Шкорпион
Corvus oculum corvi non eruit?
Авторите задоцниле речиси два милениума. Ова е учење на гностикот и еретик Маркион од II век, кој проповеда за неспоивата разлика помеѓу Стариот и Новиот Завет, помеѓу Законот и Евангелието. Богот на Стариот Завет, според Маркион е строг и гневен, немилосрден, а Богот на Новиот Завет е љубов и добрина.
Маркион и Савелије
Кај задоцниле два милениума? За што задоцниле? Никој не тврди дека идејата за дистинкција е оригинална, туку приказната е.
Сите што имаат макар и 0.1% повеќе логичка дедукција од абсолутниот максумум дозволен кај просечниот христијанин за вас стануваат еретици. За разлика од заслепеноста кај мнозинството, ете на тој Маркион му светнало дека не е можно да се работи за еден ист бог, освен ако истиот не страда од биполарност (што е чудна состојба за омнипотентно битие кое треба да биде единиот и единствен, вистински бог во космосот, наместо тоа личи повеќе на плејадата т.н. "лажни" богови како Зевс или Баал, кои биле познати по своите насилни и монструозни дејствија, незрели испади, љубомори, детски тантруми итн., колку што биле познати и по милозливост, грижа, дарежливост и заштита кон своите верници, поданици, свештеници, па и колеги божества)
Контекстот е познат: Бог го искушуваше Аврама, со намера да види до каде е Аврам послушен и исполнителен за волјата Божја. Како што е познато, Аврам не го уби сина си па од тоа може да се извпече наравоучение дека на Бога не Му се потребни човечки жртви, оти Он може да Си принесе било какава жртва само ако заповеда...
Последично, Бог го умножи Арвраама, поставувајќи го за прататко на многу народи, преку своите наследници, особено преку Јакова, наречен и „Израил„, со што е оформен старозаветниот народ Божји.
Јас колку што знам, а доаѓам од поприлично религиозно семејство, Аврам ќе го убиел синот, но во последна секудна е спречен од ангел (не ми текнува кој беше), и заради тоа не се случила трагедија. А не затоа што Аврам искусил born-again-sanity-&-reason во себе па се спречил самиот да отиде до крај. И да, жртва само ако заповеда - тоа и се случило со Аврам.
А дека може сам да си принесе жртви ако сакал, и тоа го знаеме. Чумите во Египет еден пример. Потопот е друг пример. Содома, Гомора (и ретко каде е спомнато, урнати се и 5 други града, за кои не се дадени причини зошто) и тако даље, има доста материјал.
[DOUBLEPOST=1460469945][/DOUBLEPOST]
Некако во народскиов говор јабана и џенем си ги сменија местата 

