Темни астероиди и се закануваат на Земјата
Откриени се неколку темни астероиди кои „заскитале“ во близина на Земјината орбита. Нивната темна боја и испрекинатото движење ги „скриле“ од системот кој треба да ги открие опасностите кои би можеле да и наштетат на нашата планета.
Мисијата на новиот телескоп на НАСА, WISE, кој е лансиран во средината на декември, минатата година, а започнал со работа еден месец подоцна, е мапирање на целото небо во инфраструктурниот спектрум.
Во првите шест недели од набљудување открил 16 непознати астероиди кои орбитираат многу близу до Земјата. Од сите откриени, од кои 55 % рефлектираат помалку од една десетина од сончевата светлина која паѓа на нив, поради што е скоро невозможно да се откријат со телескопите кои работат со видлив спектар на светлост. Еден од тие астероиди е темен како свеж асфалт, и одбива помалку од 5 % светлина.
Многу од астероидите имаат орбити кои се преполовени во однос на патот по кој се движат сите планети и повеќето астероиди. Тоа значи дека телескопите кои ги бараат астероидите можат да ги „промашат“ исто како и многу други небесни објекти кои се движат со испрекината орбита, поради тоа што телескопите повеќето од времето следат одреден дефиниран пат на движење.
За среќа, новооткриените објекти сјаат во инфрацрвениот спектрум, бидејќи тие ја апсорбираат сончевата светлина поради што се загреваат, со што стануваат лесен плен за WISE.
„ WISE е навистина страшно добар за откривање на најтемните астероиди и комети,“ рече Ејми Меинзер, член на мисијата на НАСА.
Се очекува овој нов телескоп да открие до 1000 непознати објекти во близина на Земјата, и астрономите проценуваат дека бројот на непознати објекти со маса која е доволна за да предизвика уништување на земјата, би можел да нарасне и на „десетици илјади“.
Извор