Акции на СЈО (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Grmys
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Мафо фали во вакви моменти да ни каже како е тоа уште еден генијален стратегиски потег на Заев. Али ај зафатен е , најверојатно мозга дали Рондо ќе иде над 12 коша. :pos:
 
Прашај ги Фуере, Ван Хојте и Талер (го заборавив прееска) дали се занесуваме. Тој последниот вика дека заради ВМРО завршил во затвор.

ДУИ кога ќе порасне сака да стане ВМРО-ДПМНЕ. Затоа и тие и ДПА се толку послушни. Таа утакмица е официјализирана уште од моментот кога е распишана. Славењето е скроз нормално.

Повеќе е обратно. ДПМНЕ порасна и стана ДУИ. Овие стратегии ги користеа албанските партии, сегашнава ваша гарнитура само ги модернизираше и се обогати гратис.

За дипломатите, кој фактор се па овие имиња за толкаво јачање дека се победиле? :D

Победа врз нивните надредени би била за славење. Ама таму не верувам дека се деси победа него ново пазарење. Не беше за џабе идењето на лидерот пред некој месец со чартер во Вашингтон, ќе видиме што им ветил.

Муабетот ми е дека сте непотребно еуфорични, ко што се од другата гарнитура на моменти.

За три дена повторно ќе се деси нешто за кое они ќе бидат еуфорични, па вие, па они... Македонија ќе тапка во место.
 
Кои стратегии ги користеа албанските партии? Еуфорични славења? Митинзите на ВМРО од 90тите се недостижни за сите албански партии заедно.

Тие се противниците во Македонија. И обично солираат затоа што мислат дека можат да изградат кариера. Нивните шефови се прагматични луѓе, со кои ВМРО нема никаков проблем, напротив.

Непотребна еуфоричност нема. Ниедна одлука што ВМРО-ДПМНЕ ја донесе во кризава, не беше еуфорична. Напротив. Вечерашново славење си е дел од предизборна стратегија. Кога имаш противник со уништен морал, треба да си глуп да не го провоцираш за да влегува во грешки.

Тие нека слават пресови на Катица слободно. Никој не им брани. Македонија ќе ја остави политичката криза зад себе. Тоа не е тапкање во место.
 
Кога во еден ден во Македонија се случи упад во „Мост“, па дерење на претседател на Антикорупциска по новинари да не прашуваат за бившиот премиер, па распуштање на Собранието без констатирање на поднесени оставки, нема што друго да се очекува освен бојкот на изборите. Нормален и логичен потег. Не знам зошто има изненадени од ова.

На сите требаше да ни биде одамна јасно дека договорот од Пржино е мртов. Уште кога го донесоа лани во јули, се знаеше дека многу тешко ќе успее. Чобаниве од ДПМНЕ се знаеше дека ќе направат се’ да си го спасат газот. Денес видовме на што се’ се спремни и што ќе правеа на изборите.

Единствен логичен потег сега се масовни протести, и секако, СЈО да си продолжи со работа. Ако сакаат да се бламираат сами на избори, нека се бламираат. Нивната апсолутна моќ е завршена. Ова се само грчевити обиди да се спасат неколку идиоти за кои сите слушнавме дека се велекриминалци.

Инаку ова со свирењево и славењево е стварно бламажа. И СДСМ имаа вакви испади порано. Ама овие се цареви. Пред малку поминаа четири коли со вмровски знамиња. Колкава сила е тоа ееј, цели четири коли. :facepalm: Ваљда другиве ја научиле лекцијата од 23 февруари дека прво треба да скокнеш, па да речеш оп. :)
 
Нервoзен и нaпнaт беше Зaев, пo гoвoрoт нa телo се пoзнaвa шo се дискутирaлo сo aмбaсaдoрите денес.
 
Да бидеме реални. Заев со еден потез може да му го донесе крајот на Грујо. А тоа е бомбата за случајот Монструм. Јас мислам дека Монструм може да го сруши режимот за 24 часа.
Ќе го сруши за 24 часа?
Нееееее не веверувам дека црпнатиот е до толку црпнат па да му прави друштво на велија
 
Солзи капат сами, прости ми!!! Си ја потпевнуваат некои лоши играчи на шах. И што ако не иде на избори, го поздрави Јакамуда од Јапонија. Па уште фактор се прави. Оној кој се заканува, значи нема муниција веќе.
 
Кога во еден ден во Македонија се случи упад во „Мост“, па дерење на претседател на Антикорупциска по новинари да не прашуваат за бившиот премиер, па распуштање на Собранието без констатирање на поднесени оставки, нема што друго да се очекува освен бојкот на изборите. Нормален и логичен потег. Не знам зошто има изненадени од ова.
Имало "упад" во МОСТ поради сомнителни трансакции од банкарски сметки на МОСТ до физички лица од Блискиот Исток. Ништо спектакуларно. Не знам што толку си се потресол околу тоа, ко некоја невина осмооделенка пред ебење.

Или толку, ви снема повеќе изговори, па ќе се фаќате за сламка!? Единствена опозиција во светот која покрај сите удоволувања, по кафани слави одложување на изборите. Бруки невидени. :icon_lol:
 
Или толку, ви снема повеќе изговори, па ќе се фаќате за сламка!?
Денес не ни имало изговори, имало преговори. :D Месец дена имаат за мислење, кој знае што се може да се случи дотогаш.
 
Која брука од луѓе сте бе засрамете се...после се и сешто што направија криминалците после триста пронајдени афери и тешки криминали од неколку милиони евра,после милион затворени фирми низ македонија и неселективни казни,после вакво пустошење и крадење на државата и постојат луѓе што јавно на форум ги подржуваат ..замислете ги подржуваат на форум овие ѓубрињата диктаторски..неможам да верувам на своите очи..

Одете сосе Латас,Јанко,Миленко,Мирка,Тони фрлете се некаде или на лечење најприлагодно е да заминете...Заев бегал од избори:tapp:..со какви глупости ви ги полнат мозоците во таа дупката криминална неможам да верувам..
 
Ќе згрешам ако кажам дека ништно не ми е јасно ? :D

Македонија имат 6 изборни единици, во секоја имат 200.000+ избирачи.
Од секоја се избираат 20 пратеници.
Ако ВМРО одат на избори без најголемата опозициона партија можат да освојат 120 пратеници и плус тие 3 од дијаспората ?

Ако пример во прва изборна единица гласаат само 50000 гласачи, сите да речиме за ВМРО, таму ќе си добијат 20 пратеници ?
 
Да. Распределбата на пратениците се прави од бројот на добиени гласови, по Д'Онтов метод.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom