Блог во живо[DOUBLEPOST=1460558085][/DOUBLEPOST]Претседателот Ѓорге Иванов треба да објасни како ги добил податоците во предистражните постапки од кои абоирал лица со вчерашната одлука.
Иванов вчера помилува луѓе за кои Специјалното јавно обвинителство не покрена кривична постапка, туку само предистражна, постапка која е тајна.Тоа сигурно некако организирано му било дадено, а тој од друга страна вели дека со никој не се консултирал за вчерашната одлука.[DOUBLEPOST=1460558141][/DOUBLEPOST]Хелсиншкиот комитет денеска му поднесе јавна кривична пријава на претседателот Ѓорге Иванов за, злоупотреба на службената должност и за повреда на тајноста на предистражната постапка.
Според комитетот претседателот и непознато лице или лица, кои му ги доставило податоците за отворените кривични постапки, сториле кривично дело на повреда на тајноста.[DOUBLEPOST=1460558222][/DOUBLEPOST]Градоначалникот на Битола, Владимир Талески е меѓу помилуваните и аболирни политичари со вчерашната одлука на претседателот Ѓорге Иванов.
Во
објавените телефонски разговори коишто ги објави Заев, министерот Зоран Ставрески тврди дека договорот за превоз на учениците во Општина Битола, кој траел до 2010 година, е коруптивен „до даска“и дека градоначалникот Талески „место да си го покрие криминалот“ го вадел во јавноста.