Да бидам искрен не очекував ваков епилог вечерва.
Стварно не знам што им е целта, зошто цела година не можат да спремаат избори.
Не знам што толку им значат на Дпмне тие од Пустец и останатите сомнителни гласачи.
И не знам што толку опозицијата запнала да се исчистат тие лица.
Зошто толку алчни или скржави, како да ги наречам?
И за медиумите, жити све, зарем не им се згади веќе 10 години со медиумска пропаганда од невиден размер?
Грујо бе човеку, зошто толку сакаш да бидеш премиер, и кога не си? Зошто откако даде оставка се однесуваше како да си премиер? Кај го има тоа, претседателот на партијата да ги нареди министрите позади себе и да сече ленти? Што инает ќе беше тоа?
Заев бе човеку, дај реформирај ја партијата, донеси нови ликови, Македонија нуди многу повеќе него тие што ти стојат позади.
Мислам дека сепак ќе се најде решение, кога веќе се решиле за избори, мора и опозицијата да учествува во нив, инаку џабе ќе се потрошат 8 милиони евра за организирање избори, кои нема да ја стабилизираат државата, изборите на 5 јуни без опозиција во нив, ќе биде само лажење себеси дека си организирал избори и си победил.