Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување

Anti Spam Master

Anti Spam Master
Член од
22 октомври 2009
Мислења
100
Поени од реакции
1
Аман... како веќе успевате во се да најдете еб*на врска со Нибиру.... има ли воопшто некое небесно тело за кое може слободно да се дискутира а да не се поврзе со Нибиру?
апокалипто те молам како другар да не употребуваш таков речник.
сепак си модератор и треба да си пример за другите членови на форумов.
инаку како успевате во се да ја внесите таа ваша нибиру чудо е тоа некое.
што велат старите „во секоја манџа мирудија„ и вие така правите со нибиру во секоја тема како главен предмет за разговор ја ставате.:uvo:
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.021
Аман... како веќе успевате во се да најдете еб*на врска со Нибиру.... има ли воопшто некое небесно тело за кое може слободно да се дискутира а да не се поврзе со Нибиру?
Тоа беше само мало објаснување во врска со кафеавите џуџиња кои се блиску до ѕвезди, а не се тоа, и примерот (во случајов ја спомнав Нибиру) дека такво големо тело може да се најде на толкава далечина од Сонцето.....а е незабележано заради малата или никаква светлина која допира до него.:smir:

Како што се движи низ галаксијата, неговата гравитација повлекува замрзнати тела, кои подоцна се исфрлаат кон Земјата како комети.
Овој дел не го разбирам.Точно дека ѕвездите привлекуваат тела нокога тие ќе влезат во нивнот систем тие почнуваат да орбитираат околу нив или се зарибуваат во нив.
Тоа не ти е јасно?
Е па вака:
Едно големо небесно тело како Јупитер има голема гравитација која дејствува на поголеми далечини, но исто така таа гравитација е доста јака околу него, во негова близина. Е сега гравитацијата може да биде совладана на сметка на брзината, т.е. кога некое помало тело ќе помине во близина на Јупитер (или друго масивно тело) тоа или ќе се сруши на него, или ќе биде заробено и истото ќе стане сателит или пак ќе биде забрзано. Со последниов случај астрономите го користат за вселенските летала да добијат огромни брзини (нели, сето тоа однапред испланирано...траекторија, брзина).
Е во некои случаеви масивни тела како Јупитер ги привлекуваат кометите или астероидите што поминуваат покрај нив и ги "исфрлаат" со огромна брзина при тоа променувајќи им ја траекторијата.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Во ред но немора да значи дека тие целат кон Земјата.Може да тргнат насекаде.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.021
Во ред но немора да значи дека тие целат кон Земјата.Може да тргнат насекаде.
Да, точно. Но мора да се земе и предвид фактот (еве со случајот на Јупитер) што тие комети доаѓаат од надворешниот дел од Сончевиот систем накај внатрешниот, и со тоа што поминуваат покрај Јупитер (тие веќе имаат определена орбита) Јупитер им ја изменува траекторијата при тоа забрзувајќи ги.....
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.868
Поени од реакции
6.380
Sakam da kupam teleskop za domasna upotreba do 150 evra mozam da si dozvolam,dali so teleskop za tie pari ke mozam da gledam mars na primer bliskite planeti i slicno????
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.021
Sakam da kupam teleskop za domasna upotreba do 150 evra mozam da si dozvolam,dali so teleskop za tie pari ke mozam da gledam mars na primer bliskite planeti i slicno????
Па би ги гледал сигурно, само зависи од типот на телескоп...
Мислам нема да ги гледаш јасно, но ќе бидат доволно зголемени... На пример, би требало да можеш да ги видиш прстените на Сатурн.:wink:
 
Член од
29 октомври 2008
Мислења
596
Поени од реакции
13
Па би ги гледал сигурно, само зависи од типот на телескоп...
Мислам нема да ги гледаш јасно, но ќе бидат доволно зголемени... На пример, би требало да можеш да ги видиш прстените на Сатурн.:wink:
малце офтопик али каде можат да се купат телескопи за аматери домашна употреба како што праша @Tutor у Скопјево?
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.021
малце офтопик али каде можат да се купат домашни/аматерски телескопи како што праша @Tutor у Скопјево?
Е то ти е добро прашање. Пошто јас не сум од Скопје (а не верувам дека каде било во Македонија на друго место се продаваат) не знам. А и јас сум заинтересиран за купување телескоп.:wink:
 
Член од
29 октомври 2008
Мислења
596
Поени од реакции
13
ја знам дека на времето у ГТЦ до сојузов на шахистите на втори кат Ахима или така нешто се викаше продавницата имаше мали телескопи метар или метар ипол онака тенки не толку големи баш за по дома ама тоа беше пред неколку години сеа незнам дали уште постои продавницата
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Има тема за побарувања и таму ќе ви ги цитирам постовите, па ако најде некој нека ве извести по ПП бидејќи верувам дека интересот ќе биде голем.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.021
Големата црвена дамка на Јупитер конечно целосно откриена

Големата црвена дамка на Јупитер, која е на местото на огромна бура и може да ја проголта Земјата ги фасцинира астрономите со векови.



Научниците сега ја направија првата детална временска мапа за мистериозниот регион, благодарение на фотографиите сликани од големиот телескоп на Европската Опсерваторија.

Картата е поврзана со системот за бура и температура и на неа ги има прикажано ветровите, притисокот, составот, а посебно е истакната црвеникавата боја.

- Ова е нашиот прв детален поглед во внатрешноста на најголемата бура во Сончевиот систем. Ние мислевме дека Големата црвена дамна е само обична дамка без многу структура, но овие резултати покажуваат дека таа всушност е екстремно комплицирана, изјави Глен Ортон, предводник на тимот на астрономи кои што ја направија студијата.

Европската опсерваторија откри дека црвената боја на Големата црвена дамка кореспондира со жешкото јадро кое се наоѓа во средината на ладната бура, која има просечна температура од -160 Целзиусови степени.

Фотографиите исто така покажуваат црни линии на рабовите од бурата, места како што гасовите опаѓаат, особено во подлабоките региони на планетата.

Дамката во една или во друга форма континуирано е набљудувана со векови, а сегашниот облик го има 160 години. Таа лежи на 22 степени јужно од екваторот на Јупитер.


- Еден од највозбудливите наоди покажува дека најинтензивниот портокалово црвен дел е за четири степени потопол од околината околу него. Оваа температурна разлика може да не изгледа многу, но доволно е да ја овозможи бурата. Не само тоа, туку во другите делови на Јупитер, промената на температурата е доволна за да ги смени ветровите и да овозможи креирање на огромни облаци. Ние не можеме со сигурност да кажеме кои хемикалии и процеси ја предизвикуваат силната црвена бојам но знаеме дека таа е поврзана со условите на животната средина во срцето на бурата, изјави главниот автор Ли Флечер.

Извор
 

Spaski

Vita - Amore - Riso
Член од
31 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
11
Почетен курс по астрономија

Како и 11 години наназад, така и оваа пролет, можност за сите почетници во астрономијата да научат нешто повеќе за оваа интересна наука.
Од 07 април до 03 мај Скопско астрономско друштво го организира 12-тиот по ред Почетен курс по астрономија. Целта на курсот е посетителите да можат да ги добијат основните знаења од областа на астрономијата, без да им бидат потребни какви било предзнаења од оваа наука. Низ секојдневни примери и со многу слики, но со многу малку равенки, ќе се обидеме да ви ги доближиме астрономските термини и нивните тајни... Курсот е така концепиран, да ги следи темите кои ги обработува кој било учебник по астрономија....


Извор: astronomija.com.mk

Би било интересно на ова да се појде..
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.021
ПОТВРДЕНА АЈНШТАЈНОВАТА ТЕОРИЈА
Докажано ширењето на универзумот

Ширењето на универзумот станува се побрзо, што претставува уште еден доказ дека теоријата на релативноста што ја постави Алберт Ајнштајн е точна, тврдат астрономите што проучувале стотици илјадници галаксии. Во ова досега најголемо истражување од тој тип што беше изведено со помош на вселенскиот телескоп „Хабл“, беа опфатени 446.000 галаксии. Целта беше да се утврди како е дистрибуирана материјата низ универзумот и колку брзо се шири вселената. Астрономите забележаа дека ширењето со текот на времето станува се побрзо, како што е предвидено во општата теорија за релативитет на Ајнштајн. Научниците тврдат дека универзумот е составен од три различни компоненти: нормална материја (физичките објекти во универзумот како планетите и ѕвездите), темна материја (невидливата материја што ја предизвикува гравитациската сила под чиешто дејствување се формираат галаксии) и непозната енергија, односно „темна енергија“ (силата што предизвикува ширење на универзумот). Така, идејата дека универзумот се шири забрзано, до кој е дојдено со анализа на снимките од „Хабл“, докажува дека „темната енергија“ постои и, всушност, таа го предизвикува ширењето.

Х
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Сакам да си купам аматерски телескоп.Единствено место каде што најдов да се продаваат е мега стор.Ме бендиса овој телескоп.Пошто не се разбирам баш во телескопи може ли да ми ги кажете неговите можности што можам да гледам (Сатурн,Марс,Венера,Јупитер,Нептун,Уран,Плутон,Алфа кентаури,Коњска глава,Андромеда).Дали имате да ми препорачате некој друг ако се продава овде а е подобар и е до 150 евра.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom