Каде го прочита ова?
Си го читал ли ти Новиот Завет или знаеш само да клеветиш?
Послание до Ефесјаните, Глава 5, стихови 25-33:
5. Вие, мажите, сакајте ги жените свои, како што и Христос ја засака Црквата и се предаде Себеси за неа.
26. за да ја освети, очистувајќи ја со водна бања преку словото;
27. та да ја претстави пред Себе како славна Црква, која нема осквернение, или порок, или нешто слично, туку да биде света и непорочна.
28. И така, мажите се должни да ги сакаат жените свои како што ги сакаат своите тела; оти, кој ја сака жената своја, тој се сака и самиот себеси.
29. Зашто никој никогаш не го намразил телото свое, туку го храни и го стоплува, како и Господ Црквата,
30. бидејќи ние сме членови на Неговото тело – од Неговата плот и коските Негови.
31. Поради тоа човекот ќе го остави татка си и мајката своја, и ќе се придружи кон жената своја, та обајцата ќе бидат една плот.
32. Оваа тајна е голема. Но јас ви зборувам за Христа и за Црквата.
33. И така, секој од вас да си ја сака жената своја, како што се сака самиот себе, а жената да има почит за мажот свој.