Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Авторите задоцниле речиси два милениума. Ова е учење на гностикот и еретик Маркион од II век, кој проповеда за неспоивата разлика помеѓу Стариот и Новиот Завет, помеѓу Законот и Евангелието. Богот на Стариот Завет, според Маркион е строг и гневен, немилосрден, а Богот на Новиот Завет е љубов и добрина.


Маркион и Савелије

Кај задоцниле два милениума? За што задоцниле? Никој не тврди дека идејата за дистинкција е оригинална, туку приказната е.

Сите што имаат макар и 0.1% повеќе логичка дедукција од абсолутниот максумум дозволен кај просечниот христијанин за вас стануваат еретици. За разлика од заслепеноста кај мнозинството, ете на тој Маркион му светнало дека не е можно да се работи за еден ист бог, освен ако истиот не страда од биполарност (што е чудна состојба за омнипотентно битие кое треба да биде единиот и единствен, вистински бог во космосот, наместо тоа личи повеќе на плејадата т.н. "лажни" богови како Зевс или Баал, кои биле познати по своите насилни и монструозни дејствија, незрели испади, љубомори, детски тантруми итн., колку што биле познати и по милозливост, грижа, дарежливост и заштита кон своите верници, поданици, свештеници, па и колеги божества)

Контекстот е познат: Бог го искушуваше Аврама, со намера да види до каде е Аврам послушен и исполнителен за волјата Божја. Како што е познато, Аврам не го уби сина си па од тоа може да се извпече наравоучение дека на Бога не Му се потребни човечки жртви, оти Он може да Си принесе било какава жртва само ако заповеда...

Последично, Бог го умножи Арвраама, поставувајќи го за прататко на многу народи, преку своите наследници, особено преку Јакова, наречен и „Израил„, со што е оформен старозаветниот народ Божји.

Јас колку што знам, а доаѓам од поприлично религиозно семејство, Аврам ќе го убиел синот, но во последна секудна е спречен од ангел (не ми текнува кој беше), и заради тоа не се случила трагедија. А не затоа што Аврам искусил born-again-sanity-&-reason во себе па се спречил самиот да отиде до крај. И да, жртва само ако заповеда - тоа и се случило со Аврам.

А дека може сам да си принесе жртви ако сакал, и тоа го знаеме. Чумите во Египет еден пример. Потопот е друг пример. Содома, Гомора (и ретко каде е спомнато, урнати се и 5 други града, за кои не се дадени причини зошто) и тако даље, има доста материјал.
 
Јак си, нема шо...
А у ствари, од шо ќе се ослободиш? :unsure:[DOUBLEPOST=1460469945][/DOUBLEPOST]

Смртта е само преод од една во друга состојба на битисување на човековата душа: не трчај со избрзани заклучоци.

Убаво си го склопил ова не викам не ама твојата религија учи на преод кон вечен рај и вечен пекол. Еве да речеме дека ќе се ослободам од гледање на такви како тебе што го подржуваат тоа учење!
 
Каде го прочита ова?
Си го читал ли ти Новиот Завет или знаеш само да клеветиш?

Послание до Ефесјаните, Глава 5, стихови 25-33:

5. Вие, мажите, сакајте ги жените свои, како што и Христос ја засака Црквата и се предаде Себеси за неа.
26. за да ја освети, очистувајќи ја со водна бања преку словото;
27. та да ја претстави пред Себе како славна Црква, која нема осквернение, или порок, или нешто слично, туку да биде света и непорочна.
28. И така, мажите се должни да ги сакаат жените свои како што ги сакаат своите тела; оти, кој ја сака жената своја, тој се сака и самиот себеси.
29. Зашто никој никогаш не го намразил телото свое, туку го храни и го стоплува, како и Господ Црквата,
30. бидејќи ние сме членови на Неговото тело – од Неговата плот и коските Негови.
31. Поради тоа човекот ќе го остави татка си и мајката своја, и ќе се придружи кон жената своја, та обајцата ќе бидат една плот.
32. Оваа тајна е голема. Но јас ви зборувам за Христа и за Црквата.
33. И така, секој од вас да си ја сака жената своја, како што се сака самиот себе, а жената да има почит за мажот свој.
Арно ама:
1 Тимотеј 2:
9.Од жените барам да изгледаат скромно. Да се облекуваат едноставно и пристојно. Да не привлекуваат внимание со дотерување на косата, скапи облеки или накит од злато и бисери.
10.Жените што тврдат дека веруваат во Бог треба да привлекуваат внимание со добри дела.
11.Треба да бидат тивки и покорно да примаат поуки.
12.Јас не дозволувам жените да ги учат мажите, или да им заповедаат. Треба да бидат тивки,
13.зашто Бог прво го создаде Адам, а потоа Ева,
14.а и не беше Адам тој што беше измамен, туку жената, која потоа направи грев.
15.Сепак, жените, ако останат верни, ако ја зачуваат љубовта, ако бидат свети и скромни, ќе бидат спасени преку раѓање деца.
[DOUBLEPOST=1460474955][/DOUBLEPOST]
Немам намера да вртам образ.
Матеј 5:
39.Јас, пак, ви велам: ,Не возвраќајте им на оние што ви прават зло! Ако некој те удри по едниот образ, сврти му го и другиот.

И сега следува стандардната глупост од твоја страна, дека сврти го другиот образ не значи да го свртиш другиот образ.
 
Последно уредено:
И сега следува стандардната глупост од твоја страна, дека сврти го другиот образ не значи да го свртиш другиот образ.

Потребата и случаите на вртење на другиот образ, веќе се одговорени на форумов.
Што се однесува до глупостите, еве една од твојот богат арсенал: вистината е онаа вистинската.

„Тафтолозите„ можат да ти позавидат...[DOUBLEPOST=1460476838][/DOUBLEPOST]
Убаво си го склопил ова не викам не ама твојата религија учи на преод кон вечен рај и вечен пекол. Еве да речеме дека ќе се ослободам од гледање на такви како тебе што го подржуваат тоа учење!

Остај ме мене: јас не се викам „слобода„ ниту некого го ослобаѓам...

Врати се на прашањето: не одолговлекувај, не пренасочувај муабети.
 
Потребата и случаите на вртење на другиот образ, веќе се одговорени на форумов.
Што се однесува до глупостите, еве една од твојот богат арсенал: вистината е онаа вистинската.

„Тафтолозите„ можат да ти позавидат...
Мики, ти да не веруваш дека господ е Ѓорѓе Иванов? Не ти се врти образ и ти се јавува господ и ти вика - ве помилував од вртење образи.
 
Последно уредено:
Јас колку што знам, а доаѓам од поприлично религиозно семејство, Аврам ќе го убиел синот, но во последна секудна е спречен од ангел (не ми текнува кој беше), и заради тоа не се случила трагедија. А не затоа што Аврам искусил born-again-sanity-&-reason во себе па се спречил самиот да отиде до крај. И да, жртва само ако заповеда - тоа и се случило со Аврам.
.

Нит‘ си го разбрал настанот, а уште помалку си извлекол наравоучение од истиот, иако одговорот веќе ти го посочив.
Се чини дека твоето мнение ти е некако „поточно„ од веќе дадениот одговор.[DOUBLEPOST=1460477187][/DOUBLEPOST]
А дека може сам да си принесе жртви ако сакал, и тоа го знаеме. Чумите во Египет еден пример. Потопот е друг пример. Содома, Гомора (и ретко каде е спомнато, урнати се и 5 други града, за кои не се дадени причини зошто) и тако даље, има доста материјал.

Содом и Гомор се погубени „онака„, без причина, не?...
Бељите кои Бог им ги допушти на египќаните се безпричински, така?
 
Попрскајте ја дискусијава со „светена вода“ - оти замина јабана. :LOL:
Галиба со турцизмиве слабо :P Некако во народскиов говор јабана и џенем си ги сменија местата :confused:
 
Галиба со турцизмиве слабо :P Некако во народскиов говор јабана и џенем си ги сменија местата :confused:
Абе сакав да бидам религиозно-политички коректен кон муслиманите и нивниот шеријатски законик, кој што се темели на света книга, а сепак да ги спомнам, бидејќи и тие се Македонија православна. :-)

Стави крС на муабетов... уште се расправа за моралните вредности и оправданоста на христијанството и исламот кај младите... ц ц ц
 
Абе сакав да бидам религиозно-политички коректен кон муслиманите и нивниот шеријатски законик, кој што се темели на света книга, а сепак да ги спомнам, бидејќи и тие се Македонија православна. :)

Стави крС на муабетов... уште се расправа за моралните вредности и оправданоста на христијанството и исламот кај младите... ц ц ц
Абе ја крС ја полумесец тури му пепел. Ем екслузивно право имаат на духовност ем појма немаат што е тоа. За жалење...
 
Кај задоцниле два милениума? За што задоцниле? Никој не тврди дека идејата за дистинкција е оригинална, туку приказната е.

Сите што имаат макар и 0.1% повеќе логичка дедукција од абсолутниот максумум дозволен кај просечниот христијанин за вас стануваат еретици. За разлика од заслепеноста кај мнозинството, ете на тој Маркион му светнало дека не е можно да се работи за еден ист бог, освен ако истиот не страда од биполарност (што е чудна состојба за омнипотентно битие кое треба да биде единиот и единствен, вистински бог во космосот, наместо тоа личи повеќе на плејадата т.н. "лажни" богови како Зевс или Баал, кои биле познати по своите насилни и монструозни дејствија, незрели испади, љубомори, детски тантруми итн., колку што биле познати и по милозливост, грижа, дарежливост и заштита кон своите верници, поданици, свештеници, па и колеги божества)

Што мислиш, дали на Маркион му светнало долунаведеното и како ти го објаснуваш сето тоа со твојата логичка дедукција:

365 Messianic Prophecies - Bible Probe
 
На кој му смета тоа што не сум христијанин нека се моли за мене, а парите на трансакциска нека ми ги пушти! :)
 
На кој му смета тоа што не сум христијанин нека се моли за мене, а парите на трансакциска нека ми ги пушти! :)

Црквата (се) моли пред се‘, за своите членови, кои сакаат да се спасат. Кој е надвор од Црквата, како спасоносен брод низ Светов, таквиот е на последно место од Црковниот интерес...

Што се однесува до парите: нема проблем, ќе ти ги доставам преку секретарката.
 
Последно уредено:
Црквата (се) моли пред се‘, за своите членови, кои сакаат да се спасат. Кој е надвор од Црквата, како спасоносен брод низ Светов, таквиот е на последно место од Црковниот интерес...
Матеј 5:
44.Јас, пак, ви велам: ,Покажувајте љубов и спрема своите непријатели и молете се за доброто на оние што ве прогонуваат;
 
Црквата (се) моли пред се‘, за своите членови, кои сакаат да се спасат. Кој е надвор од Црквата, како спасоносен брод низ Светов, таквиот е на последно место од Црковниот интерес...

Што се однесува до парите: нема проблем, ќе ти ги доставам преку секретарката.

Повеќе ќе ме радува да ја ,,плеснеш" секретарката MIKI1 да згрешиш и ти еднаш во животот. А не сум во интерест на црквата, а? Ако, ако, фала ти! Ме погоди ова да знаеш. :P[DOUBLEPOST=1460623809][/DOUBLEPOST]Богами ќе се заебе црквата ако се заинтересира за Мене! :pos:
 
Back
На врв Bottom