Прашање за Христијанството III

S

SpaceTraveler

Гостин
Велики петок е ден кој се поминува во целосно откажување од храна и пијалак и во молитва, не во славење па нека е тоа и родененскиот ден. Покорисно е да Го славите Бога во тој ден, оти само Он Е вечен, за разлика од минливоста на времето.

Велики петок е денот во кој целата створена природа сострадала од Христово распнување па затоа имај/те минимум почит и кон денот и кон Бога, Кој беше распнат во петок и заради тебе...
Е исто велат и во Индија за Шива дека е над времето и просторот баш интересно фала на информација, јас сум само дечко кој анализира и проучува религии и оваа информација ќе ми послужи за во иднина дека исто како и Хиндусите и православните христијани веруваат дека нивниот бог е над времето и просторот. Фала на инфо :)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Фала на инфо :)
Молам...:)[DOUBLEPOST=1458914146][/DOUBLEPOST]
Е исто велат и во Индија за Шива дека е над времето и просторот
По некој чуден историски стек од околности, јас битисувам овде и сега а не во Индија, така да уопште не ме занима Шива, а уште помалку Кали...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Дали е грев, греота да се слави роденден на велики петок вечерта?
Славиме тројца.Не можиме да закажиме порано бидејки една од нас е странство, а и покасно исто не можиме ради тоа што други другарки заминуваат странство па без нив не ми се прави роденден.Не ми е ич згодно вака, грдо се осеќам.Ама па кога...Сабота се оди во црква, недела велигден а воедно и први мај и нема кога.А и нема други асолни места каде шо би закажале.
Што мислите?
Грев е и се што е спротивно на следново правило кога станува збор за жените:

1 Тимотеј 2:
9.Од жените барам да изгледаат скромно. Да се облекуваат едноставно и пристојно. Да не привлекуваат внимание со дотерување на косата, скапи облеки или накит од злато и бисери.
10.Жените што тврдат дека веруваат во Бог треба да привлекуваат внимание со добри дела.
11.Треба да бидат тивки и покорно да примаат поуки.
12.Јас не дозволувам жените да ги учат мажите, или да им заповедаат. Треба да бидат тивки,
13.зашто Бог прво го создаде Адам, а потоа Ева,
14.а и не беше Адам тој што беше измамен, туку жената, која потоа направи грев.
15.Сепак, жените, ако останат верни, ако ја зачуваат љубовта, ако бидат свети и скромни, ќе бидат спасени преку раѓање деца.

Значи, не смееш да се шминкаш, да носиш кратки здолништа, не смееш да подучуваш или учиш мажи, мора да бидеш покорна на мажите и спасот да го гледаш во раѓање деца.
П.С. Среќен роденден.
 
S

SpaceTraveler

Гостин
Молам...:)[DOUBLEPOST=1458914146][/DOUBLEPOST]

По некој чуден историски стек од околности, јас битисувам овде и сега а не во Индија, така да уопште не ме занима Шива, а уште помалку Кали...
Среќа што не битствуваше во средниот век друже, јас само за тоа сум благодарен! :)[DOUBLEPOST=1458914978][/DOUBLEPOST]Шо има врска сеа ли си роден или пред 5000 години бе Мики, бог беше над времето и просторот гајле ти е ... :pos:
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Среќа што не битиствуваше во средниот век друже, јас само за тоа сум благодарен!
Ти благодарам што си благодарен, оти тоа е многу битно се моето реално битисување...:)
 
S

SpaceTraveler

Гостин
Ти благодарам што си благодарен, оти тоа е многу битно се моето реално битисување...:)
Мики ако дојде ред ти да ме запалиш затоа што тврдам дека Земјата не е рамна и се врти околу Сонцето, честито брат, цар си, ме погази! :D:cuc::oleee:
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
На моја среќа, не живеам во с. Илинден, така да не сум засегнат од одлукава, која ми е бааги „сумњива„.

Од истата, не е јасно кој ја донел: дали е тоа „соборот на граѓани„, дали е тоа црковниот одбор, кој е долупотпишан, или тоа е навистина одлука од црковно-народниот одбор од локалниот/парохискиот храм, во кој (одбор) членуваат одборници од локалното население (кои редовно немаат абер од верата која ја исповедаат...) и локалните/парохиските свештеници, за кои се сомневам дека се учесници во една ваква скандалозна одлука, оти токму свештенството знае дека верните даруваат во Црквата онолку колку можат а не колку ќе им се наметне, што би било причина за негативна реакција од населението, насочена кон Црквата, поточно кон свештениците, ама не и кон одборниците.
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Грев е и се што е спротивно на следново правило кога станува збор за жените:

1 Тимотеј 2:
9.Од жените барам да изгледаат скромно. Да се облекуваат едноставно и пристојно. Да не привлекуваат внимание со дотерување на косата, скапи облеки или накит од злато и бисери.
10.Жените што тврдат дека веруваат во Бог треба да привлекуваат внимание со добри дела.
11.Треба да бидат тивки и покорно да примаат поуки.
12.Јас не дозволувам жените да ги учат мажите, или да им заповедаат. Треба да бидат тивки,
13.зашто Бог прво го создаде Адам, а потоа Ева,
14.а и не беше Адам тој што беше измамен, туку жената, која потоа направи грев.
15.Сепак, жените, ако останат верни, ако ја зачуваат љубовта, ако бидат свети и скромни, ќе бидат спасени преку раѓање деца.

Значи, не смееш да се шминкаш, да носиш кратки здолништа, не смееш да подучуваш или учиш мажи, мора да бидеш покорна на мажите и спасот да го гледаш во раѓање деца.
П.С. Среќен роденден.
Што е тука спорно?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Што е тука спорно?
Тоа што жената е ставена во подредена положба. Забрането и е да подучува, да има авторитет над мажот, да ја истакнува и покажува својата убавина и слично. И како единствен услов за да биде "спасена" и е оставена улогата да раѓа деца. Сведена е на нужна репродуктивна алатка, неспособна за духовност, интелектуален капацитет и авторитет.
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Тоа што жената е ставена во подредена положба. Забрането и е да подучува, да има авторитет над мажот, да ја истакнува и покажува својата убавина и слично. И како единствен услов за да биде "спасена" и е оставена улогата да раѓа деца. Сведена е на нужна репродуктивна алатка, неспособна за духовност, интелектуален капацитет и авторитет.
Види, не можеш да одиш против природата.
И чудно што ваквото размислување доаѓа од човек како тебе, на кој животната философија му е "прави она што ти е волја".
Но кога друг некој прави "она што му е волја", тогаш од просветлени се претварате во инквизитори.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Види, не можеш да одиш против природата.
И чудно што ваквото размислување доаѓа од човек како тебе, на кој животната философија му е "прави она што ти е волја".
Но кога друг некој прави "она што му е волја", тогаш од просветлени се претварате во инквизитори.
Па вие сте тие што одите против природата! А за филозофијата да се живее како што ти е волја, очигледно ништо не си разбрал! Бидејќи волјата од телемитски аспект нема ништо со класичното - секојдневно сваќање на оваа фраза. Да живееш како што ти е волја за еден телемит не значи да живееш како што ќе ти текне, како што сакаш, значи да ја пронајдеш сопствената суштина и да живееш според неа, без да ги ограничуваш останатите да го сторат истото. Што значи ако некому забрануваш да подучува, да се облекува, да има амбиции и да биде покорен некому, тогаш не правиш што ти е волја, туку правиш што ти е наложено! Правиш нешто инспирирано од страв од казна или поради награда.
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Па вие сте тие што одите против природата! А за филозофијата да се живее како што ти е волја, очигледно ништо не си разбрал! Бидејќи волјата од телемитски аспект нема ништо со класичното - секојдневно сваќање на оваа фраза. Да живееш како што ти е волја за еден телемит не значи да живееш како што ќе ти текне, како што сакаш, значи да ја пронајдеш сопствената суштина и да живееш според неа, без да ги ограничуваш останатите да го сторат истото. Што значи ако некому забрануваш да подучува, да се облекува, да има амбиции и да биде покорен некому, тогаш не правиш што ти е волја, туку правиш што ти е наложено! Правиш нешто инспирирано од страв од казна или поради награда.
Тоа важи само за телемитите, а ние не сме телемити, ти текнува :)
Секоја чест ако навистина си ја нашол сопствената суштина, и јас ја најдов, само на поинаков начин од твојот.
А за жените, кога вака збориш, добивам впечаток дека на некој начин имаш ограничено познавање за жената општо.
Не знам, можеби не си бил вистиски близок со некоја жена, можеби се сведувало само на сексуален однос...
А биди сигурен дека одговорот на прашањето "Што сакаат жените" нема да го најдеш во Телемата :)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.100
Поени од реакции
12.083
А биди сигурен дека одговорот на прашањето "Што сакаат жените" нема да го најдеш во Телемата :)
Нормално дека нема да го најде, не е жена. :)
Затоа има жени - Телемити кои можат убаво да објаснат што сакале и како дошле до тоа преку Законот на Телема за да бидат исти со нас мажите во се.

Прашањето е каков одговор пронајдоа жените кои се православни христијанки на ова прашање „Што сакам?“.
Сигурно го „најдоа“ одговорот во православното христијанство... :rolleyes:?
Зад сенката на мажот, зад сенката на свештеникот...?
Секоја жена судија, адвокат, инжињер е сатанист.
Секоја жена чиј маж нема работа а таа носи средства дома за да опстане семејството не е православна христијанка во сржта на учењето бидејќи е поспособна од мажот кој што... е многу битен во православието, најспособен.

Изгледа тие жени што се запрашале што сакаат, и нашле прибежиште во православието - по се изгледа не го ни разбираат православието како што треба или стравот е премногу голем за да може да биде иста со мажот во сите мистерии поврзани и со животот и со божественото... нормално, знак прашање е воопшто ако пронашле било што за жената во тоа старо-еонско учење.
Голем знак прашалник...

Но што да се прави, има жена и Жена. Исто како што има маж и Маж.
 
Жената може да го имитира, но никогаш не може да биде како мажот.
Важи и обратното. Затоа постојат маж и жена - спротивности што се привлекуваат и надополнуваат.
Спротивности, почнувајки од физичкиот изглед па се до инстинктите.
Едниот не може без другиот.

Јас разбирам дека секогаш е полесно да се оди по линијата на помал отпор,
но не секогаш тоа е правиот пат,
полесно е да лежиш дома, а жена ти да работи и да те храни, и да се правдаш со тоа дека мажите и жените се еднакви,
отколку да го поднесеш товарот којшто секој маж треба да го поднесе.

Било која жена, макар да е судија, адвокат, па и претседател,
бара да биде заштитена од мажот - инстиктивно.

Кога ти би побарал - како маж, да бидеш заштитен од жената, прво ќе те погледне чудно, а на крај
народски кажано, ќе си останеш - па, со Телемата во раце...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom