Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
8 пати побрзо од светлината ??
Ја коо што знам,ништо не е побрзо од светлината во познатиот универзум,или воа нешто ново е :)
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
8 пати побрзо од светлината
Ја коо што знам,ништо не е побрзо од светлината во познатиот универзум,или воа нешто ново е :)
Па пишеше на википедиа пред околу година дена дека патува со таа брзина.Сега гледам дека имаат изменето.Исто така имаат допишано дека неутриното имало и маса.Јебига одамна не сум читал новости и тропнав глупост.:kesa:
 
I

Intex

Гостин
Мање битно, ама во секој случај, се случило пред 600 години, и сега го гледаме, или теоријата на Хјуман. Тоа е.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.413
Поени од реакции
5.080
Мање битно, ама во секој случај, се случило пред 600 години, и сега го гледаме, или теоријата на Хјуман. Тоа е.
Нешто не се разбираме...

Ние не знаеме кога се случила експлозијата... Ако се случила пред 600 години, тогаш може да ја видиме денес.
Ако се случила пред 500 години, ќе ја видиме за 100 години.
Ако се случува сега, ќе ја видиме за 600 години...
Велам, нема начин да дознаеме дека се случила во реално време. Мора да почекаме 600 години, од експлозијата.
 

Gunner_L

Lord , Lord Bendtner
Член од
7 април 2009
Мислења
922
Поени од реакции
500
Кеплер“ откри нов Сончев систем со шест планети
Научниците вчера го објавија откривањето на неверојатниот сончев систем со шест планети кои орбитираат околу нивното Сонце, откритие по важност споредено до откривањето на првата планета надвор од нашиот систем пред 15-тина години.



Вилиам Боруцки, капетан на мисијата на орбиталниот телескоп на НАСА Кеплер вели: „Ова е најгустиот систем откриен надвор од нашиот. Тоа би можело да значи дека вакви соларни системи слични на нашиот се вообичаена појава во вселената“.

Научниците на старт потенцираа дека на планетите не се пронајдени траги на живот. Сметаат дека планетите се повеќе гасовити отколку карпести како и дека се преблиску до своето Сонце за да би поддржувале било каква форма на живот, но откривањето на еден ваков систем ги подигна надежите дека наскоро ќе може да се најде и населив систем“, пишува Washington Post.

„Ова е едно убаво предупредување за тоа какви уште неверојатни откритија не' очекуваат“, изјави Џонатан Фортни, член на Кеплеровиот научен тим од Универзитетот Санта Круз во Калифорнија.



„Според информациите кои ни ги праќа Кеплер, не само што можеме да ги идентификуваме новите планети, туку можеме да дознаеме многу и за нивната големина, колку се блиску до своето Сонце и во некоја мера од што се состојат“, додаде тој.

Кеплер мисијата на НАСА минатата година открила 1.200 планети, од кои 68 се слични во големина со нашата, а 54 се наоѓаат во температурна зона која би поддржала живот како нашиот. Новиот Сончев систем е наречен Кеплер-11.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Првите ѕвезди создадени за време на биг бенгот сеуште се живи потвдило новото истражување, кое во потполност ја руши досегашната теорија дека првите ѕвезди веднаш согореле... за повеќе клик


(има многу за преведување а веста ја нема кај нас)

+ нешто блиц:

Еден од руските водечки весници Риа Новости вели „Руските астрономи предвидуваат: Апофис ќе ја удри земјата во 2036.“ Но астрономот Леонид Соколов од државниот универзитет на Санкт Петерзбург како и НАСА велат дека шансите се екстремно мали.

Апофис е предвидено да направи рекорден но безопасен помин близу до Земјата на Петок 13 април 2029 кога доаѓа не поблиску од 29,450 км од Земјата (18,300 миљи).

Шансите Апофис да ја удри земјата во 2036 се 1 спрема 250.000. Кога тој беше откриен во 2004 се мислеше дека има 2.7 проценти шанса да ја удри Земјата но подоцна се пресмета дека нема шанси да ја удри земјата во 2029. Апофис има дијаметар од 270 метри колку две ипол фудбалски игралишта.

http://astronomija.com.mk/vest.asp?id=2227
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
А бе.... мислев дека зборуваме за ѕвездата Бетелгез, оддалечена 600-700 светлосни години од нас... :)
Кога ќе експлодира во супернова, ќе треба да поминат 600 години за да дознаеме за тоа.
Ѕвездата се вика Битлџус :).

И најновите теории тврдат дека таа веќе станала супернова.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.413
Поени од реакции
5.080
Ѕвездата се вика Битлџус :).

И најновите теории тврдат дека таа веќе станала супернова.
Онаа големата црвена на работ на Орион, горе лево??? Таа е Бетелгез колку што знам... betelgeuse на англиски. :)
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Онаа големата црвена на работ на Орион, горе лево??? Таа е Бетелгез колку што знам... betelgeuse на англиски. :)
Јесте, таа :)

Ако имаш програм за изговор на англиски (добар) ќе видиш дека така се чита, а така и целиот свет ја вика ѕвездата.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.413
Поени од реакции
5.080
Најголемиот телескоп на светот, ни доаѓа од Кина, каде започнуваат да се градат неговите контури. По повеќе од десет години на подготовки на проектот, сега се објавени работите кои се вршат на Земјата, како и преселбата на локалното население, коja ќе започне набрзо, како и самата изградба на првите елементи на кинескиот радио телескоп - FAST (Five hundred meter Aperture Spherical Telescope).
Југозападната провинција Gujyang, во провинцијата Pingtan, е избрана поради поволниот релјеф, како и поради оддалеченоста од цивилизацијата, потенцијалните пречки кон слабите радио сигнали од Вселената.



Иако, е посочена 2014 год. како година на целосна оперативност на радио телескопот, сега тоа е одложено за 2016 год. Трошоците за проектот ќе изнесуваат, нешто повеќе од 100 милиони американски долари.

FAST е модулирана конструкција со 4.600 поединечни панели, кои заедно ја сочинуваат 500 метарската антена за прием на радио сигнали. За сместувањето на елементите на радио телескопот, ќе се искористи почвата. Поединечните панели на FAST ќе бидат компјутерски поврзани, што претставува пренос на знаења и искуства од рускиот радио телескоп RATAN – 600, а големото видно поле ќе се осигури со решение, применето на радио телескопот Arecibo – со помрднување на приемниците горе – доле и на страна, според потреба.

Кинескиот телескоп, ќе може да се насочува на сите објекти, оддалечени 40˚ од зенитот, со голема прецизност. Комбинираното компјутерско управување на панелите на антените и на приемникот на сигнали, со текот на времето, ќе ја зголеми неговата можност на насочување и на други делови од небото, но со нешто намален квалитет на прием на сигналот.

FAST ќе биде под управа на Кинеската национална астрономска опсерваторија, која е дел од Кинеската академија на науката. Првобитната намена на овој радио телескоп, ќе биде да истражува пулсари, квазари, оддалечени галаксии и други објекти во Вселената, кои зрачат на фреквенции за истражувања од 70 MHz, па сé до 3 GHz, а по модернизацијата, која се планира околу 2020 год., распонот на фреквенции за истражување ќе опфаќа и радио сигнали на 5 GHz.

http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2240
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Сонцето конечно е снимено од сите позиции:

When it comes to solar storms, there’s no longer any place to hide. For the first time, solar scientists have obtained simultaneous views of the entire sun, both the front and back sides.

The unprecedented 360-degree panorama, released by NASA on February 6, combines sharp images of the sun’s front side recorded by NASA’s Solar Dynamics Observatory with those from NASA’s twin STEREO spacecraft, which have just begun an 8-year exploration of the rotating sun’s far side. Images of the far side, recorded up to 14 days before they rotate into view from Earth, will enable scientists to better predict solar storms that can damage satellites and disrupt communications and power systems on Earth.

The images can also capture eruptions on the back side so short-lived that they disappear before that region of the sun rotates into view, says STEREO scientist Joseph Gurman of NASA’s Goddard Space Flight Center in Greenbelt, Md. In January, he notes, a solar eruption recorded by STEREO was detected by the MESSENGER spacecraft as a change in the nearby magnetic field. MESSENGER, which is about to enter orbit around Mercury, was not harmed by the event.

The new STEREO images resolve features on the sun about 2,400 kilometers across.

[video]http://player.vimeo.com/video/19582339[/video]​
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.413
Поени од реакции
5.080
Јупитеровата лузна е најверојатно од каменливо тело
06.02.2011

Астероид со големина на Титаник ја предизвикал лузната на Јупитеровата атмосфера на 19 јули, 2009-та год. Податоците од три инфрацрвени телескопи им овозможија на астрономите детали за топлата атмосферска температура и уникатните хемиски состојби поврзани со остатоците од ударот. Собирајки ги отпечатоците од гас и темните остатоци предизвикани од ударниот бран, интернационален тим од научници заклучил дека објектот е најверојатно каменлив астероид, а не ледена комета. Новиот заклучок е во согласност и со доказите од резултатите од вселенскиот телескоп Хабл, покажувајки дека остатоците од ударот во 2009-тата биле потешки или погусти од остатоците од кометата Шумејкер-Леви 9, последниот познат објект кој навлегол во атмосферата на Јупитер во 1994-та.

Инфра-црвените слики од телескоп на Мауна Кеа покажуваат остатоци од честички во Јупитеровата атмосфера откако објектот навлегол во неа

Научниците сé уште работат на модели кои ќе ја откријат фрекфренцијата со која Јупитер е удрен од астероиди од оваа големина. За Земјата се претпоставува дека до ваков настан доаѓа еднаш на секои 100,000 години. Во следните чекори на истражувањето ќе бидат вклучени детални симулации од ударот со што ќе се одреди големината и карактеристиките на ударното тело, а ќе се користат и фотографии во инфрацрвени и видливи бранови должини. Напредокот во истражувањата во иднина ќе овозможи полесно детектирање на удари од тела со слични или помали димензии.



http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2242
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.786
Поени од реакции
12.259
Ако ова е вистина, тешко на новите генерации

Астероидот Апофис лета кон Земјата



13 април 2036 година. Ќе се случи ли Армагедон? Руските научници пресметале дека на овој ден, астероидот Апофис, голем 270 метри и тежок 27 милиони тони ќе удри во Земјата.

Нивните американски колеги од НАСА пак сметаат дека астероидот само ќе помине покрај нашата Планета, сметајќи дека веројатноста за судир е 1: 250.000.

Сепак, Русите се повикуваат на нивните пресметки кои ќе станат реалност доколку астероидот влезе во „гравитациската брава“ која ќе му ја промени насоката на движење. Затоа ги повикуваат научниците од сите вселенски агенции да се здружат и да изградат летало кое би ја сменило насоката на движење на Апофис.

Доколку удри на Земјата, тоа би било како да истовремено да експлодираат 100.000 бомби од Хирошима, пренесува ртл.хр.
08.02.2011, 09:39​
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Астероид најверојатно речиси сигурно нема да не удри

Ако ја преживееме 2012-та, тогаш следна година од која треба да се плашиме е 2036-та, бидејќи тоа е годината во која според руските научници, астероидот Апофис сепак ќе се судри со земјата. Или пак можеби нема.

Во 2004-та година, научниците на НАСА соопштија дека во 2029-та година Земјата ќе ја удри астероидот Апофис, кој е поголем од 2 фудбалски терена. Подоцна, по неколку дополнителни набљудувања, заклучија дека претерале и дека шансите за судирот се речиси никакви.

Сега, извештајот на научниците од Русија предвидува дека Апофис сепак ќе се судри со планетава, но 7 години подоцна, односно на 13-ти април 2036-та година.

"Технички, имаат право. Навистина постојат шанси за судир во 2036-та, но тие се 1 наспроти 250.000", коментира Доналд Јеоманс од НАСА.

Русите велат дека при минувањето крај Земјата во 2029-та, 270 метри долгиот Апофис ќе помине низ т.н. гравитациска клучалка, одреден дел во вселената малку поголем од самиот астероид, кој би можел да му ја промени патеката.

"Поверојатно сценарио е дека Апофис ќе и се доближи на нашата планета кон крајот на 2012-та и почетокот на 2013-та година, при што ќе биде набљудуван од оптичките телескопи и радарски систем. Доколку биде забележано дека се движи по заканувачка патека, НАСА ќе стори се за да му ја смени орбитата на астероидот и да ги сведе на нула шансите за судир со Земјата во 2036-та", објаснува Јеоманс.

Постојат неколку начини за менување орбита на астероид а наједноставниот е со насочување на вселенско летало, технологија која беше употребена на 4-ти јули 2005-та, кога Дип Импакт ја разби кометата Темпел 1.

Извор :D (Lurtz)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom