Најголемиот телескоп на светот, ни доаѓа од Кина, каде започнуваат да се градат неговите контури. По повеќе од десет години на подготовки на проектот, сега се објавени работите кои се вршат на Земјата, како и преселбата на локалното население, коja ќе започне набрзо, како и самата изградба на првите елементи на кинескиот радио телескоп - FAST (Five hundred meter Aperture Spherical Telescope).
Југозападната провинција Gujyang, во провинцијата Pingtan, е избрана поради поволниот релјеф, како и поради оддалеченоста од цивилизацијата, потенцијалните пречки кон слабите радио сигнали од Вселената.
Иако, е посочена 2014 год. како година на целосна оперативност на радио телескопот, сега тоа е одложено за 2016 год. Трошоците за проектот ќе изнесуваат, нешто повеќе од 100 милиони американски долари.
FAST е модулирана конструкција со 4.600 поединечни панели, кои заедно ја сочинуваат 500 метарската антена за прием на радио сигнали. За сместувањето на елементите на радио телескопот, ќе се искористи почвата. Поединечните панели на FAST ќе бидат компјутерски поврзани, што претставува пренос на знаења и искуства од рускиот радио телескоп RATAN – 600, а големото видно поле ќе се осигури со решение, применето на радио телескопот Arecibo – со помрднување на приемниците горе – доле и на страна, според потреба.
Кинескиот телескоп, ќе може да се насочува на сите објекти, оддалечени 40˚ од зенитот, со голема прецизност. Комбинираното компјутерско управување на панелите на антените и на приемникот на сигнали, со текот на времето, ќе ја зголеми неговата можност на насочување и на други делови од небото, но со нешто намален квалитет на прием на сигналот.
FAST ќе биде под управа на Кинеската национална астрономска опсерваторија, која е дел од Кинеската академија на науката. Првобитната намена на овој радио телескоп, ќе биде да истражува пулсари, квазари, оддалечени галаксии и други објекти во Вселената, кои зрачат на фреквенции за истражувања од 70 MHz, па сé до 3 GHz, а по модернизацијата, која се планира околу 2020 год., распонот на фреквенции за истражување ќе опфаќа и радио сигнали на 5 GHz.
http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2240