Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.824
Поени од реакции
2.914
Мене ништо од оваа криза не ми одговара, би сакал воопшто и да не постоеше, ме боли таквото за сдс ама заев моментално се понаша поразумно од вмро. Ја отфрла аболицијата машки и им предлага на вмро и они нека си ги отфрлат аболициите. Нека направат сите заедно притисок кај претседателот да ја поништи одлуката за аболиција. Се понашаат кукавички а тоа уште повеке внесува сомнеж кај народот.
Што кажа ? Дека Заев поразумно постапувал и дека машки се однесува и дека го отфрли аболиција ? Хахаха ,,чадорот" по изјавата на Иванов и веднаш му се јавил на Заев да отфрли аболиција ,а не машки се однесува пошо тоа не им одговара на ,,чадорите" за изјавата на Иванов. Ај ај размисли малку барем уфилмувај запрашај се ,зошто,кое е причината,од каде му текнува на Иванов за аболиција или некој му кажал, какви последици ќе има и се друго. Додека читам сите постови некои ми се смешни,некои со чудни размислување ама за жал повеќето го гледаат само последици како најголем предност,а не причината.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
825
Поени од реакции
839
Ти се дистанцираш од психозава, овие твои противници се дистанцираат од криминалот и така сите си се дистанцираат.
Зашто не прифатиш дека у вашите редови има психопати? Зашто мора да се дистанцирате од све што ви го нарушува угледот?
Онака ван партиски да те прашам. Мислиш ли дека госпожата треба да биде на слобода или во лудница? Лично мислење ме интересира само.
У кои мои редови бе дете, јас на твои години сум изучил образование со светски ранг, сум се залагал за наука и научна област, со енергија и дух и така сум се изборил за нешто во животот.
Ти на тие години јадеш сендвичи со плескавица и пишуваш за ВМРО и за СДСМ и ми кажуваш за некакви си луѓе од мои редови. :facepalm:
Ич не ми е гајле за каде е женава, колку што не ми е гајле за каде си ти.
Повеќе ми е гајле за каде е народов како целина, за она што го допушта или допуштил на луѓе кои треба да раководат со институциите.. На луѓе кои нанеле толку многу зло и неправдина.
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Абе Гујо не го глеам по снимкиве. Да не сечеше лента некаде? Сигурно некаде фрлал лопата за ново тениско игралиште у некое затуцано село у источна Македонија. Го нема меѓу народот на кој се повикува секој ден по куртон каналите. Го немаше ни позади поДржувачите. Шо му стана?
Нек си ибе векот, ама најјак е боксерот ко ќе е пред камери.
 
Последно уредено:

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.618
Поени од реакции
31.826
Најискрено се разочарав од тебе, како можи факултетски образован човек како тебе, да паѓа на ова ниво и да подржува помилување на
криминалци.
Па дека си се разочарал од мене сега нема да можам да заспијам ебаго :D Инаку многу ми е интересно и смешно кога ликови зборуваат за „криминалци" (зборувам за терминов како термин) кога за да едно лице го заслужи, треба да се десат многу многу работи, од постапка до пресуда, ама нејсе, сега нема право овде да тупиме нели? А за помилувањето, аболицијата, амнестијата и слични термини во ниту еден момент не пишав мислење. Јас конкретно разговарам за насилни протести и толку.

А веќе кога си тргнал по таа логика, оди до крај, на врвот на партијата за која се залагаш, имаш аболицирано лице. Нели е по малку апсурдно и иронично да ми замеруваш (иако објаснив дека ја отфрлам таа лаичка логика) ако се водиме по таа твоја логика? Тоа ти иди како да гледаш во мојот двор и да ми викаш, еј види, кучето ти се посрало смрди корни, додека во твојот двор лајната од твојот пес со месеци и години стојат непофатени и ја горат тревата? Против селективна правда, се бориш со селективна правда. Не одат така работите. Еве те повикувам од минатата страна кога почнавме фин муабет да ми најдиш дел во кој велам дека аболицијата, помилувањата се ок и ги оправдувам? Слободно цитирај и постирај, те пуштам.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Еве со каков респект ги угостија , погледни видеото подолу. Ова , и таа курвата шо им посакуваше смрт

https://www.facebook.com/setajbranko/videos/10153337236157820/
Стварно ја претеравте. Ништо не пишете за реката од народ денес шо излезе да го искажи своето незадоволство, се фативте за влакно во јајцето. И за 2 Коштаплери.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.824
Поени од реакции
2.914
Абе Гујо не го глеам по снимкиве. Да не сечеше лента некаде? Го нема меѓу народот на кој се повикува секој ден по куртон каналите. Шо му стана?
Ич не се секирај за Грујо ,ќе се појави кога најмалку очекуваш за разлика од Заев како прочитана книга еј.
 
T

templar55

Гостин
У кои мои редови бе дете, јас на твои години сум изучил образование со светски ранг, сум се залагал за наука и научна област, со енергија и дух и така сум се изборил за нешто во животот.
Ти на мои години јадеш сендвичи со плескавица и пишуваш за ВМРО и за СДСМ и ми кажуваш за некакви си луѓе од мои редови. :facepalm:
Ич не ми е гајле за каде е женава, колку што не ми е гајле за каде си ти.
Повеќе ми е гајле за каде е народов како целина, за она што го допушта или допуштил на луѓе кои треба да раководат со институциите.. На луѓе кои нанеле толку многу зло и неправдина.
И ти си ист како кучево ако не можеш да видиш дека не бранам никој, туку дека ги напаѓам двете страни. Да ти се кењам у образованието со светски ранг кога не можеш да разликуваш нормален од ненормален човек. Споменав и претходно, не туку ми се пувате овде, туку најдите некој од Белгија кој ке каже "Море малку ви е Брисел". Хах, диплома од светски ранг...на Славјанскиот да не заврши во Св. Николе?
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Ич не се секирај за Грујо ,ќе се појави кога најмалку очекуваш за разлика од Заев како прочитана книга еј.
Абе курот него најголем му е ко ќе е зад барокот, пред камери. А меѓу поддржувачите (барем према оние на кои се повикува секој ден), нигде го нема. Чудна работа.
 

k3b

Член од
17 декември 2010
Мислења
2.811
Поени од реакции
4.287
Барем така машки да ја отфрлеше првата....

Братче те гледам некако изгубен случај си на темава , запознат со за шо е сјо направено воопшто ? запознат си за шо се аболицирани овие моментално ?
 
T

templar55

Гостин
Темплар, случајно ми се пушти Сител пред неколку саати. Вртеа набрзинка 7-8 листа (од тие помилуваните) на кои се забележуваше само името на Верушевски и Заев.
Официјални извори велат дека Миле, Гоца, Груевски имаат 16, 13, 5 помилувања соодветно. Верушевски и Заев по 1-2.
Дали Сител пуштиле на рандом и случајно им се паднале Заев и Верушевски со 5% застапеност, а 50%+ застапеност овие од ВМРО не се погодија ниту еднаш? :)
Па? Оние што имаат 2 помилувања пу пу не се важи, од трето нагоре броиме? Тоа сакаш да ми кажеш?
Плус ја споменав дека и сум за и сум против оваа одлука и добро објаснив зошто. Како и да е и од двете одлуки штетата ке падне на народот. Е сега која помалку ке боли ке мора да прашаш некој од форумскиве експерти со дипломи од свеЦки ранг, јас не сум стручен.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Па дека си се разочарал од мене сега нема да можам да заспијам ебаго :D Инаку многу ми е интересно и смешно кога ликови зборуваат за „криминалци" (зборувам за терминов како термин) кога за да едно лице го заслужи, треба да се десат многу многу работи, од постапка до пресуда, ама нејсе, сега нема право овде да тупиме нели? А за помилувањето, аболицијата, амнестијата и слични термини во ниту еден момент не пишав мислење. Јас конкретно разговарам за насилни протести и толку.

А веќе кога си тргнал по таа логика, оди до крај, на врвот на партијата за која се залагаш, имаш аболицирано лице. Нели е по малку апсурдно и иронично да ми замеруваш (иако објаснив дека ја отфрлам таа лаичка логика) ако се водиме по таа логика? Тоа ти иди како да гледаш во мојот двор и да ми викаш, еј види, кучето ти се посрало смрди корни, додека во твојот двор лајната од твојот пес со месеци и години стојат непофатени и ја горат тревата? Против селективна правда, се бориш со селективна правда. Не одат така работите.
Сега за жал аболирани лица имаме во врвот на двете партии, дали имало докази за нивната вина да се докаже со правосилна пресуда, исто за жал не е повеќе релевантно, сите аболирани засекогаш ќе го носат теретот на тоа дека се потенцијални криминалци, и тоа секогаш ќе им се вади на нос, затоа што не е докажано дека не се, исто како што Заев тој терет со години го носеше по првата аболиција. Ѓорѓе не им ја даде шансата да излезат достоинствено пред правдата и пред јавноста, иако сите тие (обвиентите и потенцијалните обвинети) тврдеа дека се максимално невини.

Ѓорѓе што ја заеба работата ја заеба, настрана овие глупостите со протестите, мора да се издува некаде енергијата, ако за тоа треба да страда некоја фасада, две-три стакла и неколку фотељи, па реално тоа е и мала цена за глупоста која ни ја приреди „таткото на нацијата“.

Лоша работа, многу лоша, како и да толкуваш, Хорхе направи огромен проблем, мислејќи дека нешто решава.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.161
Поени од реакции
37.391
Стварно ја претеравте. Ништо не пишете за реката од народ денес шо излезе да го искажи своето незадоволство, се фативте за влакно во јајцето. И за 2 Коштаплери.
Река од платеници кои по список беа штиклирани на вратата на автобусите , дали ќе бидат присутни на протестите. На ова бев личен сведок , цела организација ја водеше младите на СДС со списоци во рацете. Зборувам за Струмица конкретно , али најверојатно и во другите градови е во слична режија.

Не дека и тие на ВМРО не беа на ист начин собрани , буквално на ист начин се и они организирани. Туку само ми се гади од овие кои што тврдат дека групите биле неопределен народ кој само сакал демократија. :pos:
 
D

Daedalus

Гостин
Уф и да и не...не рипај ке ти кажам зашто. Да, зашто ако се судат правично ке треба и позиција и опозиција у ќорка. И? Кој да дојде на власт? Имаш ли замисла после тоа дека ке бидеме уште во помрачен период (додека новиве се навикнат на власт). Замисли која брука од држава ке бидеме (не дека сега не сме).
Не-затоа што стварно има многу криминал направено и од двете страни и лошо ке биде ако не поминат неказнето, ама ситуацијата е таква каква што е. Или двете страни лежат или никој. Не може Црпко у фотеља а овој другиов у ќорка, не иде.
Добро, хипотетички никој и да не лежи у затвор и покрај тоа што го направиле, дали веруваш дека тоа ќе доведе до поголема стабилизација на државата? Дали државна структура во која не постои почит кон највисока инстанца на правила, правила кои треба да бидат темел на стабилноста и редот, можеш да ја сметаш за стабилна? Наведи ги критериумите кои определуваат стабилност на една држава и кажи ми колку од тие критериуми, ги задоволуваме ние како држава у моментов.
Тоа е точно дека не можеме да знаеме што ќе се деси утре ако отиде цела криминална банда од двете партии у затвор.
Кои ни се опциите? Можеме да попуштаме до степен кајшто више нема назад и нема отпор кон ништо. Според мене, ова денес и вчера е крајното попуштање, последната илузија за демократско фер општество у кое ние бираме нешто. Пред очи го гледаме голо. Ова не се разликува во ниту една компонента од типично самоволие на власта, од типична диктатура според ниту еден елемент.

Замисли утре, некој да убие луѓе што протестираат, некој трет да стаи у ендек независен новинар којшто објавил нешто. Оп, амнестија. И луѓе да протестираат... И некој тука да дојде и да рече, ако протестирате, ќе идат у затвор овие од бандава и кој ќе ги замени, Заев, Ојле, Дојле? Батали, никој нејќе дестабилизација. Задутре замисли, се воведе ново правило според кое, секој којшто не се слага со словото на владетелите, лежи затвор.
И сеа што, ако пробаме со протести, тоа е дестибилизација, па дур се возобнови структурата на државата, Ојле, Заев, Дојле, ќе искористат. Па + можност за граѓанска војна. Батали. После некој ден, сфаќаме дека живееме у адот. Отворено и јавно, смртна казна за тие што серат за владетелите. Ама што се жалиме? Сеа протести, луѓе ќе умираат, за што? Да дојде некој Заев, Ојле, Дојле? Батали.

И полека, полека ќе попуштаме. Според тебе, која е крајната линија до која еден народ треба да допушта на една ваква хипотетичка власт? Кога мислиш дека нема да има друг начин освен правење масовна промена која може да доведе до огромни срања или до боље ситуација, ама е неизбежен настан ако нејќеме да умреме со главата у чмар?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom