Драга Кајгана (виртуелен дневник)

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.367
Поени од реакции
85.272
Real невработени hours. who else доби порака сабајлево од Агенција за вработување smash that fucking like button.

Која случајност..вчера се објавуваат избори...денеска те викаат во агенција за вработување :ROFLMAO:
 
B

Blade Torch

Гостин
гледам по фиоки дома чај дали има. Гледам 3 кутии, ама таа најистурената во прв ред со име AlkaLAX :ROFLMAO:
Брусница до него стоеше, ама морав да отворам да ги споредам кесичките со првоименуваната, да не залутало некое па да ме прочисти :pos:
 
A

Antigona

Гостин
Кајги,

Ти текнува ко ти се жалев што не чистат цимеркиве мои? Епа денес дознав дека цимеркава од Мароко дала отказ и си заминува на 13 Април, па ја прашувам што така ти текна , тука имаш убав живот, се изнаеба за сите пари ? Ми вика доста беше , време е за мажење.....и ме стави во мисла, па јас што чекам бре ? Кога ќе раѓам деца ? Остарев :place:
Ај да ја проверам странава http://www.eharmony.com.au/ - баш ја рекламираа кога го гледав шоуто во Сиднеј



И нека ечи песнава до даска , па слободен ден денеска

П.С. Вечно име на сите оние кои денес слават- за многу години нека е.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Kej,

21ви век е кога дома немаш доволно штекери за се, тогаш си купуваш едно 3-4 продолжни кабли и завршуваш работа. :D :D :D :D :D :D
 

nilla-vanilla

#kingliam
Член од
17 јуни 2010
Мислења
2.041
Поени од реакции
1.747
Нема нешто што повеќе ме иритира од родители со бебиња што зборуваат вака: ,,денес мочкавме/какавме/јадевме/пиевме" ,,еве си растеме" ,,ни излезе запче". Зошто мора во множина да зборувате?! Знаете дека кога ќе речете ,,какавме" ве замислуваме и вас како какате? Аман не се лигавете, зборувајте нормално for the love of God!
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Кеј,

Кога го прочитав пред малку интервјуто со Панче Ќумбев, се потсетив на минатото кога бранев во Вардар...

Како млад и надежен голман кој штотуку влегол во светот на големото име Вардар и како фан кој цел живот уште од некои 4 години сум одел на утакмици т.е татко ми и мајка ми кои ме носеле, тоа било време кога Вардар било име со традиција тим кој полнел Трибини... е кога пораснав со сета желба стоев на голот а од страна публика едвај 50тина, а како стигнав до тоа вложив некои 400_500 евра за два месеца, опремата која морав сам да си ја купам бидејќи Вардар тогаш немаше пари ниту за превоз а должеше плати 3 толку се сеќавам му должеа на Мутобариќ, мојот тогашен тренер. Знам дека паѓаа заебанции за фудбалите кои ги имавме на располагање кои едвај беа 12 топки, ама нели млад човек занесен од чуството дека браниш за име Вардар не ни чуствуваш дека уствари македонскиот фудбал е катастрофа.

Паметам бевме да играме утакмица а при тоа беше грч ладно, влегуваш вο соблекувална и се што гледаш е ќумбе кое препоставувам беше 32 год, клупи на кои едвај имашр една даска ништо повеќе, закачалки ни беа ковани шајки кои мислам дека беа од истото време кога е напрсвена соблекувалната... така гурав кеј, со свои пари добри 3 години а по подобра шанса влегов во работнички каде франц ми даде подобра шанса на мене и на мојот тренер.

И после некое време од се што видов местени утакмици, влегување во терен на навивачи, мавање со камења и се останато се откажав кеј, затоа сепак не е се во волјата, затоа што мојата мајка не беше директорка која ќе ми дава премногу пари за да се одржувам итн.


За жал и многу мие криво што имаме квалитетни играчи но џабе е се тоа кога имаме раководства кои освен личен интерес и пари за себе и такви работи не можеме да имаме квалитетен фудбал и екипи.

Е ова беше македонскиот фудбал со полни трибини:

Vardar-Ringov-fudbal-star-3.jpg
 

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.844
Поени од реакции
10.639
Зоран Заев немало да оди на изборите на 5 јуни, а како причини ги наведува неисполнетите услови за фер и демократски избори. Абе не си ја стегај душата, кажи дека со Радмила сакате да се журкате на концертот на Дејвид Гета и Робин Шулц....
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.051
Поени од реакции
15.026
Денес да имав атомска бомба, ќе ја активирав.
Прв работен ден. Ок. Време е обуката да се докаже. Ти даваат друга работа.
Гледаш кој е во администрација. Ти се плаче. Па таа нема ни средно завршено сеуште. Но е од партија.
Сестра ми има завршено еден факултет. Другата година го завршува другиот.
Погоди, нема работа.
Нишо кајги. Денеска сум разочаран. Треба да си луд да останеш овде.

Да одам да си ја извам платата.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.418
Поени од реакции
17.063
ДК

Женска ми се искина играње Stronghold не знам дали да плачам или да се смејам. Сигурно ќе ме скини на лице место ако пробам против неа да играм o_O
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
бетмен велит стaнaл пoртпaрoл нa вмрo нa сoцијaлните мрежи, секoј стaтус нa фб му е лoшa ирoнијa нa сдсм, и пaзи кaпaк нa се е штo јaнкo јaди бурек му кoпирaл стaтус и гo стaвил кaј негo нa фaн пејџoт...

Мршa, пaрaзит!

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom