овакви работи
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Зошто треба да ми биде гајле шо кажал Фрчко?
Ти не си видел ништо, u podrum si go bil.
Чисто да те потсетам што си напишал
Такви моронски фори ко албанец премиер и албански сдсм може само на неписмени да продавате.
Лека ноќ.
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
625
Поени од реакции
606
Јас не се слагам исто така дека е премногу долго на власт Г. Треба промена, сакам промена.
Не сакам промена по цена за да дојде некој на власт што е толку очаен па е спремен на овакви работи
Се сложувам со тебе дека не треба никако ни да се помисли на овој потег, но во овие 10 години премногу им е удоволено на албанците.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.411
Поени од реакции
36.343
Колку треба да си глуп 180км да патуваш со автобус до Скопје, за да присуствуваш на контра-протест и да го слушаш овој? :pos:
Османлиите земаа арач, тепаа, убиваа. Овие му го земаа и тоа малце достоинство што остана.
Ги гледам кај дрво декор ко стока ги бутаат во еден куп автобуси таму, еден со списоче и ко туристички водич. Стари луѓе ги влечат по автобуси.
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.807
Поени од реакции
4.499
Се сложувам со тебе дека не треба никако ни да се помисли на овој потег, но во овие 10 години премногу им е удоволено на албанците.
И јас се сложувам со тебе и тоа е голем проблем. Ама овој проблем сдсм никако нема да го решат. Напротив
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom